Што мислите сега за овие мајмунски сипаници,ќе воведат некои мерки летово? Маж ми не сака да уплатиме сега, му е страв да не воведат некои мерки Грците. Јас мислам дека нема шанси да е така
Majmunskite sipanici idat preku epten blizok kontakt da ne recam seks ama od seks zurki im e rasirena rabotava taka da ne ocekuvam ni merki ni butur
Ич не им одговара на Грците мерки да воведуваат сега,вчера официјално и маските ги тргнаа. Друшке @IRBBB Лагомандра плажата е рај! Луѓе ако имате опции бирајте одмор крај на септември,денес стопли Грција многу па ужас ни беше,мене тешко не пак со дете,мачно многу.
Искрено, не би препорачала со мало бебенце да се оди на далечна дестинација. Тоа би одела пред да станам бремена или одкога ќе пораснат децата. Со мали деца искрено не би се осудила да одам на далечна дестинација. Не сум можела никогаш да ги разберам оние кои со мали бебиња одат на одмори по Турција, Малдиви, Грчки далечни острови итн. Што ако детето настине или му се случи нешто. А сте толку далеку од дома? А знаеме дека како мали се подложни повеќе на настинки, грипови итн. Јас во моментов сум сеуште млада немам обврски околу деца, и си шетам. Бидејќи така сум решила да го видам и искусам светот. Оние што се омажиле помлади и решиле да имаат бебе, сметам дека треба да почекаат да им порасне бебето барем 5-6 години пред да се одлучат за подалечно патување Па од тука логично. Со мало бебенце на одмор би одела: Oхрид, Дојран и ако мора надвор, тогаш Олимпијска регија во Грција бидејќи е блиску до граница.
А ако седиме дома не можат да се разболат бебињата/малите деца? Не одиме на одмор в пустина, одиме во населени места кај шо во најмала рака има доктор. Пострашно е во Охрид да те снајде нешто, педијатриското одделение е затворено, за Дојран ич да не зборуваме.
Да де дека децава а пројдат граница саде вируси ги напаѓаат. Ако му се случи на бебето нешто, замисли да ти имало и доктори вон Македонија. А за Дојран јас не одам, а не па бебето да го однесам да ми го изрешетаат комарци.
Затоа постои здравствено осигурување без кое немам отидено на одмор и пред да имам деца и сега. И никој не оди со бебе на одмор во пустелија има и во другите земји доктори, не само кај нас. Во Дојран јас не се осмелувам да влезам во вода, не пак бебе да капам, па уште помалку на одмор да одам таму, подобро дома ќе си седам. Ај да те разберам некако за бебе од 1 месец или 2 (макар јас бев на одмор со бебе од 2 месеци во Грција) ама па да чекам детето да направи 5-6 години за да го однесам на море или било каде надвор од државата ти е погрешно. Башка тоа дека си млада и шеташ сега ми е пресмешно зошто јас првото дете го добив на 32 години и скоро сите одмори ми биле на многу далечни патувања баш сум се изнашетала па тоа не значи дека ќе го затворам детето сега или ќе го однесам на одмор во Дојран.
Олимпијада како ви изгледа? Повеќето одат таму .. Па ме интересира како е , шеталиште дали има.. ќе бидеме со едногодишно дете тогаш
Ова ти е исто како со тоа седи дома до 40дена дури направе бебе , па на 41ден оди на кафе , кај баба , кума тетка , оти има имунитет бебето магичен
Нема ни по кафиња до кај 5-6 години, какви 40 дена. Нека му ја мислат тие што (планираат да) имаат 2-3-4 деца, прво одење на одмор кога ќе се пензионери, јер мали деца.
Поголема глупост немам прочитано. Малтене Грчка на друг континент е па ако се разболи да се мислам како ќе дојдам дома. Башка сегде има доктори, поверојатно е доктор таму да најдам наго ли во Дојран. Меѓу другото не сме сите млади мажени, сме шетале и пред брак и деца не се секирај. Ама тоа не значи дека сеа од коа сме фамилијарни луѓе до крајот на животот треба да идеме у Дојран. Од кај ви текнуваат овие "совети" просто човек да не може да се начуди.
Луѓе цел свет го вртат со мали деца па никому ништо, живи и здрави се. Лекари има секаде, најпропаднато здравство имаме така да најмалку сигурни би требало да бидеме тука. Никаква логика нема во тоа дека не се шета со мало дете. И навистина глупаво е некој од како ќе добие дете со години да не излезе од државата.
Моите од бебиња шетаат.Најмалото е 8 месеци а веќе е 5-6 пати извадена преку граница Ако чекам да поминат 6 год за сите деца најголемата ќе ми стане 18 .Ок . Германија,Хрватска,Црна Гора,Бугарија,Србија,Грција ехеее Следно мислиме да се префрлиме на позабавни дестинации
Јас па бебево што го носам во кафана секој викенд и сега на пиво што бев со нејзе со другарки изгледа ја утнав работава. Требаше да почекам изгледа да напуни 5-6 години малава, па да искочам...што да правам млада се омажив на 30 не можев светов да го искусам па сега со бебе го искусувам