Грција е блиску, убави плажи и море. Можете и во хотел или апартман. Турција за угостителство им нема рамен, ама за море ми се мех. Ако сте за да окапете во резорт со постојани анимации тогаш таму. Дефинитивно хотел. Хрватска ако сте по природни убавини и шетање, а и зависи каде, далмација или на север. Апартмани, има мал милион, хотелите се изгор и греота е да одиш во Хрвтска да се стационираш во хотел. За таму одберете си место и според местото барајте смештај. Од овие 3, Турција најмалку ја сакам. Хрватска ја обожавам. Ама со дете најпрактично ми е Грција за сега, за со две деца па мислам дека до Велес и ќе се задоволам.
@eli25 каде бевте на крај? Да не имаш препорака за хотел на втор крак погоден за со малечки? Дури сега исчитав мислења неколку страници наназад и гледам дека барам од прилика што и вие минатата година Исто, да сподели некој искуство од Олимпијада (после Ставрос)? Прочитав дека нема баш забава за деца;
Го гледав и јас, планираме после 20 јуни да одиме, здравје, ама цената е различна во различни агенции. Полупансион уплаќате вие?
Јас заклучив во повеќе наврати дека горат букинг ама претерано за 50%, па дури и во сам хотел ми искачало повеќе него преку агенција, види атлантис или војажер. Полупансион да, ми одговара јадењето, мислам дека и за малава ќе има, да не носам кујна со мене. Ручекот го оставам за слободен избор да има кога гиро да се јаде .
Незнам може сте заминале, ние обично Боровец одиме , Рила или Иглика, Иглика годинава е поскапа од Рила дека реновирана.
Не сум била во Метаморфозис, а гледам доста солиден смештај има на air bnb. Ако некој бил, што плажа има локална, околина и сл?
Јас бев во Голдн бич хотелот. Плажата е катастрофа, се е камења, матна е водата колку една кафена медуза едвај да ја приметиш. Ние возевме со кола 10 минути после метаморфози после лидлот имаше таму апартмани на сама плажа и таму стварно беше убаво. Арно ама нема за шетање. Пре би го избрала Ханиоти искрено барем се имаш. Метаморфози нема нешто многу за шетање. Али ми се допадна што се многу културни за разлика од други места .
Во Метаморфози никогаш не сум била (не знам зошто). Никити е релативно големо место има за шетање. Порфи хотелот не е во населено место, за секаде ти треба кола, од него нема каде пешки да се отиде. Во самиот хотел има ресторан, бар, има некои анимации за деца играчки за деца, лулашки, куќарки, биљард ко да имам видено.
Метаморфози е супер, има шеталиште, таверни и кафичи, ама не е бучно. Навечер е убаво за шетање и 80% беа фамилијарно, а има и парк со убави дрва. Конкретно таа плажа не знам каква е зошто не бевме таму сместени ама тука блиску другите беа преубави, на пристојно растојание од други луѓе, сигурно и таа е убава. За Никити немам ниту 1 убав збор, нигде дрво, локалите беа ужас, плажата просечна накај лоша, ко запустено цело ми делуваше, а во сред сезона беше.
Здраво мајки. Годинава сакаме прв пат да одиме со мм и бебе на одмор. Во Јули би имал 5 месеци. Да ми предложите некое место во Грција во хотел или апартман со добри услови за волкава возраст? Со добра хигиена пред се. Не ни требаат некои посебни анимации со оглед на тоа што бебе е мала возраст. Вие што сте биле одприлика во оваа возраст, од каде сте конкретно задоволни?
Некој лани да бил во грчка со мало бебе во Мај како беше за бањање? Знам времево е лудо и се менува ама обично е доста топло сега мај јуни. И на прв крак Сивири дали е за со деца?
Јас влегов втора половина при крај на мај свежичко е, ама малава не ја пикнав. Е другарка го брцкаше нејзиното, 8 месеци беше тогаш.
Hotel Porfi Beach - Никити Хотелот беше супер исто и храната ми се свиѓаше имаше избор и исто си имаат приватна плажа со лежалки. Баш е фамилијарен хотел . Ние бевме 2021 година со синчето имаше 7 месеци и супер поминавме.