1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.001
    Допаѓања:
    110.330
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш врати се назад и препрочитај.
     
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    На одмор одиш да одмориш кога си сам. Кога ке родиш дете, не треба да мислиш дека е ок некого да повлечеш во друга држава за да ти слугува а ти да одмараш.

    И сама си пишала: ако си носи баба. Исто како што богатите си имаат чистачки, готвачки, градинари, ти така си носиш негувателка на одмор за да одмориш.

    И што има тука да се разбере и толкува?
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.001
    Допаѓања:
    110.330
    Пол:
    Женски
    Ни да ти слугува кога нема да си на море. А ако е ок некој да ти слугува дома тогаш треба да ти е ок ако на некој му слугуваат на море.
    Ете пример може мене има кој да ми слугува на море ама нема за преку цела година. И сега? Да судам друг дека му слугуваат цела година? Или да паѓам во несвест како може да очекуваш да ти слугува цела година?
    Епа ете и слугува бе фана. Може и сака да ѝ слугува и ѝ слугува и сега што? Да не треба мене да ме праша дали е ок?
    Или тебе?
    Свашта |(
     
  4. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.524
    Пол:
    Женски
    Јас го делам истото мислење.
    На денешницава никој не е должен на никого, едноставно ако сака.
    Ако е мајка ми во пензија треба да си ги поминува пензионерските денови како што таа сака, да си излезе со пријателки, ма да прави едноставно што сака а не да ми чува деца на мене.
    Таа не чувала нас кога требало, не одеше на работа памтам за да не чува.
    Ова е период кога таа треба да ужива, а ако инсистира или еве веќе поради која и да е причина ми го чува детето, тоа е едно “благодарам” за вложениот труд и време.
     
    На Mnik, mssuniquee, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.001
    Допаѓања:
    110.330
    Пол:
    Женски
    Така ами како :rofl: и во меѓувреме лист ќе и дадам по еден во двете раце и да не лади мене и мм дур лежиме ние со четирите во вис :D плус да пази пијачките дали ни се доволно ладни, а ако сме ги испиле да ни дотури :!:
     
    На Mother of 2boys, Eli23, Discovery и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    2.362
    Пол:
    Женски
    Темава за бабиве е пресмешна. Факт е дека има баби што сакаат да чуваат внуци, уживаат во тоа, па не и е важно дали тоа е дома или на море. А кога веќе ви ги чуваат цела година децата, мислам дека е ред кога одите на одмор да ја пуштите да си оди или со дедото или ако е како на Ели случајот да оди со пријатели. Тогаш е ферски и 7 дена буквално сами ќе одмараат, а вака нели се појдени со вас, колку и да не и давате да прават ништо, доволно е што се пак со децата. Ние годинава прв пат сами одиме со две бебиња, имаме на располагање баби и дедовци што со задоволство би дошле да тераат одмор со нас, ама ние сакаме сами, јас мислам дека така поубаво ќе ни биде или од наредна година ќе водиме цела екипа :D
     
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.509
    Допаѓања:
    172.618
    Пол:
    Женски
    Нема врска со растеретено нерастеретено, на овие штетни ув зраци дете не смее да е голо, па во море каде е целосно изложено на сонце никако!

    Има супер убави целосни купачи за кога се во вода и изложени на сонце и капчиња со стреа и плус заштита на задниот дел од вратот. Кои исто се со ув заштита.
    Сеедно дали е целосен костим или дводелен после пливање одма се менува. Туш со чиста вода, мачкање крема и маичка. И под сенка обавезно.
    @АнаМаријаД вистина пелените се полнат со вода, ама во вода сигурно не тежат, плус 5 месечно не дека знае да плива, ќе го ставите во гума со дел за седнување и ќе си плута и ужива. Ама надвор одма ќе ги вадите.

    За вие што имате над година ипол деца, има многу добри мускули во Интерспорт, кои се специјални за мали бебиња и деца кои не дозволуваат детето да се преврти на глава како обичните мускули. Ќерка ми од година ипол плива само со нив.
     
    На АнаМаријаД, Tiny Love и IRBBB им се допаѓа ова.
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    4.869
    Пол:
    Женски
    Секој си знае за себе, не гледам поента за расправијата околу бабите.Еве јас да не дојдеше мајка ми да ми помогне за пеглање ке отидовме сигурно комплет згужвани на одмор, јас стварно немам време, сама се понуди да ми помогне, дојде и 2 куфери испегла.Имам одено сама со неа на одмор сама кога син ми имаше 1.5 год, јас си го чував цело време, колку беше брз она неможеше да го стигне на плажа по песок, никој не слугуваше на никого, супер ни беше.Дете само со баба не би пуштила на одмор како некои што имаат обичај да праќаат.
     
  9. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.524
    Пол:
    Женски
    Јас кога прочитав понадоле каква дебата се отворила и какви муабети паднале, се покајав што искоментирав :D
    Очекував напад некој ама не можам да си го расипувам раатот за нечие мислење :coffee:
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.695
    Допаѓања:
    323.050
    Пол:
    Женски
    Калитеа е најубаво баш за бебе ама да сте доле.Има доста вили на само море:Галини,Посејдон,Маргарита хотелот,Амон зеус и мн др.Ние сме секоја година таму по 6 дена обавезно,а втор одмор крај на август бираме друга локација.Водата е претопла,плитка и чиста.Плажата песочна.Нам ни е уживање.Никогаш не сум гледала да има шеталишта,колички туку да е водата прилагодена за децата за да може раат да се бањаат.Впрочем за водата и морскиот воздух и ги носам.Колички имам и дома в град.

    За другата тема не ми е јасно како не успевате една недела сами со сопствените деца?Лани два одмори имавме со 3 деца(годинава пак) и ни на крај памет не ми е да носам некој со нас.А истеравме и кафиња,и два пати плажа,и вечера во ресторант,и шетање.Добра организација само треба .
     
    На Mnik, Eli23, Gosh и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Може линк да видам какви се?
    Нешто барав на нивната страна но не најдов нешто такво.
     
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    Бебенце од 5 месеци колку долго ке се бања? И во колку часот?
    Препорачливо е да ги фати и сонце наутро до 11 и напладне после 5. Секако намачкани со крем со заштитен фактор.
    Мое искуство со целосните е дека држат ладно, син ми не ги сакаше. Поголем беше и кажуваше дека не му одговараат.
    Едно влегување во вода се мокри и цело време ке се такви.
     
    На Ano и eli25 им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    Која кажа дека треба да ме слуша мене тебе или некоја трета членка? Се фаќаш за глупости.
    Тие што решиле да водат баба сервис на море и без мое мислење позитивно или негативно ке одат.

    Тоа што никој никого ке прашува дали е ок, па според тоа да вика баба, не го менува фактот дека да одведеш една баба, од сите баби и дедовци е безобразно од страна на родителите.
    Да не зборам за тоа родителство кога со свои деца не можат да излезат на крај.

    Можеби дека јас и маж сами го израснавме син ни, во градинка од 2 часа подолго не седел, па ми е чудно што некој не може со свои деца да се справи на одмор. Каде се е ново и интересно, плус што заспива уште во 8.
     
    На joy1, mssuniquee и eli25 им се допаѓа ова.
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    1.293
    Имаш ли линк од сместувањата? Ние планираме во Калитеа ама во центарот барем за навечер да излегуваме.. ама ако може и на сама плажа не би било лошо
     
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.001
    Допаѓања:
    110.330
    Пол:
    Женски
    Да исто колку шо е безобразно да ти слугува некој цела година.
    Ако тоа е безобразно и ова е.
    Многу ќе ме замисли небитен форумски лик ако ми рече дека сум безобразна и дека ако постапам вака е ок, ама ако постапам поинаку не е. Па дури: не го менувало фактот. Фактот еј :rofl:
    Чиј? Твојот факт? :D

    Остани си ти зачудена и понатаму и не му соли памет кој како треба да си го планира кафето, викендот, кафаната, летниот одмор и животот воопшто.
    Многу работи и мене ми се чудни па не му се мешам на луѓето да му попувам како е (според мене) исправно.
     
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    Од што сум небитна, потроши драгоцено време да ми објаснуваш што мислиш, како мислиш, со кого си била на одмор и со кого ке одиш летово. 8)

    Ама добро, таков е менталитетот Балкански, не си ти виновна.
     
    На mssuniquee и eli25 им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.001
    Допаѓања:
    110.330
    Пол:
    Женски
    Да таков е, на си ни ти виновна. Ничим изазван да се пикаш во масата на комшијата и да го поучуваш како требало оти во твојата маса така се правело. Патетично.

    И браво за жена мајка кралица ко тебе шо сама го гледа детето сама оди по одмори. Друг таков нема, да знаеш :bow:
     
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.641
    Допаѓања:
    18.245
    Пол:
    Женски
    На маси каде има почит, каде што баба се поштува како таква, а не како личност која трча во помош на одмор за да младите одморат, од сопствени деца секако, се прави како што наведовме.


    Многу не има такви, еве ја @joy1 со три оди сама, @eli25 , @mssuniquee со две, тоа од прва што ми текнува.
     
    На eli25, arontt и mssuniquee им се допаѓа ова.
  19. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Јас би сакала цела моја фамилија заедно да одиме на одмор. Но, тоа нема да се случи секако. Краток е животот, зошто да не ги поминувам сите мигови со семејството.
    Нејсе, каде купувате купачи за цело тело со УВ заштита?
    Земал ли некој до сега од АлиЕкспрес, ми седат во кошничка не знам дали да ги нарачам.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.001
    Допаѓања:
    110.330
    Пол:
    Женски
    Да да. Дека така рече мила од форумот и би така ете :worried:

    Како што навела бе :D
    Мила наведе како треба земете тетратка и запишете:!: