Со дете не сум била. Плажата вреди, широка е и песочна а на места ситни камчиња. Мирно селце е. Си легнувавме во 21 часот, хахахаха. Спиевме по 12 саати. Парга е близу за прошетка.
Мајки како ги занимавате бебињата по пат? Постои нешто како држач шо се мести на седиште на кое шо можам да наместам телефон? Не сака да седи во седиште, ме зафркава. Поточно сака да седи, убаво му е да разгледува, ама не сака да е врзан со каишите, а ако не е врзан, џабе седи. Обично кога патуваме за ск или назад, темпираме дремка, го успивам в раце па го седнувам во седиштето. Ама се буди на секоја патарина и некогаш не продолжува да спие, па неиздржлив е патот, секоја играчка, вклучувајќи и песнички на јутјуб му држат внимание од максимум 5 минути и после плачи за надвор. Од една страна се мислиме ноќно време (рани утрински) да патуваме за да спие, од друга страна пак мора да направиме пауза, не можи со саати да се вози во седиштето, а и многу рано би стигнале. Како патувате вие, како е подобро? Базенчињата на плажа со каква вода ги полните? Не морска, знам, влечкате и шишиња со вода?
Nie patuvame navecer ili za dremka. Navecer kaj 7 trgame veke na izlez od skopje zaspana e,a preku den okolu 12 koa i e spienjetp od 1.5-2 saati. Ostatokot od vremeto vrtam igracki i pesni na youtube. Bazenceto so morska mada retko go koristam ke ja sednam na pesok vo plitko i pozabavno i e od bazencd
Морска вода Подобро да тргнете ноќе и рано да стигнете, директ на плажа ќе си идете. Ако си спие терајте без паузи, седиштата не се како транспортер, поудобни се, нема потреба од паузи ако идете тука некаде близу. Ние тргнавме во 5h и се разбуди на првата патарина Едвај го преживеав патот, многу тешко поминавме. За првото прашање не знам што да ти кажам, исти е мојот и не најдов решение. Лудница.
Ела да плачеме заедно . Иначе такви за на седиште од фри он имам видено, е сега за таблет се ама ќе брка работа и за телефон. Ѕирни ги https://www.freeon.mk/product/организатор-за-седиште-deluxe/
Па демек дека солта влечи вода, плус комбинација со жешкото за да не дехидрира. Претерувам, така? Да се гушкаме мама. И за патување и за возење во седиште и за спиење и за сѐ шо не вклучува држење во раце. Интересно ми се гледа ова, ќе му се пробаме ајде, можи до него е среќата.
А како патувате мама? И ние дме исти. За да заспие во седиште вадам цице, се искичмувам и шмука на празно за да заспие. Се осеќам неспособна и за хранење и спиење.
Исто бе мама. Темпираме дремка, цица и го преместува на седиште. Понебезбедно не можи. За кратки релации се тегниме некако, прави отвори/затвори на прозорецот интересно му е да ги притиска тие копчињата и обавезно пробува да ја отвори вратата преку рачката.
@IRBBB не зезај .Бебе на море а да го капиш со вода од шише е нон сенс.Па бенефитите од морето е токму водата.Лекува и рани,и грло и синуси и нос и крајници.Јас и гума и купив за да ја бањам во море.Ако не се лажам моето е помало од твоето
Секако ќе влегува во вода, мислев додека е надвор од вода. И не знам од кај ми е идејата за да не е морска водата во базенот, небаре Егејско е Мртво Море со не знам колкава концентрација на сол па ќе го дехидрира бебе. Претерав. И арно шо пишав тука, ќе го терав маж ми да молкниме шишиња со вода по плажа.
Кога прв пат го носев син ми на море реков базенче ќе носам и мм ми вика: -зошто -па да си игра во него -а водата од морето -па, да -па нека игра во морето во плитко, која е разликата И така мажите се многу попрактични од нас Инаку и моите правеа проблеми при возењето и уште прават. Им носам некои ситни играчки, сликовници. Тргаме во 4 сабајле, бар дел од патот да спијат, обично после граница се веќе будни и тука правиме пауза да се размрдаат и толку. Друга пауза е само по потреба. Под притисок сум пред секој пат. Малото е нервозно, на големото знае да му се слоши. Еднаш земав пластелин да се занимаваат во кола. Малото го цепкаше и фрлаше на сите страни, на секој обид да му го земам вриштеше. Не можевме колата да ја дочистиме после. Така да пластелин во кола веќе
Абе којзнае каква претстава си имам напраено во глата, демек ние ќе си лежиме на лежалки, синче ќе си се шлапка во базенче и ќе кулираме. Демек нема да трчам по него за да не јади песок или да не влегува во вода Лани кога бевме имаше неполни 4 месеци, во септември бевме, не беше многу жешко и по цел ден бевме на плажа, ние си уживавме, тој си спиеше, цицаше и разгледуваше наоколу па имавме баш одмор, одмор. Нареден пат така изгледа кога ќе пораснат децата и сами ќе одиме на одмор. За пластелин е мал, ама и да не е, не ни помислувам, ќе не слези маж ми на граница