Здраво дечки, да ве замолам за мислење/совет од искуство.. Се мислиме годинава за одмор во Метаморфози или Сивири, одиме со две мали деца: 2 и 4 години Метаморфози сме биле и многу ни се допаѓа местото, дека има борова шума, паркче, лулашки за деца, малку да се прошета..но плажата и морето не ни се бендисуваат баш баш...па бараме нешто слично со поубава плажа. Сивири не сме биле, знам дека е многу плитко и идеално морето за мали деца. Ме интересира какво е местото, има ли зеленило, дали има некое делче за деца, во смисла на лизгалки, лулашки, паркче.. некаде да се прошета малку од малку- да не е само плажа и дома @eli25 можеби ти би знаела повеќе за ова да ми пишеш За Метаморфози ако сепак одлучиме таму, дали имате препорака за убав смештај близу плажа @thinkerbell , @Калатеа , @irena.1, @JoyJoy , @awkey, @sweet-cherry ако сакате да споделите/прeпорачате сместување за таму? Фала ви женски :sun:
@anetass ние тогаш смештајот го најдовме преку Booking (мислам дека се викаше Loxandra). Веднаш над паркот и спроти шумата беше. Не беше директно на плажа туку да се спуштиш низ паркот до плажа (сенката ни беше побитна од плажата). Иако кога стигнавме сфативме дека надвор од местото па кон север има вили на плажа (има пат па плажа ама ич не е фрекфентен зашто е само за вилите). Тие вили не се во населено место и немаат ни маркет ни ништо во близина, нити плажа со шанк и лежалки. Во самото место само хотелот е одма на плажа се друго е над паркот; ама местото е мало па се е блиску. Најбитно е што има сенка на плажата (барем мене ми е тоа најбитно).
Бил ли некој во Јерисос на третиот крак да сподели искуство, уплативме таму за во јуни па ме интересира некој да сподели искуство ако има за местото.
Ние бевме во хотел порто матина. Хотелот беше малку постар. Но храната беше одлична и собите баш големи. На сама плажа е. Но многу малку ние седевме на таа плажа туку одевме на други.
Сивири измислено за мали деца. Ситна песок, плажите перфектни, водата плитка, не наеднаш длабоко, борова шума, парк, лулашки. Перфекција. Ханиоти исто така убава плажа, со ситен песок, продавници, раздвижено. Полихроно последниве години камења во водата и не го препорачувам.
Е баш погоре прашував за Сивири..значи има дел каде има лулашки, паркче во местото? Како е со гужви плажата, во глобала е без природни сенки?
Јака ви душа како можете да се возите 4-5 саати со мали дечиња/бебиња, па и чекање на граница. Јас едвај издржувам два и пол саати, многу е напорно.
Има место за забава на најмалите, лулашки, играчки, мал е центарот но има и неколку продавноци, кафичи, таверни. На плажата има место, а и блиску е Калитеа за навечер за прошетка неколку км. Според мене вреди.
Оооо значи тебе да те замарам за информации. Резервирано од јануари во куќарки за почеток на јули. Друг камп немаше слободно место уште тогаш. Ќе ти пишам ЛП ако е ок за пар прашања
плажата каква е, водата, тоа е класичен камп? пример дали има доктор? стандардно македонско прашање Сега читам за собите за 2 и 3 лица зашто стои дека не се препорачува за деца? Вие во кој вид соби бевте сместени? * како се движат цените на студио за во јуни, знаете, низ грција годинава?
Не знам општо за доктор дали има во кампот ама секако Неос Мармарас е на 10мин макс со кола и се има таму. Ние бевме сместени во тие мобилни куќи и годинава исто ќе одиме, ептен ни се допадна напред со дворче, за мерак Еве фотки