Ne sakam da te predomisluvam i ne znam dali ste bile tamu, no za so bebence od 7m mislam deka ne e bash zatoa sto se patuva dolgo i toa Albanija se rizicni patistata, posebno patot do Saranda, mislam deka ni vo son nema da pomislam uste ednas da idam nataka, no zavisi i od kade ke idete, dali preku Grcka, no kako i da e , sepak e premnogu patuvanje a realno toj pat ne vredi bash zatoa sto se mali plazi, guzva premnogu, na podobrite plazi lezalka e mislovna imenka osven ako ne rezerviras, kako mala Kina e , premnogu guzva . Za smestuvanje do plaza Vila Aleks ili Vila Hristo preku nasi turisticki agencii mozes da si rezerviras, jas bev lani vo vila Angellina preubava e i nova megutoa e 10 min od plaza , od pricina sto do vilite smesteni na plaza ne mozes da se naspies kako covek.
Не трпи преку рамена каиши на ништо. И в количка само долу го врзувам и во хранилка. Ама не е безбедно така да се вози. Не дека вака со цицање е. Ќе ги земам сите омилени играчки. Подобро е до него да седам или напред? Откако е роден немам напред средено, за возење ич да не зборувам Првенствено ќе пробам со тие што издаваат сместување да договорам да не примат порано за да можеме рано, најрано наутро да тргнеме па да фатиме спиење. Во право се @joy1 и @MilaSs12, џабе е и да го преспие цел пат ако во најголемата жештина треба да дремиме таму додека да можеме да влезиме во собата.
За тие што сте биле на одмор со 5-6 месечно бебе, дали вредеше? Ама искрено, на сите што им кажав дека сакаме да одиме на одмор, веднаш почнуваат, а мало многу ти е, нема да видиш одмор, во соба ќе си цело време, а ако ти се разболи ништо не можеш да му даваш, одма ќе се вратите. А баш бевме решени септември да одиме некаде најблиску можно, но сега мм кај што ги слуша сите почнува да ми се предомислува.
На одмор ќе го правиш истото шо го правиш дома со бебето, со таа разлика што тоа ќе го правиш на плажа, а не затворен дома. Аман и со тоа разболување, небаре дома ако ги затвориме немаат шанси да се разболат, на море се болестите.
Моето 7направи на одмор додека бевме. Супер си поминавме, многу порасположен беше, морето одма го прифати. На плажа бевме од 8-12 и од 16/17 - 19/20 сатот. Мене воопшто не ми сметаше, секако и со мм кога сме иделе сами во најжешкото се прибиравме, единствено што ми беше поразлично е што не прочитав ниту една книга
И ние годинава прв пат на одмор не сме сами, господинот наполни година пред неполн месец. Планираме во Грција, првично мислевме на Кикладите, но заради далечината решивме дека сепак ко за прв одмор подобро поблиску. Што можете од искуство да кажете во смисла дали да бараме хотел/апартман/вила/соба/ризорт? Од она што го зборевме со сопругот, сакаме да одиме на некое местенце каде што плажата е блиску, а има простор за шетање, но не знаеме каков тип сместување да бараме.
Се вративме од "одмор" па да споделам искуство. Бевме во Неос Мармарас, втор крак. Местото е небаре Крушево. Угорници, удолници, среќа смештајот ни беше надвор од градот па во рамен дел е. Плажите убави, водата ладна и длабока одма. За со поголеми деца не е дефинитивно. Имајте во предвид големина на собата, среќа ние имавме голема тераса па имаше кај да лази бебе инаку за 3 дена вратени ќе бевме. @Pacient srna убаво рече друг назив да му дадеме на одморот, пошто до сега не сум се радувала дома што си одам од одмор Бебе (11 месеци) среќно беше само во море кога го брцавме. Песок нејќеше да допре, ниту да седи на подлога/пешкир па одморот во раце и во количка го поминавме. Скрос поразлично од замисленото идилично ќе си седи во базенче со песок ќе си играме Ви посакувам поубав одмор од нашиот да имате Ама не се обесхрабрувам за септември ќе почнам да барам смештај Ќе смени до тогаш де, ќе фати ред
Ние бевме кога имаше 4 месеци, не ни беше лошо, ни годеше на сите да смениме воздух. Инаку, да, ќе го правиш истото што го правиш дома само на различно место
Некако кај нас се испостави дека помирен е кога не ме гледа до него. Пробај на кратка релација, сигурно ќе вришти ама издржи, зборувај му, пеј му, па ако мора у телефон дај му. Пошто кај мене мм не издржува ако плаче дете, одма вика земи го земи го, јас би ти рекла да си го повозиш сама некој круг на почеток.
Според мене најлесен одмор ќе ви биде,само ќе треба да се прилагодувате според неговите потреби и времето.Најмногу до 11 седевме на плажа и после 17 час идевме. Ние бевме на одмор кога бебе имаше 4мес. па на 13месеци и сега кога ќе одиме ќе биде 26 месеци. Значи на 4 мес исто како бебе да немаше со нас си лежи си гледа пресоблечено нахрането,е кога имаше 13мес тој одмор малку потежок ни се виде бидејки беше во фаза на лазење проодување,почна да разбира сака да шетка низ лежалки низ луѓето околу нас,нон стоп во вода да се шлапка,па имаше обиди камчиња и песок во устето да става.Сега нареден месец ќе идеме на одмор и сме малку во паника како ќе поминеме
И да одите. Тој одмор супер ќе си поминете. Кај ќе го ставиш таму ќе биде. Најадено, пресоблечено вие кафенце, супер. Ние лани бевме во септември имаше 7 месеци и одлично поминавме. Не се враќавме во жешкото во апартман пошто не беше жешко, бебе под сенка цело време намачкано. Се изнаспа цел одмор , јадеше дупло од нормално, прошетано за мерак. Сега бевме пак во јуни, па прво нејќеше во вода, после не можеше да ја извадиме, прво нејќеше во песок после само трчавме по неа брцаше во уста камења и песок. Таман се се научи како треба требаше да се вратиме. Ама пак убаво поминавме. Одете на одмор ќе се одморите, септември ви е супер избор. И нема зошто да се разболи, море е тоа, живеат деца и на море и здрави се.
Бевме во Неа Флогита. Плажата топ, ситен песок, чиста вода, бебче се изнаигра со лопатчиња и по педокот чекореше убавини. Сместени бевме на 50 м од плажа. Преку Наташа резервиравме. Баравме мирно место да може да спие бебка, на приземје да биде внатре свежо и со двор. Посебно кујба имавме, една соба за нас и една за децата. Климата не ја пуштивме скоро ич, свежо и многу убаво. Цел ден беше дворчето во сенка дека се наоѓавме затскриени измеѓу куќите. Тие што беа над нас на 2 спрат цели ноќи со клима спиеја а ние убавина. Инаку местото многу ми беше тивко за мој вкус не е баш но со малечко беше топ за ова лето. Инаку прошетавме навечер во Солун, Неа Мудања и Неа Каликратија и брзо поминаа 7 дена. Комарци имаше си носебме спреј и за во штекер. ...Супер си помонавме
Дајте предлог за Неи Пори со полупансион некое хотелче, но проверено да биде од лично искуство, блиску до плажа. Благодарам!
Za komarcite koj e vo grcija zemete crilen krema na frezyderm e ne znam dali ja ima kaj nas ama epten e dobra. Moevo bebe bese skroz izedeno a aparatce imav i ja prskav mousticare. Random zena na plaza mi ja preporaca i otkako ja mackam ne e kasnata
Dali moze poiskusnite majki sto veke odele prethodno na odmor so svoite bebcinja,da mi kazat koi osnovni raboti gi nosevte so sebe koga stanuva zbor za BebeApteka ? Cekam sovetii,prijatna nokj
Ова мене ми е листа од педијатарот , е сега не ги имав баш сите наведени по бренд , туку она што користам. Пример наместо Синопен или Фенистил имав Камагел, и слично. Плус 30 ка земам фактор наместо 50. *0-12 МЕСЕЦИ: -Топломер; -Супозитории (чепчиња) за температура(Eferalgan 80mg); -Anti-pirea лепенки; -Пробиотик; -Darmflora plus прашоче 1х1/2 (во случај на дијареа); -Капки против повраќање - Наусолвит -Гел Synopen или Fenistil; -Средство против комарци-Mapez; -Електролити(Алвоген ОРС шумливи; HIP ORS -4+месеци); -Солен раствор/спреј за тоалета на носе; -Крема со заштитен фактор 50+ * ЗА НАД 12 МЕСЕЦИ ПОКРАЈ ГОРЕ-НАВЕДЕНОТО ПОТРЕБНО Е ДА ИМАТЕ ПЛУС: -Сирупче за алергија (Loratadin/Aerius/Letizen); -Сирупче за температура- Неофен; -Спреј за носе- Линазе -Завој, фластер ; -Хирдоген 3%, Бетадине 10%.