Скриншот напрајв од постот..ептен ке ми се најди...за каснато не запамтив дали имаш напишано ..камагел носев јас и за против комарци нешто.
Ај и овде да прашам, дали сте спремале од дома храна, што било тоа и како сте ја носеле? Не знам што е паметно, ако воопшто. Во хотел сме нема кај да готвам, кашички ќе земам, ама волку на каши не сме биле и ми е чудно.
Носам синопен зошто ми рекоа камагел е дефицитарен, носам и против комарци не сум напишала..се надевам ништо не ќе искористам
Што носиш против комарци? Кој антиниотик? Синопен за што? И капкиве против повраќање во кои ситуации се даваат? Се осеќам ко теле.
Против комарци имаме Чико спреј, тој зелениот, можеш и мустикер од зегин, читам доста се фалени, јас користев ко бев трудна, ама јас мислам ако има комарци ништо живо не помага Синопен за реакција од убод, не нормален плик и чешање туку она баш реакција Антибиотик носам амоксиклав сируп ама искрено на своја рака никогаш не би го употребила, го зедов колку да го имам, за недај боже Капките против повраќање ги прочитав на форумов, природни се на база на ѓумбир се, ако случајно има детето повраќање од патот или евентуално од стомачен вирус
Jas lani nosev cep za temp,kamagel, probiotik za proliv t.e. linex, sprej za nos poso ne planirav da ja banjam u more i tolku valjda bese. I mapez imav lani protiv komarci
Женски каква препорака добивте од педијатар во врска со саати на плажа? Во кој период од денот да се оди? Смееме ли цел ден на плажа во сенка да сме?
На плажа со бебе/дете не се седи цел ден, макар и под сенка. Наутро од 9 до кај 11 максимум, потоа после пладне, од 17 до кога сакате.
Каде ќе одите? @Enn001 јас планирам насабајле 9,10 саат да седиме или да ја шеткам , синко нека се шлапа а попладне да си седиме. Ќе одиме накај 10,11 септември здравје, па мислам ќе биде Ок. Одиме на 4,5 дена само
Ќе биде Метаморфози или Торони, требаше да уплатиме за Вурвуру иницијално ама откажаа од смештај во последен момент, а и после сфатив дека не ни одговара баш, нема убава патека за шетање со количка блиску до плажата. Метаморфози ми е испитано, мирно е, голема плажа, има за шетање. Уште времево да не послужи...
Ние сме моментално во Торони и баш вчера со маж коментираме дека пак не би доаѓале тука. Не викам не плажата е убава морето мирно ама местово е премало да немаш кај да прошеташ. Ние си замислувавме дека барем ќе има нешто ко шеталиште таверни по некој бар да седнеме додека дете гувее во количка ама ништо од тоа. 2 оскудни продавници, 2 бара заклучно со овој од хотелот, 1 место за гиро, 1 -2 таверна и друго пустелија. Што вика маж да сакаш да потрошиш пари нема каде. Не знам местово некако не разочара, што вика он да сме со деца од по 10 години и со уште еден пар и да седиме на тераса пиво да пиеме а деца тука да трчаат. Вака ко замлатени од што нема што да правиме дремеме во смештај. Не знам некако не е наш тип на место за одмор и не би го препорачала на блиски.