Сируп за температура и за алергија, електролити, пробиотик, средство против комарци, крема за убод од комарец,ханзапласт,
Јас синко на 3м во Охрид го однесов (не го бањав нормално, но си уживавме), а на 4ипол м во Грција бевме. Уживаше и таму, па дури и малку го брцнавме во море. Најрелаксирано, супер си поминавме таа година
Мами дали ако се уплати капар директно кај газда за одреден датум. И од икс причини не може да се отиде, се разбира некое време однапред кажано. Дали го враќаат капарот?
Зависи од договорот. Некои задржуваат одреден процент, некои враќаат цел износ, некои не враќаат ништо.
Баш денес ми го преппрачаа во Зегин, фатив да читам декларација, не пишуваше дека е за бебе. Имаш слика да пуштиш која крема е точно, неколку иимаше во Зегин?
Зависи. Сега ние кога бевме во јуни имавме рок од две недели пред доаѓање да откажеме со што би ни го вратиле капарот намален за провизија преку WU. Обично кажуваат како е процедура за враќање на капар преку маил или вибер зависи каде сте се договарале, но немаш класичен договор. Сега кога ќе ти се разјаде бебулето на одмор мераци .
Фала мама. Прв пат уплатив толку рано т.е капар де. И сега нешто ми мати вода, па ќе се преслушам со газдава. А бебеулево мислам дека ептен ќе се разјаде, Фала мама на подршката.
Не се замарај со капарот.во принцип се простувам од тие пари. И покрај тоа што имавме можност за враќање на капарот, рокот ни помина за враќање, а малава моја беше болна неделата пред да одиме, не знаевме до последен ден дали ќе одиме, ама саботата беше добра, неделата тргнавме на пат. Позитивна мисла и спремај што ти треба за на одмор.
Капар за резервација само дека 3 месеци однапред, комуникација преку вибер. Но имаме нов момент и ни одговара терминот. Во целост ќе ми ги рефундира. Прашањето ми е дали треба да имам нешто сметка/регистрација преку вестерн унион или доволно е само име и презиме па директ во банка/ву со лична карта да ги подигнам.
Ништо не ти треба, само лична карта и мтцн бројот. Кога ќе ти ги пратат парите нека ти го слика ливчето што ќе му го издадат таму го пишува бројот.
Денес стигнавме во Грција со бебе и дада. Малото е 5 месеци. Не знам дали да го брцнувам по малку во море, ми е страв да не има некоја реакција од солената вода, сонце, фактор комбинација. Имате некое искуство со толку мало бебе на море? Денес го оладив само во базенче со вода од бољар.
Обавезно да го капиш во море. Ако треба да се избегнува нешто тоа е сонцето, а потоа и крема со фактор, но не и морската вода. Јас бев пред една недела со бебе од 6м. Ја капев само по 18ч. Наутро водата ми беше ладна. Да беше потопла би ја капела и тогаш. Со фактор не ја мачкав, на плажа не седев со неа освен по 18ч, и наутро во 7-8ч што се шетавме покрај плажа. Повеќе се шетав со количката под сенка или пиев кафе во бар покрај плажа плус времето беше идеално максимални 30°. Бевме сместени блиску до плажа па се враќав во соба за спиење. Мм беше со поголемата на плажа па цело време се менувавме, или седевме заедно во барот.
Таман најдов хотел на сама плажа, мирно место за со бебе, со појадок и вечера, спремна да дадам капар, и и кажувам на другарка каде ќе одиме скроз ме попишмани за местово. Лани биле, сосема спротивно од тоа што ми кажаа други, многу разочарана беше. Глава шашма, еден месец барам не можам да најдам на сама плажа нешто поасално. Вие што бевте како мене, најдовте? Вие што се вративте, а сте биле на сама плажа со бебе, дај предложете нешто, оти готово летово ми помина студио/апартман/хотел/