Тоа после 3 години. Еве сега на одмор одморивме вистински. Ама синко ке полни 3 нареден месец и сам се заигрува. Треба да му одговараш, да го прашуваш ама правеше пица кафе од песок, копа растура итн. Оралма фаза завршена и тип топ беше се.
Мајки дали некои од вас биле во Ормос Панагијас, какво е местото? И што мислите за Амуљани, островот? Како опција нешто таму гледав па не знам какви се како места, плажа, море, продавници, аптека? И патем, повеќе пати пишував, повеќе локации "сменивме", цело време нешто не одговара. Првично сакавме, хотелско ама изгледа тешко, па ќе биде апартманско. Да ми дадете некој контакт, препорака за сместување каде сте биле со детенце блиску до плажа? Ако сакате пуштете ми во пп. Фала!
Ние баш вака поминавме, поодморена не памтам да сум била. Станувавме неколку пати кога ќе забегаше да досаѓа на други луѓе или накај лулашките ама ништо посебно. Имам многу активно дете и многу се плашев за одморот ама околу нас сите носеа баби за помош и не седнаа. Ние прав одмор истеравме, можам да кажам еден од поубавите одмори во животот. Така да, може да изненади И плус си спиеше многу мирно, си јадеше дупло повеќе од дома, имавме огромен двор во смештај се изнатрча детето
Шо збореш? . Малце ме охрабри. Мојава е ептен активна, не застанува. А сега и проодува па цел ден сум по неа. Многу ми е страв како ќе поминеме
И мене не ми се веруваше. Првиот ден мислев уморен е, па затоа. Па после се здруживме со 3 пара со деца, сите тука на куп седнати, ние кафиња муабети, тие малку игра малку тепање... Преубаво поминавме стварно.
@IRBBB Ме изнасмеа со морската вода никогаш немаше да ми текни дека можи да дехидрира . Се разбира дека го полниш со морска вода малку, го оставаш на сонце да се топли и кога ќе се подстопли го носиш под сенка и спремен е. Земи гумени играчки за во базенот и можно е вие да си кулирате на лежалки. Мене па тој период ми беше најлесно. За по пат освен што би патувале рано наутро земи и некои нови играчки што тогаш прв пат би ги гледал. @Вереничка Јас сум била Ормос Панагиос пред 4 години. Местото е мало има од се по едно еден маркет, една пекара, еден кафич, една слаткарница, едно гиро, е ресторани мислам два беа. Нас ни беше во план да го шетаме цел крак, шетавме преку ден буквално го свртивме цел крак, макар во близина има прекрасна плажа Лагониси каде водата значително беше потопла таму, плус има природна сенка. Никити ти е блиску за на вечер, иако и тука ако не сте за долги прошетки е ок.
@IRBBB денес правевме проба на базенчето на гости во двор. И јас имав замисла дека она ќе се шлапа во Грција во базенче, а ние ќе си лежиме....после денес ја нема замислава. Значи стани седни во базенчето цел ден, па пази ја наглавечки сака да искача, па сака да го корне октоппдот што е отштампан на базенчето , па фати ја станува се шлапа, рипа со нозете, жива вода ме направи... Сеа му се мислам дак да го носам во Грција
Местото е мирно, плажата е широка, песочна, за со деца идеална да се распостелиш. Водата е топличка, мирна, чиста, а и не е длабока. До плажа имаш доста сместувања. Претежно и беа семејства со дечиња малечки. На вечер има за децата забавно паркче. И Лидл имаш во градот. Ова е од пред некоја година, ама не верувам нешто да е сменето. Едит: само да кажам местово е ако сакаш баш одмор од се, нема нешто многу за шетање, едно шеталиште е до плажата широко, повеќе на кафанчиња, отколку на продавници.
Седи мојов, секој ден на балкон го оставам да се лади, се шлака, си игра во него. Ако не смени дотогаш Абе бисер сум, остај.
Najvise ke kuliras kukuruz koa ke mu daes da jade...inace sansa nema...jas i davav koficka so voda za da slapka demek da ne e mokra nonstop duvkalo taa kofata vrz nea i mi ka podava pak da punam. I samo lize toa vodata....si sakaat drustvo nema raat vise. Koa ke sporedam so lanskiot odmor veze nema...ni treba nov zbor ova ne e odmor nego cuvanje dete na drugo mesto
Девојки во план сме да одиме ова лето Ксамил на одмор со бебе кое ќе биде 7м и синко 3г. Сакам да ми препорачате апартман или хотел што е близу до плажа или на самата плажа, по можност нудат и појадок и да е по пристапни цени.
Барајте ако постои сместување со сопствени лежалки, бидејќи плажите се приватни, а мали и нема место за сам да си постелиш крпа и чадор, а нема лежалки колку шо има туристи.
Да споделам искуство со бебе ( 5+++) на одмор . Отидовме пробно на 4 дена до Флогита, Грција. Топ!! Бебе се изнаужива . Ама ја носевме и мајка ми, смештајот ни беше на 3 мин од плажа , па така она со беба си одеше накај 11ч во апартманот , ние седевме до кај 13ч. Поручекта накај 17ч пак ќе отидевме. Го бањавме и него. Живи радости , постојано се лижеше по рачето, дека солено нели Носев и базен,ама сум купила голем . Но многу ми се најде , го оставав синко во празен базен , си се вртеше таму , си лежеше под сенка . Бар раат дека нема да лапне песоче Еве како пливаше на суво
Мислев мојов единствен е што вришти и ги корне каишите... значи под стрес сум секое тргање со кола. Јас цела кошница со играчки, сликовници, тропалки носам и само му давам, читам, си играме, го прашувам како прави кое животно. Најуспешно ми е занимавањето со сликовници, многу сака да врти страници и да си ги гледа сликите и им зборува. Некогаш бара да цица за да заспие и тоа е така ако седам до него. Заспива на цице и префрлам, хаос од безбедност ама што да правам. Ако возам јас (се охрабрив едвај пошто мм беше на службен пат), когавеќе не му држат внимание играчките и книгите, му давам телефон за да гледа песнички на youtube, што најмногу мразам да прави ама тоа е, и заспива така или му пејам песнички што ги сака од возачко и заспива. Нас ни е план ноќно време да патуваме, ем поладничко ем да не се бориме со малово.
Пред да се одлучите за ноќно патување прашајте во апартманите дали собите ќе ви бидат спремни сабајле кога ќе стигнете.Дека некаде не е дозволен влез пред 11 часот во соба.Да не дремете со бебе во кола на 40 степени
Ретко каде може пред 2. Ако нема гости пред вас, не прават проблем ама ако апартманот е зафатен нема простор за порано.
Знам знам.А до Грција реално нема повеќе од 3-4 часа пат(првиот крак).Во работни денови нема ни гужви мн на граница.Криза е петок,сабота ако се оди.Ние секогаш тргаме кај 9 сабајле.Ем наспани ем не чекаме за влез во соба.
Ние имавме среќа празен беше апартманот пред нас и влеговме, инаку чек ин беше 14h. Секако имав спремна торба за на плажа, ќе идевме директно таму.
Green house тука имаат апартмани и соби ili delight hotel, истиот газда е плажата е преку улица буквално чисти се собите и плажата е од газдата јуни имаше и бесплатни лежалки за гостите, излегува на lori beach.Плус има и ресторанче на дамата плажа и за јадење пиење ок е. Само не е во самиот центар сместувањето.