Па така беше на 7+. Следната година имаше година и пол. Трча по плажа, во вода, шутира топката, мора да пазиш да не бутне кафе на некого, бута песок во уста, се закопува, излегува од вода и ќе ти се помоча на пешкир, само што си ја ставил во базен станува, излегува, влегува, истура песок со кофата на глава или вода. Кафе раат само на смени, пиво земаш мо*ка топло ти станало додека се оправаш со неа. Годинава ќе видиме, па ќе пишам.
Топла е колку Охрид во август. Јас одам јуни и септември. Исто оваа година околу 3ти јуни во Никити. ОК е за бањање, не е претопла како во септември, но убава е. Сме оделе и крај на мај и сме се бањале.
И ние ќе одиме тогаш, не очекувам да е топла. Малава во плитко ако се шлапа и не планирам она мн да кисне. Во мај јас сум се бањала, маж ми нема шанси. Може да се истера одмор ама не е како август или почеток на септември водата.
Претпоставувам годинава ќе има 2 ипол. Лани мојот имаше 2год, преубаво поминавме плус јас трудна ама ич не беше напорно, одморивме. Нормално има моменти како и дома кога е досаден ама скроз спротивно беше од тоа што очекував. Сите што беа со баби и дедовци не седнаа, само тие викаа по децата, мислам уште полигави се кога има баба присутна.
Не е веќе бебе, голем дечко е , ама ќе прашам овде дека сте ми активни и со поголеми дечиња. Планираме јуни да одиме полупансион Грција, е сега, со малишанов (кој ќе биде тогаш здравје година и 10 месеци), не сме седеле по кафани многу, многу (ве лажам, ич), така да освен домашно зготвено, од надвор до сега не јадел. Лани имаше точно една година ко бевме, па за ручек поминавме со готови каши, за доручек и вечера му правев комбинации житарици. Ама одамна веќе такви кашички не го најадуваат, така да немам идеја што би му давала за ручек таму. Можам риба да му нарачам, ај и два дена да речеме, ама останатите? Јаде парчиња, освен месо кое сеуште му го блендирам. Ве молам за идеи .
Ние не сме поголеми, мојава ќе биде година ипол, одиме исто полупансион, ама јаде парчиња. Јас мислам малку да се опуштиш до одмор и да почнеш по кафани да одиш. Риба, рижото (негде имаа и кускус), тестенини, суфлаки, пица, печен/варен зеленчук, со ова мислам дека ние ќе поминуваме. Или ако ти е полесно, зготви манџи од дома вакумирај или замрзни и транспортирај во фрижидер што ќе ви биде уклучен во кола, не би требало да се одмрзнат, ќе ги ставиш таму во замрзувач и ќе истерате 5-6 дена со тие ручеци. Опција решо и пола кујна да преселиш секогаш стои, ама не си уплатила полупансион за тоа.
На рижото и тестенини не ми текна . Фала мама за идеите, готвено од дома ми е шубе да му носам, зошто не знам како ќе поминеме по пат, лани предвидени 4 саати 8 ги патувавме од што нејќеше во кола да седне.
Буквално 7 дена ако не јаде како што јаде цела година и ако јаде помалку или повеќе "здраво" ништо нема да му сменат, не му ја мисли. Земи си пластични садови, тоа што ќе нарачате ако не изеде ќе имаш и за утре дента. А јас годинава планирам умерено да "крадам" од шведската маса за да има ако треба нешто да прикасне во тек на ден, може и е дозволено за деца, не знам. Ама голем е секако, веќе може и смее да јаде скоро све што јадете вие.
Нашето ќе е толку за на одмор, За Никити се одлучивме, не сме бидени ама најмногу ни одговараше смештајот со условите ии патот од Ск ( плус бебе 3 месечно ќе имаме тогаш)
Да, да, си јаде сѐ тој, секако за доручек и вечера ќе јаде во хотелот, не сум параноик на тој план . Само за ручекот немав идеи како да го изведеме дека месото му го блендирам, ама убави идеи ми даде .
Ти можеш да земеш кашички за секој случај, нешто ако не бендиса. Па на крајот чудо големо една недела ако не јаде месо. Лани мојава на година и пол, и давав се и комбинирав и готови каши и храна по кафани. Таму немаше 3 оброци , 300 имаше , само јадеше нешто.
@Autumn Love Зависи каде ќе бидете сместени, односно каде ќе одите на ручек зошто скоро секаде има ресторани со готвена храна, некаде и во поголемите маркети има (свежо готвена, не пакована). Во многу ресторани сум начекувала мусака на пример, барем во неа месото е ситно и ќе може да го јади. Еден ден риба, па мусака, па шпагети болоњезе, па рижото, супа/чорба па пак од почеток .
Девојки, јас во Грција сум одела најчесто во септември, избегнувајќи гужви, големи жештини, но без деца. Годинава морам да користам одмор во средина на Август и со деца сме. Го меркаме Сивири (забележав и тука често се спомнува), и Фурка е во игра. Каква е атмосферата тој период таму, знам дека е уште сезона, но има ли премногу гужва, плажите? Водата чиста ли е? Има ли пешкир кај да се стави? Ќе мораме и преку агенција, во кое сместување сте имале искуство што го нудат агенцииве а да е солидно и нели блиску до плажа? Ќе уживаат ли децата? Ако пак имате искуство средина на Август во место кај што нема многу гужва и е погодно со деца, дајте предлог. Ви благодарам ептен