Ако имате ист вкус со другарка ти, послушај ја. Ама различни луѓе имаат различни очекувања. Сите кажаа само пофални зборови за Турција ама нам не ни се допадна за втор пат да одиме. Можеби кога ке има синко 15 години ако сака да оди со нас.
Кое место го одбравте? Сите имаме различни очекувања. Не мора да значи дека вас нема да ви се допадне.
Прво ми сметаа термините за лет. Направени да искористиш 10 дена ама напорно. За натаму ни беше во 3 наутро, го разбудив синко. За назад во 2 исто наутро, ама во 22:30 не собра комбето. Соба напуштивме во 12 дента. Немаше ништо слободно да доплатиме за соба. Морето не беше ништо посебно, на прв крак морето е сон во споредба со ова. Карта и за синко плативме, хотелот прв ред на море и соба со поглед на море, не фати скапо. Јадење исто и во Грција купуваме, никој од нас не изеде нешто посебно плус па да ни се исплати уои. Кој пие пиво и јаде по 20 сладоледи дневно можеби. Нам не. Ресортот огромен и додека го поминеш уморен си. Плус јас бев преплашена од летот. Вкупно не се исплати малтретирањето, Грција има сто пати поубави места.
Сонце ќе избегнуваш, а бањање обавезно. Нема да го чуваш во вода саат време. 10 мин е доволно. Можеш и со шише обична вода да го исплакнеш после море од солта.
Да сфатив ама мислев каде поконкретно сакаш за да можеме да ти помогнеме Еве ние конкретно во Торони преубаво си поминавме. Важно е што бараш плус рачунај веќе цените се плафон секаде.
Le go banjas i po.poveke od malku. Vodata e topla nemas gajle. Jas lani 3 mes bebe vo hrvatska go brckav
Сподели за Торони, ако не ти е тешко смештај/плажа/цени. Поблиску сакам, дека прв пат со бебево, не на острови или со траект да се развозувам. Инаку да, ќе ја послушам другарка ми, не би одела, мада пресреќна бев ради хотелот на плажа. Во Неа Скиони поточно, ми кажа дека плажата била со огромни камења, сенки никаде, храната исто не како што треба итн. Кога ми кажа за камењава и дека децата ги кревала во раце за од вода до лежалки и обратно, реков аа не одам ако е така. Башка хотелот ништо посебно.
Торони е мало место, една главна улица и скоро секој хотел и апартман се на самата плажа. Нема многу места за трошење пари, пример за деца има 2 мини 'луна паркови' не знам ни како да ги наречам со колички, флипери такви ствари и магнет се за деца Има убаво гиро, има неколку ресторанчиња, 3 маркети. Плажата е многу убава и чиста, водата бистра ама така покрупен песок, не е баш она прашкаст. Каламици е многу близу таму е уште поубава плажата идевме неколку пати. Мене многу ми се допадна што е преубаво за спиење, свежо, има убаво зајдисонце буквално до 22h можеш да останеш на плажа. Е пред да си идеме почнаа комарците, не беше страшно ама пак средство ти треба. Апартманите во јуни се движеа од 60 до 100 евра со тоа што имавме бесплатни лежалки, огромен двор, паркинг, плажата пред нос, скара со маси и столици да си седнеш на ручек. Апартманите се Chrissi Amoudia ако сакаш да ги погледнеш. Друг предлог за со дете немам зашто и нас прва година ни беше.
Да, имавме спална плус единечен кревет. Изгор е годинава. Го проверував хотелот до нас 200-300евра ноќевање, а Торони е. На острови поевтино сме поминале.
Јас гледав по агенцииве за таму кај што сакам, околу 350 евра за 7ноќи(мислам) трокреветно студио, крај на август. На букинг ми се поскапи.
Заборавив за цените да пишам тоа што памтам. Лебот од 1.20 до 2.40 (тој на парчиња), млеко 1.50, пиво во маркет 0.5л 1.50е, овошјето не беше нешто многу скапо зависи, гиро 4е, кафе на плажа 3-4 евра зависи каде, тост 3е, сладолед над 2е, пиво на плажа 4-5е зависи кое, крофна 3е. Каламици е поскапо со некое евро.
Јас обично ги наоѓам на букинг, па ги контактирам директно. Многу зависи и каде, кој период, што бараш. Еве пријатели наши плаќаа 20 евра ама со кола идеа на плажа и не се враќаа по цел ден во смештај. Јас буквално скокав супа да сварам, да одам до вц, до продавница и очекував и поскапо дека ќе биде. Од друга страна, еве сега за свеки барам смештај во Албанија, во сезона е 50 евра што е многу поевтино.
Јас имам спротивно искуство од на другарка ти за Неа Скиони. Бевме на еден ден, плажата песочна, водата плитка. Само на едно место во водата имаше камења, но секако вреди да се посети. Природни сенки и повеќе од доволно на плажата, клупи, продавници, ресторанчиња на сама плажа. Блиску ти е ептен Ханиоти од едната страна, а од друга Фурка и Сивири, мирно место, без многу гужви, типично за одмор со мали деца.
Што е со цениве на крациве годинава?! Дефинитивно на островиве е поевтино. Ние одиме на Тасос во сабота, за цел спрат на куќа со три спални, три тоалети дневна огромна, балкон огромен со поглед на море, плаќаме 750евра за 7 ноќи. Плажите, едната е на 20м другата на 100м.