Да Фана. Ако ти не можеш да прифатиш нешто што е во современи општества нирмално и очекувано, не е мој проблем. Навистина не е.
Накратко: неа и е сосема ок млад брачен пар, со свои деца, едно две три - колку и да се, да носи со себе една баба за помош (не како семејство да одат за убаво да си поминат) за ручек, кога децата ке преспиваат во апартман и сл. Секако за да можат родителите кафе и пиво на плажа да гостираат.
Ова е веќе препукување. Поента немаш, во празно вртил Мила ова мила она битна небитна и сл. Смири страсти Фана, и ти си во право. Ке ставам во забелешка.
Епа добро, исто како тебе што ти е во ред преку цела година некој да причува дете, да зготви и не знам што друго прават за тебе или било која. Знаеме дека не има секакви и јас не би паѓала толку во несвест.
Не ти имаш поента. Ќе ми солиш памет тука за нормално и ненормално и од форум ќе проценуваш кој каков однос има со родител. Безобразен бил, ненормален бил, неспособен бил.
Ја претеравте за темата со бабите, нека си оди кој како сака и со кого сака, на кого како му е убаво. Ја напунивме темата само со офф топици за џабе. Грциве претераа со цените годинава апартманите се прескапи мене за август ми побараа 75е од вечер за апартман кај што одам, душеците им се стари 10 години пропаднати не сменети. Претерано е скапо за спиење само толку пари да се фрли, ние се решивме за тој одмор во август да кампуваме па ќе видиме како ќе пројдеме го одбравме кампот Блу дрим во Сани.
Ајде ве молам доволно е со оф-топиците, вратете се на темата. Ако сакате да продолжите со нова дискусија, без расправии, отворете нова тема за носење помош на одмор, од тука ќе бидете избришани.
Линк немам, ама ја имам сликава од нивната страна е, од пред некоја недела. Не знам колку ќе ти заврши работа. Исто при пукање недај боже, не испуштаат одма воздух како обичните. Иначе да не бидам погрешно разбрана, нема нешто целосно безбедно за во вода, и без разлика кои реквизити се користат не смее децата да се остават без надзор. Има само избор меѓу лоши и подобри. Колку си контрадикторна сама на себе. Ај да ти го обработам коментаров. Бебенце од 5 месеци може да стои 30-40 минути во вода до 1 час ако ужива, па особено септември кога водата е прилично баричка загреана. Е сеа, ако ти сметаш дека сонцето до 11 е сосем наивно за бебе да биде само така оставено голо, тогаш овој дел немам што повеќе да го дискутирам. Возразни сте вие си знаете. Препорачливо е да ги фати сонце точно, ама не да си толкав буквалист и да го остаиш на сонце голо. Мислам Препорачливо е значи да го шеткаш, делумна сенка, секако соодветно облечено и заштитено. Твоето искуство не е правило. Син ти не ги сакал, ама не држат ладно. Под вода си чоек. И апсолутно не се воденат цели ако сам не ги наводениш. Ќерка ми кога беше во гума си беа водени до делот што е под вода. Сериозно не знам како очекуваш да бидеш сув во вода. Горниот дел што беше над водата беше сув, да имаше искуство ќе знаеше, и не држат ладно, ниту топло туку кожата може да диши, се прилагодуваат на телесната температура за тоа се наменети, ама толку знаеш. Ние ја шлапкавме цела во вода 10тина минути пред излагање и надвор нормално костумот одма се вади. Син ти кажувал дека не му одговарале. Абе оди таму не ме смеј. Децава се ќе облечат или ќе соблечат само да не излезат од вода. Плус, кога се работи за нивно добро нема компромиси.
Јас бебе од 5 месеци не би го бањала 30 мин а не пак 1 час. Ама ти ако сметаш дека е ок, тогаш добро. Да, сметам дека во септември сонце до 11 е повеќе од ок за било кого. Освен ако не се горештини невидени, ама возрасен може да процени. И со фактор 50ка не гледам проблем. Не знам како успешно останал делот над вода целосно сув кога има бранови и одреден дел е постојано во-и-надвор од вода. Пример ке се намокри ракавот и ако не ја пикне раката внатре држи ладно. Детето се тресеше кога беше облечен нагоре во маицата со долги ракави. Од окаиди конкретно, други брендови можеби се подобри во тој поглед.
^Да биде сув шанса нема. Јас би се тресела така од студ инаку , не па бебушка. Јас кратко го бањав син ми планирам и сега исто, па после во базенче ако сака да седи. За на сенка и сонце од тие блузичките со УВ, мене ми се попрактични отколку целосните На син ми сеуште му купувам иако “голем”
Ве молам искуства со Анталија или Бодрум или Алања , друштвото со нивни деца оди на 23,07 до 06,08 а јас не знам дали баш тој период да одиме или да одиме малку крај на август од 13 или 20.08 во Анталија ?
Од каде купувате таква облека со ув заштита? По можност линк да пратите. Гледам на нет само од некоја страна бејбишоп ми вади а баш вчера ја видов таа страна по групите на фб дека производите од али експрес им се. Конкретно се работеше за електричн пумпа за гради, тие ја продаваа 7000 а на али беше 400 денари
Уф страшно, немој ти никако. Сите препораки се за фактор преку цела година чак и декември на планина можеш да изгореш, али гол на септемвриско сонце со 50ка фактор било ок за секого. Ќе пукнам од смеа. Да јас ќерка ми на бранови ја пливав. Боже. Да, горниот делот останува сув оти само си плута горе. Толку е. И не, не е ладно исусе христе, сонце има, на море си, воздухот е топол. Телото е загреано. Освен ако не пливате во реки тогаш верувам е ладно. Абе.. начини има, изговори уште повеќе, искуство најмалку. Ајт поздрав и убаво лето.
Не ти треба Фана специјална облека за 7 дена што ќе те кошта колку одморот. Не се оптеретувај, гледај само за во вода да се повеќе заштитени при целосна изложеност на сонце. Земи им бели маички, капчиња/шеширчиња, фактор со висока заштита и секако под сенка. И уживајте.