Јас за Август прашав 60 евра од ноќ, но зависи и за кој апартман. Пријатели ќе одат Јули, исто 60 плаќаат - но од поголемите апартмани, а нивни пријатели 45 евра од ноќ. Пиши им на вибер, така си прашав директ јас
Па окејј е вака за сезона. Башка супер ми изгледа, новичко, убав двор и зеленило, дел за деца, плажа блиску, се што треба за со мало дете.
Кажи како си задоволна од хотелот? И јас сум со мало дете. Плажата каква е? Храната? Колку е од аеродром до хотел и оценка за cleanliness тенкс
Хотелот е супер, огромен уште не се научив каде е што е. Цел е во зеленило и шума. Одлично за со деца. Плажата е каменчеста, водата е чиста.. Храната исто добра Има и детски ресторан. Има детска мини зоолошка, голема игротека со кино цртање надворешни играчки. Го оставаш детето и они го чуваат Од аеродром имаше околу 1час. Чистота топ, еден од подобрите хотели што сум била досега
Набрзина ве прочитав, не знам која прашуваше за Црна Гора ама во Петровац преубаво си поминавме, 2 години по ред бевме. Само што ова одамна беше и не знам сега како е, тогаш беше многу евтино, смештај на сама плажа 35евра цел стан за 5 души. Торони топ, не е многу поскапено. Стварно дувка цело време што многу ме радува зашто не осеќаш топло, за спиење одлично, комарци нема засега. Единствено што ме нервира е што има многу ситни каменчиња и стапалата ме болат ама ќе се навикнам се надевам. Патот на втор крак крш, едвај издржав. Блиску по километража ама многу возење.
Ние сме моментално сжво неа потидеа. Времето топ не е претопло, гужви нема, плажите мерак времето топ нит претопло нит преладно. Цените нормални и се науживавме имаме апартман во прв ред, топло го препорачувам
Јас оваа година ќе идам таму.решив конечно.Највеќе ради плажата , бидејќи е со природна сенка. Планираме овие денови да резервираме во Хотелот што е Логомандра , ми се чини дека за двајца all inxlusive за 7 ноќи беше 50 000 ден, преку букинг ама нема од таму да правам резервација директно ќе се јавам во хотелот можеби ќе има пониска цена или пак некој попуст. Ми се чини дека местото е преубаво , не знам, сепак ќе видам , ама ако има некоја мајка што била може да ни сподели искуство !
Втор крак околина никити беше некој скоро? Ми кажаа лани скоро нигде не се плаќале лежалки т.е кафе треба да купиш само. Па ме интересира како е годинава ?
Со бебе ќе одиме на ден два до грција, бебето има 4 месеци, прашањето ми е со што да го заштитам од сонцево мислам додека си преспива на плажа дали има нешто како шаторчиња итн. За да го заштитам уште поише...секако ќе седиме ние под сенка и ќебиде намачкано со крема фактор но сепак мало е и затоа прашувам со што дополнитрлно ги заштитувате бебињата додека сте на плажа
А колку време планирате да седите на плажа ? Со толку мало бебе треба наутро да се оди од 08-09:00 до 11:00 максимум и поручек од 17-19:00 ч. Тоа време не е печи толку , валда ќе бидете под голема сенка и тоа е тоа. Немаш потреба од шатор, ќе се свари бебпка да ја пикнеш под шатор . Бар јас вака планирам да идам и на плажа . И ние следна недела идеме на 3-4 дена . Нема веќе по цели денови плажирање. Тоа најтешко ми паѓа
Крем за сончање со физички филтри, обавезно под сенка и во време како шо ти кажа Бубче, јас лани на моето 3 и пол месеци беше му облекував едноделни купачи до лакти и колена со ув заштита, капче/шеширче исто со заштита и хидратација-цицање, ад, вода нудење почесто.
Лани од ваикики ги зедов, ако добро се сеќавам беа 6-9 м, синко малку подолг беше, а и тамам малку покомотни му беа и полесни за преслекување.
Како е на одмор со 7 месечно бебе? Уште се мислиме дали да одиме, не можеме да се одлучиме. Ајде споделете искуства, помогнете ми да се одлучам .