Бебиња мали што разбираат кај се сместени? Јас никогаш не се ориентирав на бебето. Мислам стварно, гледај ти кај би се чувствувала убаво, на бебето секое друго место различно од дома ќе му биди чудно.
Смештаите што сум ги бирала пред бебе се разликуваат со тие што ги бирам сега. Пред бебе се сместував во град, за да ми биде полесно навечер шетањето, а денски секако се развозував по различни плажи. Сега барам смештај на сама плажа, или на приземје или хотел со лифт бидејќи не можам да влечам колички и 300 тракатанци со мене по скали. Гледам плажата да нема гужва и да има природни сенки. Сепак приоритетите се сменети пред и после бебе.
Здраво, дали некој што е бил во Торони на одмор може да ми каже дали има шеталиште во центарот покрај морето? И општо дали е убаво местото? Би сакале да одиме во Септември со три месечно бебе. Ви благодарам
Dali nekoj bil vo Egipet ilii Tunis so bebe? Mislam dali e ok za so bebe? Iskustva ke ve molam se ubivme od mislenje, ja preplasena za da odam, maz mi pa nema gajle
За Тунис не знам, Египет сум била. Без разлика колкаво е бебето, нема смисла да одите до таму, а на пример да не ги видите пирамидите, да одите на сафари, ете и нуркање и слични тури кои ги организираат. За да стигнете до Каиро и до пирамидите пример, се тргнува на сред ноќ, се вози неколку часа со автобус, па се оди на места каде што немаш буквално милиметар сенка. Таму не би тргнала ни со дете помало од 10 години, а не па со бебе. А за да одиш и да не посетиш ништо нема поента. Башка тоа времето е ужасно топло и треба внимателно да се избере кој период ќе се оди. Не знам колкаво е бебето, ама почекајте за година две кога ќе може да го оставите и да одите сами ако толку ви е мерак. Со бебе никако!
Пријателка беа и го преседоа во хотел цел одмор, дури и до плажа ретко да беа. Мене децава ми се 4г и 7г и би чекала да пркнат уште некоја година и да ги носам. Не би одела со мали деца, а не па со бебе. Кога веќе сакате таков одмор во хотел, all inclusive, боље во Турција одете. Таму бевме кога беа 3г и 1г и супер си поминавме. Има тури во кои може да си прошеткаш со бебе во количка (низ други градови), аквариум и сл.
Дајте предлог за хотел во Турција или Грција за бебе и дете? Стандард потребштини, си знаете ама еве пак: на плажа, плитка вода, на приземје или со лифт, да не е многу возење со автобус од аеродром, кревети/креветче и сл. Со првото ко беше бебе имав самодоверба и мислев дека сама можам да тргнам и да истерам одмор со сите салтанати.. малово нешто позахтевно е и ми прпа да одлучам така лесно за локација
Ќе одиме со малото во Стуга и Охрид. Ако има некој моментално таму да ми каже дали водата е ладна и што да му земам со себе? Прв пат одуме некаде, ништо не знам
Средно жалосна е водата ама во плитко добра е Што и да ти треба аптеки имаш на секој кош ќе си земиш од таму
Сега се вративме водата не беше лоша, дури и јас зимурлива што сум се убив од бањање. Е сега зависи колку е мало, ако не друго едно базенче малечко и водс во него ќе си се шлапка под чадор.
И ние ќе одиме сега понеделник прв пат исто со бебе. Ќе носам тоа што користиме и дома ништо плус не купувам. Ако треба нешто ќе земеме од таму
Како е флогита со природни сенки? Или некое друго место тука во близина на флогита? Сум била ама ич не се сеќавам дали имаше природни сенки оти тогаш не ме занимаат. Фала
Фала женски. А инаку околу хотел Дрим има плажи со лежалки и чадор да си платиме на пример? Не сме во хотелот, туку во близина, а не сум била натака. Јас чадор немам, па не знам