Боровец ми го препорачаа овој https://www.borovetshills.com/ Банско ние ќе идеме за некоја недела во овој, https://saintgeorgepalace.com/ не знам каков ќе е, ама јас гледав да има детско катче, и овој има прилично добро https://www.tripadvisor.com/Hotel_R.../420179760:p/?albumid=101&type=0&category=101 ама овој е ништо во споредба со Рилски, нас ни беше тој многу надвор од буџет, супер опција ти е
Предложете хотел било каде во Мк, најважно ми е да има било каква активност за деца, игротека на пример.
Ние бевме една година во Сент Ѓорѓ Палас кога ќерка ми беше 3,5 години,хотелот е убав,храната супер,услуга се,само мислам дека за деца имаше една собичка како игротека,ама ние не одевме многу бидејќи беше топло почеток септември и шетавме повеќе надвор по планината.Сега може имаат повеќе ,тоа беше 2018 та.
Каква е плажата пред Порфи хотелот? Читав дека имало камења при влез, а јас сум со две малечки и исто би преферирала да не шетаме многу по разни плажи, па песочна плажа и плиток влез ми се прв критериум, за сѐ останато би направила компромис
Сакам да резервираме со време одморче во Грција , конкретно најмн не одговара средина на јуни, дали ќе е ок времето?? Сум одела јас од јуни до септември, цело лето, и нема правила, како кога било, некогаш во јуни било поубаво и топло отколку дождови во јули... Друго, мн ми е битно да ми кажете тие што веќе сте биле на одмор со деца, здравје малиот ќе биде 11м во јуни, како би течел денот, во смисла на активности во апартман за да знам што да обрнам внимание при аранжманите?
Тогаш е најубаво времето во таа област. Само со моменталнава ситуација размисли што како. Барај апартман блиску до плажа. Најверојатно ке има една дремка тогаш па ке е згодно да ти е блиску, заморно е да одиш натака навака ако има 15 минути одење. Плус планирај ги и реквизитите за плажа. Барем син ми мораше да спие во тивко и темно. Ако не е претопло може и на плажа да преспие, ама си зависи од детето. Ама ако е жешко ке мора да се враќаш дома од 11-12 до 3-4. Обрни внимание на бич барови какви има, за мало дете ти треба дебела сенка, да не се оние без врска чадори што не штитат ништо.
Јас имам обратно искуство. Во Турција се сместивме во ресортот и не мрднавме 10 дена. Навистина голем, огромен ресорт, многу имаше за одење секако, ама не бевме никаде. Во Грција секогаш шетаме во околни места.
Од првиот критериум нема ни тоа ни тоа . Ама не знам, мене не ми смета, камчињата не се камења за да се расечеш, само на влез се, внатре после е песок. Плажата си е ситен песок. Внатре исто не е пола километар плитко па длабоко, нормален пад има. Јас резервирав, мојата година ипол ќе биде. За ништо не го менувам местово, ни за 5 ѕвезди, не сум нашла друг хотел на сама плажа со природна сенка, не зборам резорти со сопствена плажа па да се убиеш од одење или апартман што е прв ред до градска плажа. Мене ми е приоритет да е хотел со јадење за да не готвам и да ми е плажата во двор, а бонус ми е приватна плажа и природна сенка. Ќе видам во сезона каков е, се надевам нема да ме разочара. Спојлер
Јас мислам дека втора половина на јуни имаат дождови. Ама нема правило. Јуни е, може и да врне и да е пекол. Барај си смештај најблиску до плажа, на сама плажа. Јуни е каде каде попријатен од август, ама пак ќе треба во најжешкото да одите во соба, тогаш веројатно ќе руча па ќе спие. Ако сте во хотел ќе доручкувате сите заедно, ќе одите на плажа, тогаш имаат 2 дремки, првата може и на плажа ако спие супер вие кафе на раат ќе испиете, па ќе поиграте уште малку и ќе се приберете во соба за ручек и втора дремка. Кај 4 веќе може да одите на плажа и до вечера може да седите. И зависи дома каков му е редот. Ако сте ко нас ќе си седите во соба пошто во 8 легнува мојата и не спие во количка . Имам другарка пример ќе ја избањаше, ќе вечераа, ќе и облече шпихозни, во количка она веќе спие, млеко си носи за секој случај и си шетаа или уживаа негде на обала.
Здраво ,би сакала да слушнам препорака за летување со две мали деца. Едното во јули би имало 3 години, другото 7 м. Од искуство дали е подобро Грција, Турција или Хрватска? Дали хотел или апартман? Однапред ви благодарам на секое споделено искуство
Зависи од ваши желби. Ние лани бевме во Турција и плажата не ни се допадна, а важи за една од поубави таму. Концептот е супер, ресорт голем, анимации преку ден и навечер, храна одлична, плажа убава, ама морето не е како во Грција. Хрватска е далеку. Грција имаш избор голем, ако одиш во апартман треба да се помачиш со избор. Јас едвај најдов нешто што ми пдговара од сите аспекти.
Од porfi beach hotel е плажата, ама овде е почеток на мај па нема жив човек . Не знам за август, за јуни негде 100е беше ПП. Само не ги гледај на букинг, во агенции се пеовтини.