Врасна има повеќе кај да прошеташ, за разлика од Јерисос. Јерисос бевме кога големата беше 1 година и убаво си поминавме. Во Врасна може да има бранови. Поубаво е Јерисос за фамилијарен одмор
Неспоредливи ми се овие 2 места. Јерисос е предобро у споредба со Врасна. Ама да се оди на источните плажи. На таа градската има ветре и бранови. За доктор немам поима каде има/нема
Мајки, совет ми треба.. што треба да земам за бебе од 7мес. за на плажа? Не знам дали гума се исплати да му земам, уште не седи, се мислам во раце секако ќе го брцкаме на кратко. Исто и за мал базен не знам дали да му земам, баш заради тоа што не седи. И за на плажа каде ви седат бебињата(Се мислев некое шаторче ама не можам да најдам нигде низ Ск.), и како облечени? Имам еден костим за капење од банз земено, па не знам дали цело време да го носи или по памперс со маичка..
Синчето лани имаше 8месеци, не користеше гума, го брцкавме на кратко во водата. Носев и базенче, но ниту еднаш не го искористивме. На плажа цело време беше под сенка, лазеше на широка подлога заградена со лежалки. Тогаш научи и да се исправа. 2-3 пати го облеков во едноделни купачи, само за во вода. Кога беше на суво, беше облечен по маичка на кратки и пелена. Нормално намачкан со СПФ и капче. Во најтоплото се прибиравме во соба.
Здраво, тука на форумов имам прочитано поодамна дека во Грчка немало баш избор купечки кашички, дали е стварно така и да носам од кај нас или сепак има во Лидл, масутис и слични маркети?
Vo polihrono van sezona okt bevme vo supermarket imase izbor na nestle kasicki...ne bea kojznae kolku ama imase. Vo sezona valjda popoln treba da e raftot
Зависи од местото и од маркетот. Повеќе од Нестле може да најдеш, ама нема којзнае каков избор. Лани ние во Септември бевме имаше кашички, не дека нема да најдеш, ама не беше којзнае што. Подобро земи пд тука па таму ќе си докупиш тоа што ќе ти се бендиса.
За појадок и вечера сигурно нема проблем, брзо ќе се направи ама за ручек? Кога е подобро да се прави?
Носев готови, не готвев. Оваа година ќе готвам по нешто на брзина, бидејќи јаде како нас или ќе јаде од ресторан храна. Планирам кога ќе се вратам од плажа да направам, се враќаме 11-12 најдоцна, ручекот секако е после 14 часот. Помалото не јаде уште така за неа не морам да мислам. Да јадеше, за неа ќе имав готови, а поголемото ќе јадеше од нашата храна.
Можеш да испланираш што ќе јаде и таму да му готвиш, или од дома да спремаш теглички вакумирани и таму само да блендираш или пасираш зависи како ти јаде. Доколку вакумираш дома по пат во фрижидерче или во тие торбите за ладење што се со амуњак замрзнат и немат гајле. После право во фрижидер ќе преместил кога ќе стигнеш каде што ќе си сместена. Јас таа година кога вакумирав носев : компир манџа, гражок, и боранија. Ништо не им беше, само не ги затоплував туку ги оставав околу пола саат- саат надвор од фрижидерот. Доколку вакумираш не во теглите од готовите кашички, туку од обичните мали тегли можеш да си земеш.
Мене нешто годинава Тасос ми се врти во глава. Ако сакаш да ми кажеш кај бевте сместени, како патувате? Мојава е 5 месеци, сеуште не знам кога би оделе, еве мах 7 ќе има до август.
Јас не би се нафатила Тасос со мало бебе. Има возење и со траект, недај боже ( сме се враќале од Грчка со температура и воспаление на уво) ни со синко не би пошла ниту сега не па бебуш. Тасос е убава и климата и баш одговара, водата е мн. топла ама само овој момент ме плаши , за недај боже. Од краците ќе дојдам побрзо , па здравје таму би оделе. Или барем гледајте да има лекар во близина.
Во Потос бевме сместени, преку nikana.gr најдовме сместување. Патувавме со кола, се качивме на фери во Керамоти кое доаѓа на секој пола час и возењето трае исто така пола час. Не се сеќавам колку долго патувавме, ама некаде околу 6ч, ама со мало бебе не тешко зошто скоро цел пат го пресива. Јас општо со мало бебе на одмор би одела или јуни или крај на август или почеток на септември. Покасно ти е подобро зошто ако седи ќе можи да се шлапка во базенче на плажа. П.С. Има педијатар во Тасос во Лименас
Освен што во јуни има неверојатна влага и ако е малку осетливо детето ко моето ќе скапа од кашлање по 2ч ноќе.
Ние втора година ќе одиме во Парадисос до Неос Марамарас. Супер е. Сите смештаи на плажа, лидл на 200м, град голем на 2мин со кола, супер е за со дете.