Наредна недела одиме, правам списоци, затоа се ангажирам со време. Како терсене бе? Син ми ептен малку концентрација го држи, секоја играчка ја сака кратко време и толку. Затоа толку планирам да носам, да имам да му вртам играчки. Ама немам идеја што друго.
Терсене мислев ич нејќеше во море да влегува се со мака го стававме Ај после во мало базенче малку вода и тука шлапкаше
Денес се вратив Избор нула. Поготово месо со зеленчук . Само мисирка со домат, и телешко со компир и морков имаа на Нестле . Цена 2,7- 2.9 еур. Овошни само круша и јаболко ,банана и јаболко 2.3 - 2.5 еур. Јас си правев овошни , месните ги купив овие две па додавав зеленчук уште.
Нашиве се слична возраст и мојов не игра многу со играчки. Ама се изненадив на плажа многу си играше. Со кофичка сам си носеше вода, со лопатче ставаше песок внатре. Бараше камчиња и ги редеше во камионче. Во вода повеќе сакаше сам да се шлака во плитко, во гума не беше нешто воодушевен, ама затоа кога го држевме ние се изнашлапа со раце и нозе. Се на се имавме мирно дете на плажа, за едно чудо зошто дома е 100 на саат. Инаку и јас носам цела аптека за децава. Се она претходно што пишавте плус и Виранто. Без тоа не тргам.
Нема да му здосадат. Јаа не сум видела дете на плажа, а да се досадува. Доволно се неколку играчки со кои ќе си игра со песок или вода. Има и едни ко стапчиња обложени со сунѓер што се полнат со вода и прскаат, такви сите имаат и гледам интересни им се, ама можи за поголемо дете да се, евентуално вие да му прскате.
Сака да игра со песок и камчиња, ама не дека цел ден ќе игра Ај можи па поинтересно ќе му е на плажа, којзнае Туку, вирантото за шо то користите? Со/без препорака на педијатар? Не знам, годинава прв пат ќе одиме на плажа, лани беше баш бебе и само цицаше и спиеше. Скоро е прооден и не сака да седни, ептен нешто треба да му држи внимание. Ама па, ќе видеме како ќе биде. Фала ти за идејата, знам на шо мислиш, имаме такви.
Со појќе месо се Нестле Цели 11% Јас му правев таму каши , освен месните. Два пати дадов на Нестле. Два пати палента со млечни и еднаш турлитава.
Како голем пиштол на вода, ама не е пиштол, туку сунѓер. Не знам како да го изгуглам за слика да прикачам, се надевам дека ме сфати.
И јас не знам како да го изгуглам затоа што не знам ни како се вика па пробав некако да го опишам . Ако немате вакво за проодени деца е преинтересно иако не изгледа така. Само оваа слика ја најдов зошто исто не знам како се вика, ќе требаше пак со "стапче" да опишам .
Потврдувам…тоа за во вода многу го сака, си шприца и на празно, многу знае тоа дека се полни со вода а стапчето со колце го занимаваше дури неколку дена дури постепено не го распадна цело и сега само стапот остана
Kofa greblo lopata i onie figuritr i topka. Ke trca po pesokot ke gnjuri u nego ke trca u voda kamcinja ke frla ke sobira....dosta e ne mu se sekiraj. Moeto nekolku dena samo pesok so race fakase interesnk i bese toa
Гледам дека сте пишувале за играчки за на плажа. Малата ретко си игра со играчки дома,а на плажа носев само кофичка со гребулка и лопатка. Цел ден си играше со песок и во морето со нив, а исто и сакаше да се крие позади лежалката и да вика ѕе. Јас се плашев како ќе поминуваме на плажа со оглед дека не седе во место, ама она изненади позитивно
Виранто е витамински сирупче. Се дава во првите 2 часа по појавен симптом и спречува компликации. За големата го имам користено и се покажа како многу ефикасно. Никогаш не завршила со антибиотик. Може да се дава над година и се купува без рецепта.
Завршивме и со вториот одмор.Ке споделам искуство може на некој за догодина ке му се најде.Овој пат бевме во Криопиѓи.Требаше Торони ама заради невремето откажвме.Криопиѓи бевме сместени во Кasandra Palace.Морето на тој дел не ни се допадна воопшто.Имаше морски ежиња,медузи и мн камења.Ама затоа резортот беше топ.Има три базенто од кои еден е само за помали деца.Топла вода и се филтрита по цел ден.Имате 4 ресторанти,две плажи(природна и вештачка),маркет со сите тракатанци за плажа,игротека,играчнница со флипери,парк со лулашки,бутик и спа со сауна и масажи.За децата има куп зеленило,сенки под палми.Со доручек и вечера ама имате на располаѓање буквално се,плус столче за бебе.Секоја соба има бебешко креветче.Собите се чистеа секој ден,на секое чистење носеа по 4 флаши вода во соба,крпи за плажа си земате секој ден чисти.Крпи за во соба исто секој ден носат нови.Не му ја мислите ни за чистење,перење,готвење.За ручек може да си нарачате во соба.Носат се од храна и пијалок.Може да си изнајмите и количка за бебе и дадилка за да го причува.Секој ден имаа активности за децата.Зубма во базент,пиратска ноќ,пинк понг натпревари,цртање на плажа и уште мн други нешта.Презадоволна сум.Во некоја следна прилика би се вратила пак.
Мајки со бебиња на АД, во Грција како миевте шишиња, со водата од чешма или флаширана? Бебе е 3++... Страв ми е беља да не направам, гледам вака како обоена е. @Bubce38 чинам бебуш твој на АД е, а често сте во Грција, совет? Инаку се решивме за Ормос Панагијас, сега за сега одлично е, плажата е супер, песочна, морето сон, патека за шетање, мирно, барови има не е мртво ептен. Лидл и Масутис се на 3 минути возење.
Ние не сме на АД ама кога бевме негде на 4 ипол месеци, играчките што ќе и паднеа доле во песок на плажа и ги миев со тушот што беше на плажа и после си ги јадеше пак, сега кога бевме на 8 месеци само и ги тресев од песокот, на крај можда не и ги ни тресев веќе не знам па ти сега види. Само тоа што викаш дека е обоена ми е чудно, ок е водата во Грција сегде кај што сме биле до сега, да не ви врнело деновиве па ради тоа.