Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.301
    Допаѓања:
    76.397
    Пол:
    Женски
    Па не е далеку многу, јас во Неа Пори со 4ипол месеци бебе бев :) Кога ке видиш и до Охрид и Дојран 3 саати има, плус за уште еден саат за во Грчка не е проблем, боље море во секој случај :)
    Мој предлог Грција, местенце кое е поблиску.. Ние бевме и Неа Врасна минатата година, фино е и тоа место, блиску.. само што морето е брановито, синко си се шлапкаше во базенче :)
     
    На mona22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Мајки предлози за одмор со 2 год детенце на море со потопла вода и кое море е најдобро?
     
  3. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Пелион источен брег ..Водата во јуни беше како од болјер стоплена :)
     
    На lilo и azelea им се допаѓа ова.
  4. angrypepper

    angrypepper Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Одите ли во хотел со 8-9 месечни бебиња и како се снаоѓате во однос на припрема на нивната храна? Незнам дали да одам во хотел или во апартман, од една страна несакам да се замарам за готвење/ идење по ресторани ако сум сместена во апартман, ама во хотелска соба (бидејќи не најдов асален хотел кој има кујна во собата) незнам како би спремала кашички за бебето..
     
  5. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.593
    Допаѓања:
    15.667
    Е тука нешто и јас сум на мисла,го разгледав полуостровот ми се свиѓа.Дај нешто предлози за сместување ако имаш
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.860
    Пол:
    Женски
    Хотелите немаат кујни во собите, не работат на тој принцип. Ако сакаш сама да готвиш за бебето, тогаш барајте апартмани. Евентуално во хотел може решо да си носиш, садови за припрема и хранење на бебето. И секако, храна. Ама фрижидерите во хотелските соби се мали, нема да имаш каде да ја чуваш.
     
    На azelea и angrypepper им се допаѓа ова.
  7. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    46.146
    Пол:
    Женски
    @ZojaP ај кажи нешто повеќе околу местово.
    Колку часа се патува?
    Како се движат цените?
    Како е со комарци?
    И нешто околу сметстувањето?
    Ми се допадна тоа што кажа дека е топла водата, зошто и ние сме со мало дете и тоа ми е многу битно, а искрено и јас сум си многу зимурлива и не можам во секоја вода да се бањам.
     
  8. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    A moreto vo Nei Pori kakvo e? Branovoto, mirno, dlaboko, plitko...?
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Мирно е и многу плитко.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    46.146
    Пол:
    Женски
    Дуфи, а водата топла е?
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Штом ми е мене топла,значи да.:D
    Супер е за со бебенце.
    Можеби има комарци повеќе,ама па каде што има вода секаде ги има.
    Сега има милион начини да се заштитиш.

    Предност за мене таму е големата плажа,ем широка ем долга, не се како на краците, лежалка врз лежалка.
    Па има каде да трчкаат малите.
    Многу е чиста плажата, стално ја одржаваат.
     
    На BabyStyle, Kejtovska и Rabbit им се допаѓа ова.
  12. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    I uste nesto, navecer ima kade da se proseta? Vo smisla setaliste, kafici, prodavnicki..
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Има шеталиште да. Со се.
    Кафици ,пицерии,маркети.
    Ако одите обавезно јадете пица од Вулканос/Вулкан вака нешто беше.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  14. angrypepper

    angrypepper Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    А во Никити бил некој да каже како е..
     
  15. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Само Неа Пори. Никаде на друго место :D. Шала на страна. Стварно е убаво мини гратче. Чисто чисто и ситен песок,топла вода, кај и да си сместен морето е близу.(poolparty)
     
  16. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    Може јас да одговорам ! Има каде да се прошета навечер има шеталиште и покрај него ресторани, продавнички за сувенири...... јас сакам пак таму да одиме ама греота е да се повторуваме во грција има толку многу места за одмор па затоа ке одиме на друго место, ајде некоја да ми предложи место слично на неи пори со широка плажа и такви ствари за со бебе во август ке биде 8 месеци
     
    На lilo и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  17. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Пелион го откривме лани и се заљубив во местото. На првиот одмор во јуни бевме на источната страна а на вториот во септември на западната страна од полуостровот.
    Сега ќе ви опишам подетално...
    На источниот брег бевме сместени во Агиос Јоанис неколку дена на Папа неро плажата која е најубава во Аг Јоанис но е пет мин пешки до градот. После бевме неколку дена во градот сместени па одевме до плажа со кола или пешки . Плажа има и во градот но не е толку убава .
    На Папа Неро беше поскапо сместувањето бидејќи си дирекно на плажа. Бевме сместени во прв ред .Плаќавме 60 еур од ден а после најдовме во градот за 35 еур и ептен сум задоволна. Жената ни ја чистеше собата секој ден и ни миеше садови нова постелнина средени играчките здиплени алиштата..Колку само значи тоа кога си со мало дете. Немавме поглед на море но сместувањето беше ново и чисто и имавме голема тераса.Ако е некој заинтересиран нека ми пише лп ќе ви испратам маил од жената.
    Источниот брег е далеку поубав за мене од западниот . Спојот на планина со топло море ме воодушеви.
    Ние сме од типот на луѓе што сакаме и да прошетаме и да видиме повеќе места па така ги шетавме околните плажи Домухари (таму е снимен филмот Мама миа) Милопотамус една од најубавите плажи во Грција ,Тсгарада планинско место за разладување од жештините, Хорефто преубава плажа и убави таверни...
    На западниот брег бевме сместени во Кала Нера како најтуристичко место но е премногу гужва за со дете и нема убава палжа па секој ден одевме по други плажи а навечер шетавме во гратчето. Местото Милина ми остави најголем впечаток. Убава плажа таверни лулашки на сама плажа за децата... Кога бевме на западниот брег ја прошетавме цела западна страна со Волос но поубави плажи има на источната .
    За источната страна како мана е тоа што се вози планината еден час но патот е убав и ладовинка во сенки и секако вреди да се посети.
    Патувавме 5/6 саати до таму . Доколку некој сака со мало дете да патува најубаво е да се тргне порано додека спијат децата. Ние така направивме.
    Оваа година пак би отишла таму иако не практикувам да одам на исто место два пати но местото нема конкуренција.
    Јас сум тип што не трпи многу жешко и на самата плажа да добиеш природни сенки со планински ветер и топла кристално чиста вода ми беше идеален одмор.
    Нашиве агенции го нудат Хотел Маро и тој се наоѓа во самиот град на главна улица..
    Ако имате други прашања овде сум


    Никити исто сме биле на првиот одмор со нашето дете и супер поминавме ..
     
    На Kom.pot, lilo, Rabbit и 2 други им се допаѓа ова.
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.593
    Допаѓања:
    15.667
    Е ова исто и јас барам,сакам спој на планина и море,ај пиши ми во лп контакт. И јас истражував и од форуми сите имаа пишано дека источната страна е поубава,прекрасни мести ги гледав на нет,не ги сакам многу краците и јас ради гужвите,посебно првиот.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  19. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.593
    Допаѓања:
    15.667
    Ние бевме лани,убаво местенце,и на плажите немаше многу гужви во секое време имаше лежалки слободни,навечер врие од деца и родители,а можете и на поблиските плажи да одите.
     
    На angrypepper му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    46.146
    Пол:
    Женски
    Топла е водата во Никити?
    Јас сум досадна со прашањево ама искрено многу ми е битно да е топла водата кај што ќе одиме и за малата и за мене.