Јас не бев кога беа бебиња, двата пати баш тогаш менував работа, па немав одмор. Со малиот прв пат бевме на одмор кога имаше година и пол, а со малата кога имаше скоро две. Инаку со двајцата во Хрватска, а и да одевме на одмор пак ќе одевме таму. Со бебе е полесно на долг пат отколку со мало дете. На децата досадно им е, бебето гајле нема
и ние планираме Грција оваа година ама некаде во Август таман бебушко ке биде поголем околу 7 8 месеци па да го бањаме во морето тие што ја спомнавте Паралија веднаш да се предомислите, морето и плажата па и самиот град како град не е за бебе. Морето е секогаш со трска искорната од брановите не е чисто никогаш, плажата е пренатрупана со луѓе нема место каде да прдниш, а градот е секогаш пренатрупан со туристи кои престојуваат таму а пола и повеке се дојдени на еден ден оти од цела МК агенциите организираат еднодневен престој за на плажа во Паралија, за тоа барајте си помирни местенца ако одите со бебиња, препорака од мене ви е од првиот крак Неа Флагита, Пефкохори, вториот крак дефитинитивно е најмирен и препорака Сарти, или Неа Мармарис, може и Торони, во глобала на вториот крак можете секаде со бебе само треба да си одберете што сакате да гледате залез или изгрев не е многу далеку за разлика од паралија овде може ке патувате пола саат или саат повеке ама пак ке бидете на убава песочна плажа и на тиркизно сино и бистро море, и нема да има толку многу гужва околу вас. Ова ви го кажуват оти секое лето сум во Грција и сум била речиси секаде од овие поблиските места овде или да речеме северна грција, и како човек што бил и видел ве советував само, а вие како сакате.
За во Паралија можам и јас да се сложам со сењорита дека не е баш за мали бебиња, последниве години има мнооогу народ и водата е толку прљава, што не се осмелувам јас да влезам, а камоли моето дете. Евентуално ако сте веќе за таму, може да одите рано сабајле околу 7,8 тогаш нема народ и е чиста водата, ама од 9,10 е веќе или пак надвор од градот, има малку подалечни плажи кадешто нема многу народ и таму е чиста водата, ако сте со кола можете така да одите подалеку од гужвата. Лани јас така правев кога бев трудна, одев секое сабајле во 8-9, се бањав и си одев заради таа причина дека е прљава водата после и ми беше многу страв да не фатам некоја инфекција. Ова ви го кажувам од лично искуство затоа што со години живеев во паралија и точно знам се до детал како и што се има таму.
не е за со мали бебиња во паралија дефинитивно сега имаше многу луѓе а не во сезона, иначе мене лично морето и плажата ме бендиса, не беше валкана баш напротив. а беше ладна ама јас го брцнав неколку пати во морето и неколку пати во базенот, синчето како што си е љубител на вода трчаше кон морето, се изнасмеавме!!! одвај чекам да одиуме фурка нема да можиме од песок и од вода да го тргниме
Има ли некој одено на одмор во Nea Moudania или Nea Poteidaia во Грција нека сподели мислење за место, плажа, вода.
Ste patuvale so malite vo Grcka so avtobus? Kako go podnesuvaat patot? Sakam da odime ama bez kola Bebeto ke ima 5 meseci,a golemiot 3 godini... Zatoa ne mi se odi od strav,se biva,so avtobus si ogranicen,a so kola mi e posigurno ako nesto nedaj boze kako ke se vrakam Ili da si odam do godina em deckite pogolemi em so kola
Nea Мoudania е закон. Мирно место, не е многу популарно, главно е место за одмор. Има едно малечко местенце пред тоа градче, се вика Dionisios и е уште по убаво. Помалечко, ама многу убаво. Првиот крак е многу блиску и од двете места, така да ако сте со кола имате многу места за шетање.
Mi treba pomos se pakuvame za na odmor ama jas veke napolniv eden kufer so alista na malata Sto da zemam I kolku? Zedov: 3 krpi 4 bodenca 5 maicki 2 para pizami 3 para trenerki bluzicki I pantoloncina 2 fustancina postelnina sesircina liguski... Mnogu se za 7 denovi?
А на која возраст бебе може да се бања во море? И дали директно во море или морска вода во базенче? Кои се вашите искуства?
Јас кога бев во Грција видов како бањкаат од 8 месеци па нагоре...За помало незнам ,но мислам дека не е штета
Со дечко ми баш кога бевме на одмор го правевме муабетов. Тој ми вика дека не би се осмелил до 2-3 годинки барем да изнесува детенце од државава, а јас го убедував во спротивното, дека нема везе. Јас сакам од мало бебе да го брчкам да се радува, не гледам што може да му штети, исто така и не гледам што е разликата од почеток на Грчка до Охрид или Дојран, без разлика што си преку граница блиску си за што не дај Боже и да треба. Лекови секако дека ќе си понесеш за секој случај, јас и сега стално носам кога одиме. А подалеку не би се осмелила ни јас со мало бебе да одам. Кога одевме накај Турција имаше едни со бебе, ај што плачеше и што непотребно му приредиле да крка толкав пат, најбитното е што детенцето се разболело и морале да се вратат утредента уште или не знам како беше. А имаа резервирано еден луксузен хотел, да посакаш таму да те остават кога ги оставаа нив. И плус, малтретирање, траума за детенцето, пропаднати пари за цел аранжман. Епа, не знам зашто се осмелуваат така..... Стрпи се, 2-3 годинки ако не мрднеш подалеку од Грција нема светот да пропадне. Значи пак ќе кажам, за одмор уште со мало бебенце сум, тоа е убаво искуство и за бебенцето и за родителите, баш имаше еден пар што ми беа многу слатки, го бањаа го играа.... Ама далечни места не.
Во базент никако, или ако веќе го ставате ќе треба многу голема хигиена да одржувате ( на базентот). Од топлото многу брзо се размножуваат бактерии, така ми кажа докторката. Нема штета ако го шлапкате во море посевно на краците или кај што е почиста водата, само да не голтне од водата. Јас сум видела и три месечни бебиња на море ама тоа зависи од вас, зависи и од бебето дали е мирно, дали трпи промена на клима ( некои не поднесуваат па стануваат плачливи а некои напротив спијат повеќе на море). Лично ние до првата година не одиме на море со бебиња. На година и пол сме оделе ама кога плачеше, дење или ноќе, имаше реакции од луѓето, а бебе е, ќе заплаче.
Реакции од луѓето? Дека плаче бебето а? Е не разбирам стварно... Јас кога ќе видам мало бебе дека плаче мене ми се насолзуваат очите ...да можам би и помогнала на мајката да го смири А луѓе што превртуваат очи ...ц.. ц...стварно неможам да им влезам во паметот за да знам што помислуваат а и не ме интересора кој ги е..е Сигурна сум дека мајмалку 80% од мајките ќе бараат било каков начин да го смират бебето или детето за да не пречи на другите Во мојот случај,бев со 1г и 4 м бебе и не се навикна се до последниот ден Не видов јас некој одмор шетајќи со количката по кејот на плажата ама малиот на никој не му пречеше
Еее мене ми реагираа, им сметало, де одмарале, де не дошле плачки да слушаат и тоа само македонците, другите ништо не викаа.
Епа такви сме ние Македонците...никој не си ја гледа својата раб ...едни отишле на одмор да одмараат а други да се замараат јбг Ич да не ти чуе
Не мислев на базен туку на детско гумено базенче, се надевам на такво мислиш. Инаку за мирни, мирни сме...не знаеме што е тоа плачење. Знам некои луѓе кои ги бањале своите деца кога имале 6 месеци ама за порано не сум чула. Ние ќе имаме полни 5 кога ќе одиме.
Јас ја прашав и педијатарот, ми рече дека е во ред, нормално на сабајле и попладне. Ама сепак...сакам да чујам искуства од други мајки. Исто се двоумам за креми за сонце со фактор...Некој вели штетни се, да не се употребуваат воопшто, а некои ставале уште од сам почеток и мака немале. Јас ќе одам крајот на октомври, кога е веќе крај на сезона, не е толку многу жешко, а морето е најтопло. Ние секоја година одиме ама сега со бебе, па ќе видиме тогаш како ќе биде Во секој случај ви благодарам.