Ехее големата порасна по кафичите. Келнерите ја знаеја сите таму кај што одевме, сите ја поздравуваа. Мене не ме толку знаеја колку неа. Мирна си беше и секаде си ја носевме. Малово е проблематично сега, не седе мирна воопшто и ептен ретко одеме во кафиќ со неа.
Млада е девојката, нема се уште деца, од таква перспектива ги гледа работите, но не се така, @TinaPi ќе видиш за некоја година. Но еве чисто за совет за понатаму, дете во Охридско ќе смрзни во вода, за него тоа се минус темп. А за Дојран,друга приказна, јас не идам таму, башка комарци, море си е море. @sani99 за Олимпијада се скапав пишување со таа Анастасија таму што им е главна, цело место мислиш нејзино е, многу скапи и се смештаите. Не нуди кој знае што, премногу провизија зема според мене. Да појде човек на лице место да најди, сто пати поевтино ќе помине. Мало е местото, нема Лидл, за шетање навечер една уличка. На плажа има смештај, одма во двор ти е морето, тоа е предност, мирно е, може крпа да постелиш кај сакаш, викаат за мали деца е убаво. @IRBBB се исто значи и мене ме мачи, само што кај мене маж не сака Турција, а јас сакам. За истата цена Гр што ќе ја платиш, ваму рај ќе видиш. Е сега пекол е, поправен ќе си дојдеш 4-5 кг, друго е морето итн. Грција картон да вадиме, гориво еден куп, и испаѓа ствано поевтино Турција. За Никити и јас се мислев, сакам некое хотелче на плажа со базен само сега прочитав погоре немало сенки, а мене баш ми спомнаа дека има природни. И сеа не знам дали има/нема. Сите знаат кај ќе одат, само јас не. А секаде е фул…. Најде ти нешто?
Сѐ си има предности и маани. Ама шо и да одлучиме супер ќе е, најважно е и ние и беблите да прошетаме и да се релаксираме, се разбира колку што ќе ни дозволат тие Досега од сѐ шо гледав, хотелско сместување со најокеј цена е ова. За апартмани има огромен избор и е дупло поевтино. Ако треба да бирам апартман, би го одбрала овој Со плажите ко шо сфатив има многу плажи во околината на Никити, некои од нив се со природна сенка, некои не. @doubleinfinity те означувам за да го ѕирниш сместувањето, може ќе ти фати око. Ајде да направиме една феминска дружба во Грција.
Да донекаде можам да се сложам. Сепак Дојран навистина е премногу запустено, Охрид и мене ми е ладен. Затоа и споменав Грција но некаде поблиску. Тасос, Крит тоа се далечни места. Имав блиски кои летуваа пред неколку години во Анталија и случајно се разболе детето. Испадна дека осигурување било само за примарна заштита, т.е преглед. Платија уште многу повеќе пари, за детето што му направија 2-3 прегледи и една инфузија. Среќа детето испадна добро и се дигна инаку, луѓево ќе изгореа. Сепак ова ми е кажано и незнам колку е точно, и дали луѓето стварно имале осигурување. Можеби не сум родител и поради тоа поинаку сум размислувала. Ќе видиме што ќе биде. Сепак кога би отишла во иднина, сигурно би се информирала што ми следува со осигурувањето.
Искрено не знам какво е тоа осигурување што ни инфузија не покрива и дали постои воопшто такво, која е смислата да постои. Сигурно немале. Јас тие што сум ги плаќала некои најосновни пакети биле со покривање на 30.000€ од лекувањето. Така ако гледаш дека се нешто лошо ќе ти се случи ни од дома нема да излезиш. Ете дека го спомнуваш Тасос јас бев таму со дете од 2 години, Закинтос кога имаше 1 година ама во ниеден момент не помислив што ако му се случи нешто на детето. И тоа со крстарење со се како што треба . Најмногу што ме плаши на одмор е сонцето друго ништо. Си земаш основни лекарства за секој случај и одиш да уживаш. А тоа дека не си родител и така размислуваш не знам. Јас и кога не бев исто ко сега размислував.
Здраво мамички, препорака место за одмор за септември, тогаш малата ќе е 4+, имајќи во предвид дека е првороденче на плашлива мама
Не можам да се сложам Ова го кажувам како човек што во Олимпијада бил и преку Анастазија, и со смештај најден на лице место. Смештаите во споредба со други места, не и' се скапи. На пример годинава ако на краците, пример во Неа Скиони (прв крак) како најефтино, смештај во прв ред на море со поглед на море чинеше 60€ ноќевање во август, кај Анастазија имаше и за 55€ прв ред со поглед на море, истиот период. За вториот крак, Ситонија, воопшто и не правам муабет. Ако отворите Букинг, Олимпијада е изгор во однос на смештај. Прво затоа што нема многу смештаи, второ затоа што има многу странци, посебно Германци, а кои не се од Балканов и имаат подлабок џеб. Додатно на ова, и да платите некое евро плус, таму сте барем сигурни дека имате наш човек, жена којашто таму живее долги години и е секогаш тука да помогне и асистира за било што. За Анастазија искрено немам ништо негативно да кажам. Е сега за местото, да, вистина е само една уличка покрај морето со таверни и неколку слаткарници. Има и две гира во споредната улица, еден или два маркети, не се сеќавам. Лидл најблизок е во Врасна, 15-20мин. од Олимпијада, осетно поефтин Лидл во споредба со на пример оној во Никити или Превеза. За деца имаше само едно ептен мало паркче, ама затоа плажата со 50м вода до колена е рај за деца. Чиста, песочна. Плус ако сте по разгледувањето на други плажи, на макс. 10мин. од Олимпијада имате вистина рајски плажи. За деца на 15мин. е Ставрос каде што нема што нема. Малку подалеку, на околу 25мин. се и Неа Врасна и Аспровалта, познати по гужвите Ако сакате мирен одмор за душа, Олимпијада е местото. Независно дали ќе бидете сместени преку Анастазија, Букинг или таму на лице место, за мене е меѓу најубавите места на Халкидики, а и пошироко
Не сум сигурен за доктор во Олимпијада, ама во Ставрос сигурно има. Во Ставрос има и стоматолог. Инаку да, на Спојлер: Фб Anastazija Paruševa Rizou.
Ти ко свекрва ми ... ,, вие си знаете ама Дојран однесете ја најубаво " Ама море и езеро никако не е исто !
Во Неи Пори знае да има бранови, иако е плитко. Во Олимпијада не, особено ако се сместите десно од мостчето, односно кај црквата. Зависи што сакате сепак. Олимпијада е далеку помирна од Неи Пори.