Да, ама таков смештај потешко се наоѓа. Збудалени со цени се. На угорница им се по 60 евра. Прв втор ред си веднаш на плажа.
Нема никаде , се е околу 500 евра за наем ама пак не е тоа тоа и плус трошкови за храна итн... па јас барам моментално за во турција со комплет све да не му ја мислам ако се одлучиме на крај ќе видиме ако не се предомислиме
За кој период бараш? Каликратија јас плаќав 75€ во прв ред уште пред 4 години, сега се сигурно над 100€. Олимпијада лани беше најефтино, исто и Флогита ти спомнав, евентуално и Плагиа (споена е со Флогита). Имам неколку контакти од Флогита ако сакаш да ти ги пратам. Не сум била кај нив така сум запишувала броеви што биле запишани на апартманите кога сум била таму. Ќе ти пратат слики и евентуално ако немаат слободно прашај дали знаат некој друг што издава.
не би сега со малава во турција. златно моренце во грчка, засега ќе ни е топ. Горе доле како у турција ќе поминеме финансиски, ама тоа е.
прати ми. За во август планираме баш одмор одмор. Сега за јуни може на некој ден да идеме. инаку олимпијада прашував не е баш евтино.
Е нема повеќе евтино . Олимпијада бев јас лани крај на јуни беше 65€ во прв ред, што е всушност и евтино за прв ред, а апартманот беше минијатурен. Ајде ќе ти пратам тоа што имам.
Јас најдов за мнооогу поевтино ама уште во јануари резервирав. Инаку се наоѓа, никана пуштаат последни слободни термини за некои вили и има ок понуди, посебно за Тасос, од таму работат. Генерално се е прескапо, посебно вили што се прв втор ред се по 70-80 евра, треба да дадам 800 евра за спиење само, што е надвор од ум. Креветите ретро. Еве слика пример. По агенцииве за септември и крај на август и поевтино има, ама нема избор, мора да се согласиш на тие услови.
Искуство со апарт хотел блу во Сарти? Или предлог сместување за Сарти? Има место каде да се шета навечер?
Добро грциве не се нормални со цените. Се шо најдов досега во прв или втор ред Никити е над 150 евра од вечер. Некој да знае поефтин смештај, било каде на прв и втор крак, прв или втор ред да е под 80 евра од вечер или тешко годинава
Имаме одено без деца, прв ред Полихроно. Полистило спити на фб побарај. Пред 4-5 години не беше нешто многу скапо 50евра од вечер за двајца.
Не се нормални навистина, прескапо е. Ние поместивме за почеток на август, јас не можам да најдам ништо нормално па макар и на периферија. Овој апартманот од погоре во Сарти е ко поприкладен, ама на мисла ми е да не е ептен шит или далеку. Барај на никана и грчкаинфо, или ласт минит,друго нема.
Каде наоѓате ефтини а убави хотели во Турција.Белек се што барав беше над 170000 ден па до кај 400000.Таа пара за базент не ја давам,башка малтретажа по аеродроми.Никаков бенефит немам од базент искрено. А и огромни се хотелите.Додека стигнам од хотел до морето душа ке испуштам Фибула неделава со инфлуенсерите покажаа убави хотели низ Турција ама исто цените не беа испод 2500 евра никаде.
Да не ти спомувам дека последен ден напушаш соба во 11 наутро а летот е доцна навечер. Каков хаос се прави немаш поим. Баравме да си доплатиме за соба било каква ама се беше фул, детево во хол спиеше. Не на улица де, се наспа, ама мене ми беше малтретирање.
Гледајте Еуросава има понуди може да се најде 500 е по особа, а се доплаќа за дете над 2 год по 250 за лет. И јас годинава што гледам под 2000€ за одмор не сме, но тоа е маж неќе за друго да чуе. Јас сакам и со кола он никако А за Грчка плус со тие цени не би никад искрено.. ваму е барем хотел 5* Ултра алл се вклучено, за деца се и сешто.. Ние Турција не ја мењаме за ништо години уназад,секогаш сме поминале одлично сакав Шпанија но од кај нас нема понуди така да пак годинава тераме но овој пат сакам Бодрум да го посетам
Оваа година зошто поради професионални обврски одморот ќе ни биде покасно, искрено немам гледано ништо, ниту знам како се движат цените. Рачунав на фибула ама ете и кај нив е поскапено.
А и нешто се размислувам за не баш класичен одмор годинава. Само беба ке ми биде мала 10/11 месеци, за една тура низ Италија или Шпанија. Реално ако една Грција ми е 2000€ нема да има некоја огромна разлика.