Точно и не знам шо е чудно тука. Можело да слугува цела година и за кафе и за кафани за секое отсуство ок било, ама на некој што не му слугува ич преку цела година фрапантно било да ја прашаш дали сака со тебе на одмор. Смешки.
Фрапантно е да ја викнеш на одмор за да чува деца. Другото не. Она не заслужува одмор, еве и да не ти слугувала цела година ?
Јас не би ти препорачала памперс за во вода. Се полни со вода за секунда и ке тежи на бебе. Кога ке го внесеш во море соблечи го голо по долен дел купачи (или ако нема гужва сосема голо - не сакам деца нудисти) а потоа веднаш облечи му.
И јас за второво дете нема да купувам вакви пелени. Не се практични ич, одма се полнат со вода. Исто купаќи, голо дете не.
Ај да се убацам и јас И ние ке ги носиме со нас мајка ми и свеква ми ама не за да го чуваат они а ние да шетаме туку и они да одмараат да си поминеме убаво сите заедно,па ке си го чуваме сите заедно,дооолго чекан ни е на сите Они можат за јадење да направат нешто па во тој смисол да ни помогнат. Иначе јас дома помош од прв ден немам,се сама сум со него,па и на одмор не ми треба исто,искрено. Не дека неможеле да ми помогнат,сама несакав незнам зашто,не давав никој да ми го пипне на почетокот
Знаете ли кај има толку мали купаќи? Мојов ке биде 5 месеци негде ко ке идеме. Супер е тоа без пелена во вода ама ако направи беља во вода ми е незгодно
Остај ги во соба сами и на враќање само у кола ќе се видите и топ ќе им биде Иначе да, еве лани кај шо бевме у хотелот, пола паровите со бебиња беа со баби , дедовци. Мерак ваљда , ама и јас повеќе сакам сами. Ова и должам на мајка ми, затоа вториот одмор сами го тераме
Ваикики и Окаиди имаш 100% ги гледав. Екстрим интимо исто , х&м имаа изнесено побрзај зошто брзо се трошат
Ама таа ќе си оди на свој одмор на сопствен трошок со свое друштво. Со мене ќе дојде ако сака/може и нема да плати ништо. Исто ко што не мора да ми чува за да одам на кафе во кафич не мора ни овде да дојде. Отворена понуда
Мерак е највеќе,ама нека ако,нека се радуваат и они. Ко ке ми текне колку луѓе не ни дочекуваат внуче за жал,нека користат максимум нашиве,радости се Иначе кај бевте вие? На кое место? Неи Пори знам дека е убаво за бебиња. Ние лани во Калитеа бевме ама некако не ми е за со бебе по тие удолници угорници,а пак би идела..
Неа Пори не. Тој дел водата не е чиста како на краците. Премногу комарци исто. Јас 5 години одам во Сивири , таму е убаво за деца, можам да ти предложам и смештај. Плитко е, топла вода. Годинава јуни ќе одиме Никити, август Јерисос на трет крак . Не го можам веќе Сивирито
Ако е растеретено на плажа е ок, секако од вода одма во пешкир оди. Ама ако на метар два од бебе има луѓе обавезно купачи. Патем пелените се исти како обичен памперс, подобро гаќи памперс ако некоја реши да носи обавезно. Тоа е друго. И јас имам син кој е многу поврзан со баби и дедовци, па ако некогаш имаме прилика би оделе сите заедно за да се дружиме. И јас бев препосесивна ако некој го пипне синко. Не какаат на 5 толку често. Плус и поцврста е каката. Рачунај дека можеби и нема да сака вода. И во зара има, а окаиди еве ги целосните со ув заштита се https://www.okaidi.com.mk/kostimi-za-kapenje/244407-kostim-za-kapenje https://www.okaidi.com.mk/kostimi-za-kapenje/242589-kostim-za-kapenje
Не мора, затоа постојат двајца родители. Татко и мајка. Ако таткото е маж, мајката ке може да јаде пие и спие како човек. Впрочем, како и дома.
Велам дека на заслужен одмор таа ќе си оди (без мене и моите деца), со татко ми. За да ми чува деца на одмор со мене ќе дојде ако сака. И нема зошто да не ја прашам. Како што ја прашувам и кога одам во кафич впрочем.