Мајки сигурно има и поназад предлози ама теснец сум со време за да читам и ви се извинувам! Дали ќе ми предложите место било грција или албанија за со беба 10 месеци ќе е тогаш. Водата да биди плитка чиста и топличка а плажа песочна. Неос мармарас гледав и сакавме таму ама поназад прочитав дека е како Крушево. Местото нека е мирно или бучно ич не ми менува само да сме одма или блиску до плажа и во близина да има гратче кај што ќе можи да се шетни.. Ви благодарам!!
Ако сакате Неос Мармарас можете да барате смештај на плажата парадисос, претежно таму се се на самата плажа, а за шетање навечер градот ви е блиску.
Па се премислив дека вода ладна и длабочко..Не дека бебе ќе дреми во вода ама и јас не сакам грч длабоки води,не сум некој пливач..Затоа се мислам и за Албанија,барем морето е потопло.
Албанија е поладно морето, плус и подлабоко. Грција има потопло море, бар од мое искуство. Ормос Панагиас види апартмани, многу е убава плажата, ама апартманите не се баш блиску до неа. Ако сакаш хотел, Лагомандра или Антемус провери ги, на сама плажа на втор крак, исто и Торони Blue Sea ѕирни го, новиот дел.
Од каде ова дека водата во Неос е ладна? Не можам да се согласам, на Халкидики бар морето е особено топло, до душа општо Егејско е топло море.
Грција е дефинитивно потопло морето, а исто така е многу поблиску и поубав патот за со бебе најбитно..
Егејско и јас го сакам ради топлата вода ама во Неос ми беше ладна. Попладнето тек се потстоплуваше. Длабока е водата, на неколку чекори стига до половина, не може исто да се стопли со 10 метри должина плитка вода
Веројатно таков се погодил периодот со морските струи... јас имам спротивно искуство, а и еве гледам температура на морето во Неос Мармарас вели дека била 27°C денес.
Па мислам дека твоето мислење е поназад дека е ладничко и длабочко @Annath фала ти сега ќе ги ѕирнам! Соленко..
@WildMk има тазе искуство со Ормос Панагиас, па може да ти препорача нешто. Хотелите вистина се поскапи, ама на сама плажа дека се, песочна е, плус плитка, особено Антемус има многу убава плажа за мали деца. Еве линк да видиш https://nikana.gr/en/tourist-guide/sithonia/beaches/1817/trani-ammouda-beach
Женскици здраво, оваа година прв пат со бебе на одмор. 4 и пол месеци ќе има планираме во Хрватска да одиме патот е околу 10 саати, нормално ќе правиме паузи и ќе патуваме навечер. Па искуства дали бебенцето во седиште или транспортер да патува? Фала однапред
Лесно ке поминете дека е мало и повеке ке спие Јас два пати бев по 15 сати кога беше 8и 11 месеци и добро поминав, подобро во седиште да го ставиш ако се спушта
Дали некој бил со бебе 8м во анталија-аланија? Секако септември месец не сега. Првично сакавме Ксамил, но сопругот ми предложи Турција со чартер лет. Инаку имаме и бате од 3г со него полесно ќе е. Ако има некоја мами да ми сподели хотел, агенција, искуство...
Онака ме интересира, со три месечно бебе била ли некоја на одмор? Сакаме здравје крај на септември, неколку дена , ради баткото. Госпоѓицата незнам дали би ја носела на плажа , мислевме да се менуваме во соба. Или ептен по малку…
Ние лани. Одмор одмор. Времето беше топло, не жешко па по цел ден бевме на плажа. Го доев на плажа, си спиеше на плажа, ние се изнаодморивме.
Мислење за Сивири... Почеток на септември планирам со бебе од 4 месеци и голема дада од 2 год и 5 месеци