@Stressed Out Море, море убавини Кога си пишавме, кога отидовте, браво. Убав помин Јас имам неколку прашања околу лековите. Планирам да земам: -Чепчиња и сируп против температура -Пробиотик -Спрејче за нос -Средство против комарци -Ханзапласт -Линекс -Тобрекс -Електролити Веројатно ќе ми текне уште нешто, туку сакав да прашам. 1. Досега само Зиртек сум давала против алергии, а ве читам повеќето Летизен давате. Што да му земам? 2. Што ми треба за убоди, изгореници, рани и слично? Две години има и не знам што смее да користи без консултација со доктор. 3. Треба нешто специјално против повраќање или доволен е пробиотик пример? Ако ми фали уште нешто пишувајте.
Kakvi se tie pampersi za vo voda? Dali da i kupam nekoj kostim za kapenje ili samo dolni gacicki? Jas nesakam da ja ostavam gola vo gazeto strav mi e...dajte nekoj predlog
За алергија сум земала од Грција аериус сируп, за убоди камегел маст, за повраќање сум носела смекта. За рани можеш да си земеш јод, хамзапласт, хидроген, гази. За пролив можеш сируп да си земаш . Освен пробиотик до сега ништо не сум употребила од тоа што сум го носела. И да затреба нешто а немаш во тебе не е страшно сигурно таму во аптека има .
Продолжи си со зиртек,нема зошто да го менеш на одмор. Камагел за убоди си земи и јекодерм. Јас планирам и ентерофурил за пролив да земам.
Жива глупост се тие пелените за во вода. Јас лани му купив за да не се искака во базен и мислев дека не впиваат вода ама скоро како обичните се. Мада ми завршија работа, секако не го оставав долго во вода. Купи купачи секако и јас не сакам голо дете. Не дека нема да го брцнам гол, од кај да знам ама сепак треба да си има.
Подобро со купаќи бајни ја ако не сакаш гола Ќе се нацицат со вода, мене не ми беа практични, џабе ги купив. А на песокот ако сакаш можеш во обичен памперс да ја држиш.
@bella12 @forumce Прв пат одиме таму, мало место е, веројатно има аптека ама од кај да знам, некако посигурно ќе се осеќам да имам со мене. Знаете како е со мали деца, обично ноќе им текнува да се разболат. Фала ви
Не се потресувај и да заборавиш нешто има таму. Докторката првата година кога бевме дека во паника цела што да носам, вака ми рече: одиш на одмор да се одморите,а не да се разболите. Првата година сирупот за температура го заборавив, мислам жива ќе се изедов ако затребаше, а ако грчкиот го користам и може од таму да се купи
Леле знам, скроз е така и маж ми вика само по мене ама пусти страв Сестра ми една година ептен се разболе, а мајка ми лабава дека трето дете и лежеше во болница тогаш, трауми имам.
@Stressed Out во Аегеан Мелатрон Таласо Спа во Калитеа сте? Во главната зграда сте или во вилите? Ако сте во главната зграда колку има пешачење до плажа? Со јадење сте? И оценка за cleanliness да ми кажеш