фала мама. Веќе не знам што да гледам. првично за со малава ајде неи пори ама се што е останата од смештаи ем скао ем старо и тесно на ништо не личи. дури размислуван на хотел ама не знам како ќе е со храна, пошто само на палента и манџи е мојата нејадачка. Давајте предлог за хотел ако не со нормална цена. Во ниеден хотел нема решо така? па и тоа не ми одговара.
Некои хотели имаат соби/апартмани со мини кујна. Ние лани бевме во Porto Koufo во таква соба, во хотел со вклучен доручек.
фала мама. баш сега го видов предобро е, ама некако соленко ми изгледа, а и нема ни датуми слободно се е фул. 230 евра од ноќ за двајца
Имам познаници кои носат баби за да ги чувале децата, они да терале одмор. Мене би ми било срам искрено.Цело година ми ги чува децата.Неможам сега да и речам оди однеси ги во соба ние да истанеме на плажа да пиеме кафе ? ! Мајка ми е сама, еден одмор обично јунскиот го тераме со неа, најмувам апартман она е сама во соба, не го пуштам ни да спие детето со неа.За јадење јадеме сите заедно, она да ти кажам и цел ден на плажа си го тера Си ужива максимално…. обожавател е на море. Јас плаќам се , сакам да ужива. Бидејќи сега ми ги чува децата , врзана е со одморот за мене инаку си има пријателка со која си тераат јунски одмор. Тоа е Инаку се слагам, најубаво е сами
Не ја сфаќам и јас поентата зошто си изненадена дека некој носи баба на одмор за да одмори. Значи ок е тебе да ти "слугува" цела година, а за некој што можеби не им слугува ич преку годината премногу се изненади дека бабата ќе им "слугувала" 7 дена само не дома туку на море. Затоа реков ти си знаеш...
Мене тој дел не ми е добар,Каликратија,Неа Флигита..Односно морето е поинакво, полошо од другите места. За носење баби на море,најчесто ги носат за да им се најдат со децата. Што ми нема смисла,а има и што ги носат од што се поврзани ,знам пар што си ја носи свекрвата зошто синко сака,а знам и бабата што ја носат од што е жената нераздвојна со мајка. Според мене годишниот одмор е за примарното семејство.
Ама твоето е ферски оти ситуацијата е таква друг одмор нема. Можам да споредувам затоа што чување дете е чување дете во битола во скопје во неи пори на месечина чување дете е исто. Знам, на одмор се оди за одмор и баш заради тоа не ми е чудно ако некој си носи баба. Заради иста причина ко твојата јас сестра ми ја носев.
Идеално за со дете. Топло и плитко море, има шеталиште, ресторани, кафулиња итн. Супер е, нема да згрешиш
Јас сакам почеток на септември да отидеме на море,до Грција краците тука блиску,предложете некое место. Тогаш Даријан ке има 5полни месеци,не е многу мал за да одиме со него нели? Баш мислам дека ке ужива и он. Пошто свекорот се буни коа реков ке идеме на одмор,демек каде со толку мало бебе не се носи не се иде на одмор ко демек прашав јас дали да го носам Би одбрала некое апартманче блиску до плажа да е,морето да е чисто пристојна плажа да има у стил да не е гужви и журки такви работи.
Не е ич мал, моето имаше 3 и пол месеци прв пат кога појдовме на одмор. Супер што сте одлучиле за септември, не е многу жешко, водата е топла. Битно е да не е многу далеку и да има доктор за не дај Боже и по можност апартманот да е прв ред до плажа за ако има потреба одма да можете да одите плажа-апаетман или обратно.
Да така и планираме. Како пројдовте вие на плажа со бебето,го мачкаше нонстоп со крема(и која?),во вода како го стававте со пелена ли? Треба ли такво како гума со кровче,да купам за во него да го ставам во вода? Имам еден тон прашања Незнам и што се треба да носам за него од лекови за недај боже,и некои неопходни работи,пиши ми подетално ако не ти е тешко.
Значи бабата да чува деца , мајката и таткото да одмараат? Така ќе им речеш, ај со мене јас да одморам? Топ.
По цел ден бевме на плажа, го мачкав со оваа крема https://logona.mk/product/eco-za-sonce-bebe-deca-spf45/ За во вода му ставав пелени за во вода од бејбилав, иако искрено 2-3 пати само го шлапнавме, не беше баш многу расположен за во вода. Наместо таква гума со кров, му зедов гума прстен за околу вратот. Од лекови: топломер, сируп и чепчиња против температура, ханзапласт, алкохол, хидроген, сируп за алергија, пробиотик, електролити, камагел или ако е поголемо детенце синопен, алое вера гел.
Да, од дм. И заборавив, купачи со УВ фактор (најевтини шо имам најдено се во ваикики), исто и капче/шешир.