Ние плативме околу 20.000 за 3 ноќи,па ни се заарни и доплативме за уште една ноќ 108 евра,ама ова е ептен вон сезона,сега покасно цените се Местово е меѓу Калитеа и Криопиги.
Потидеа е подобро,подлабоко но почиста вода. Флогита,матна вода.Еднаш бевме таму и одевме на плажа Потидеа. И Неа Плагиа до ФЛогита е исто,матно.
Можи така се погодило тогаш. Баш лани бевме беше пречиста, а и од други што биле имам слушано дека е чиста. Инаку лани бевме тргнати за друго место и застанавме тука уз пат да го видиме местото, ни се допадна и останавме. Спојлер
Не,10 дена секое попладне беше матна и со некоја зелена боја ко езеро. Во Потидеа,Сивири,Калитеа беше стакло.
Јонското Море е поладничко, ако планираш да го капиш бебе, имај го и тоа во предвид. Мене крај на август, почеток на септември ми е најубаво за одмор, ем е топла водата, ем не е прејако сонцето, можам и по цел ден на плажа да сум. Е маана е шо денот е пократок. Бил некој Неос Мармарас и Никити за споредба? Бев за Торони загреана, ама се премислив читајќи искуства. Сакам да е втор крак, досега не сме биле. Битно ми е да има песочна плажа по можност со природни сенки, шеталиште и избор за ресторани/таверни. И да нема некои ридчиња за качување, не можам да се влечкам по планини.
Мармарас има дел на брдо. Всушност како нов и стар дел. Додека Никити е рамен. Бучни се и двете места. Најбучни од цел крак. Има еден дел на Мармарас околу едно игралиште, близу плажа и рамно. Таму беше најдобро за сместување. Никити има делови каде плажата е поширока и потесна. Плитко е и чисто. Лани бевме. Мармарас не ми е напамет дали беше плитко.
Дали тоа значи дека не би биле добар избор за со 1 годишно дете? Дајте ми препорака, стварно не знам кај да барам.
Trani Ammouda е многу убава плажа за со дете, ама за жал, не сум видела понуди по нашиве агенции, инаку е на втор крак. Убава песочна плажа, не е длабоко, а апартманите главно се со големи дворови и зеленило. На мапа види, има доста апартмани, побарај ги онлајн за резервација. Од втор крак најубава ми е Елиа плажата, а хотелот што има според мене најубава плажа за со мали деца е Антемус. Е сега скапичок е, ама вреди. Плажата е сон, плитка, песочна, мерак за дете. Исто и Лагомандра е убава, предност е што има природни сенки за разлика од плажата на Антемус.
@IRBBB Неос е многу узбрдо/низбрдо освен делот кај стадионот или пред Неос околу 1 км парадизо плажата,таму се апартманите блиску плажа. Ако бираш меѓу овие, Никити.
@Annath @duffi @Cosmi фала ви ептен, ми решивте голема дилема @Annath ќе разгледам понуди и преку српски агенции и онлајн, нашите ептен слаб избор имаат, особено за хотелско сместување. Фала ти на деталното објаснување.
@IRBBB пиши кога ќе одлучиш, ја следам и јас темава, и секој ден само се предомислувам...ние би оделе крај на август евентуално почеток на септември, имаме некој обврски септември па сакаме пред нив да одиме..лани бевме Ксамил со 7 месечно дете, ем не ни се погоди времето, ем многу пат беше, ем патот никаков, реков Албанија повеќе не...јас Јадран го обожавам ама е ладен за мали деца, па така друга единствена опција ми е Грција
Почнав да читам искуства на грчка инфо, имаат и фб и вибер група и сајт. Сѐ му е скоцкано, мерак да ти е да читаш. Има и инфо за сместување, нешто како букинг. Исто доста понуди има преку https://barcino.travel/ Којзнае кога ќе се решиме и ние. Маж ми сака да одиме во Турција, сакал лезетски одмор. Мене ми се оди во Грција, плажа секогаш ми е избор пред лезет. Од друга страна хотелите во Грција се скапи и реално не ни се исплати. На пример во Турција во ресорт за терминот шо ни одговара чартер и all inclusive е 1300€+, а во Грција за истиот термин 1500€+ полупансион, без превоз секако. Не ми смета да сме и во апартман, ама да сме на место кај шо имам избор да јадам надвор, оти стварно не мислам одморот во готвење да го поминам. Сме биле и Саранда и Ксамил, Саранда ми одговара за шетање, Ксамил за плажи. А со бебе/мало дете не ми одговара да се шетам секој ден наваму-натаму, затоа ми е битно и двете да ми се достапни. Прво без загреана за Торони, ама прочитав дека местото било помало, без шеталиште (ова ми е важно оти мора синко да го шетам навечер, ќе збесни затворен и ни ние одмор ќе видиме, ни тие шо ќе бидат со нас сместени во објектот ) и дека често има ветер и бранови и комарци. Од тие комарците имам уплав (не дека кај нас ги нема, посебно Битола врие од комарци), лани на одмор 3 убоди имаше од кои едниот уште му стои како топче, гранулом има. Јас сакам да дадам шанса на втор крак, никогаш не сме биле таму, па по препораки на членките погоре ќе се насочам во потрага кон Никити и делот околу Никити. Ако одлучам нешто, ќе споделам инфо. Битно едвај чекам
Го спомнав Порфи хотел кога се размрда темава пред некое време. Идеално е за бебе, но не е во градот, треба кола да запалиш 5 мин до Никити. Овде сум била и е многу компактно затоа што е мало, не е од оние резорти нозе да те заболат за до плажа. Има двор, некои реквизити за поголеми деца, базен, кафич, таверна и хотелскиот ресторан за доручек/вечера. Пристојно е, не е да паѓаш у несвест. На плажата има и природна сенка, има лежалки, и има малку скали, но има и удолница за количка и сл. Е ама пошто е мало не знам каква гунгула е во пик на сезона, пошто сум била пролетно време, тоа му е единствена мана. Да можев да планирам 5 месеци однапред одмор сигурно ќе си резервирв таму, ама јас се во 5 за 12 одам и тогаш барам смештај. Ете види го може ќе ти фати око, ако воопшто има слободни места.
Мајки искуство со Тасос? Ќе одиме 5 дена на крајов на месецов. Бебка ќе биде 8 месеци. Ќе бидеме сместени во потос.
Јас бев Потос пред 3 години кога ќерка ми имаше 2 години. Плажата во Потос е одлична песочна, водата исто. Во близина на Потос надолу имаш убави плажи Нотос и Псили Амос. Малку паркингот на пламите е проблем само. Можете некоја вечер да одите и до Лименариа, макар Потос е многу жив има продавници, ресторани, кафичи. Воглавно прекрасни плажи има. За бебе на 8м обавезно базенче нека шлапка. Прекрасен одмор јас таму поминав, би одела пак.