Мене лично ми е гужва секаде на 1 крак. Лани во јуни вевме полихроно и се покајав. Гужва и многу влага. Во септември отидовме 2 крак, и годинава пак на втор крак, парадизос инаку морето и плажата се убави во полихроно, има за шетање о занимации за деца на ваша возраст.
Здраво, дали може да ми кажете по нешто за овие места, за со мало дете: Фурка Торони Вурвуру Никити Се мислиме најмногу помеѓу Торони и Фурка, ама и другиве две се опција. Сакам прилично мирно место, но да не е па ептен здодевно за детенце. Секако убава вода и плажа! И ако имате конкретен предлог за хотелско сместување предложете. Фала!
Zdravo, Nie godinava rezerviravme za vo juli vo Turcija, Spice hotel vo Belek so eurosava? Dali nekoj bil tamu da mi napise iskustvo? odam so dve deca 8 i 3 godini sum bil porano pred pandemijata vo turcija ama vo Lara ne vo Belek.
Мене ми е супер. Сум била многу пати, и на одмор и за викенд кога одам обично одам таму. Предност е што е блиску. Градската плажа е супер, но би ви ја препорачала Сахара Ресорт одлична пространа плажа. Можеш да погледнеш на нивната страна на фб: https://www.facebook.com/SaharaResortGreece/
На Калитеа се иде со бебе (скоро годинка ќе има) ? До сега ни јас не сум била во Грција, али имаме можност летово да отидеме, па ако може некој да сподели искуство.
И јас немам појма каде со бебе и уште едно дете да одам. Ве читам, горе доле исти прашања ни кружат во главата. Мајки тоа сме ние! Јас од лично искуство не би одела со бебе Неа Врасна, Неа пори, Паралија, Лептокарија, многу гужви, галами, и водата не баш најчиста после извесен период од денот. Е сега, ние што бараме за Грција зборам: -смештај блиску до плажа (може и хотел со базен/ може и апартман со тераса, свое) -дебели сенки -beach bar по можност -реквизити за мали деца и нормално аптека Многу барам?! Читам Никити, Торони, Метаморфозис , Сивири биле идеални за деца. Имате препорака за каде точно?
Кога ве читам тука, си викам многу лабава мајка сум јас изгледа . Једино што гледав кога резервирав одмор беше куќата да е до плажа...ама па тоа гледав и пред да имам бебе.. нит гледав доктор да има, со кола сме, запали кола, ќе најдеш доктор, нит гледав аптека да има, ќе си носам аптека од дома, нит гледав плитко, длабоко, бебе ќе е 10 ипол месеци, сама сигурно нема да се бања...и сега ве читам и си викам можда треба повеќе да се потресувам
И јас порано не гледав, нит аптека, нит ветре, нит комарци, нит плитко-длабоко. Е сега ваљда како минуваат годините, а богами и со не едно туку две мали деца гледаш да е практично и се’ возможно. Дебели сенки и beach bar барам за мм, јер човекот има алергија од сонце, и не смее да е долго изложен нит под чадорите на плажа. Затоа битно ми е да има некое дрвце да го штити Реквизити убаво е да има, ќе се забављаат деца што се над 3 год. А блиску до плажа, да да, тоа ми е најбитно. Кола да палам за до плажа никако, не планирам колички, чадори, кофи/лопати, и триста ташни да влечкам на мене затоа за нас идеално е или хотел со базен на сама плажа или некој добар апартман на плажа со дворче. Дајте идеи вие што сте биле
За на плажа да е смештај се согласувам. Цел живот викам 10 дена сум на море сакам да гледам во море од спална. Реквизити за поголеми дечиња требаат дефинитивно. Моево бебе дека е уште и мислам кај ќе ја однесеш убаво ќе и е само со мама и тато да е. За догодина здравје, можда ќе сум со друго размислување, кога ќе е веќе детенце ама за годинава супер ќе и е кај и да ја однесам.
Пробиотик обавезно, даваш дури сте таму. Нешто за температура, повраќање,пролив. Електролити. Тоа носам јас.
Топломер, сируп и чепчиња против температура, ханзапласт, алкохол, хидроген, сируп за алергија, пробиотик, електролити, камагел или ако е поголемо детенце синопен, алое вера гел. Мислам дека тоа носев лани, тоа ми е во план и оваа година.