Искрено ми се шета по убави плажи,не сум човек што сака да лежи и да јаде и пие. Еднаш сум била на одмор во Турција и еднаш во Истанбул и искрено не ми се допаѓа земјата. Не велам дека никогаш не би одела, ама никогаш не би ми била Турција приоритет.
@IRBBB зошто не разгледаш сместувања во Каламици? Мало селце е до Сарти и сите сместувања се блиску до плажа, па за шетање за навечер можете со кола да одите до Сарти, блиску е. Една година ние најдовме евтин апартман таму одма до плажа. Со мало дете мене ми е најбитно плажата да ми е блиску. А и не шетавме секоја вечер. Плус ги посетивме сите убави плажи во близина. Ако сакаш убави плажи барај втор крак. И климата ми беше погодена, немаше комарци и бубачки. Еден од најубавите одмори
Да, исто. Само компарацијата ми беше во однос на цената. Реално со мали деца не знам колку е возможно шетање, иако и јас би сакала.
Ако не е проблематична во кола, види ја и Хрватска. Јас таму размислувам за август, зависи од расположение може ќе се преспие негде на одење/враќање, а ако е мирна може и во 1 ден. Нема шанси да не најдеш солиден смештај за пристојна сума.
Да може вака кога ќе се спореди Турција искача годинава поисплатлива со храна хотел авион се од грција ама зависи колкави се децата. Дефинитивно за под 4 години им е мака по авиони и кумовиве исто сценарио имаа што не им дозволија да седат у соба што викаш во хол на рецепција па им каснеше авион на аеродорм окапаа и некако и затоа ја оставам здравје за други години хах. Иначе многу од фибула од инфлуенсериве не ни покажаа плажи лежалки само базени и соби сликаа некако
Првенствено сакаме местото да е поголемко, да има каде да прошетаме навечер, да седнеме да јадиме. Не ни е проблем шетањето по плажи, лани со помало дете истеравме секој ден на различна плажа, годинава се надевам тоа да е помал проблем. Макар што веќе не исклучувам никаква опција, не се нормални со цениве. Се сеќаваш на смештајот во Каламици како се викаше? Таму плажата е сон, оваа година ако одиме на Ситонија, мора да ја посетиме.
Кои се типс & трикс за шетање по различни плажи со тодлер секој ден? Зошто ова ми звучи како невозможна мисија на мене?
Септември. Не се будиш рано, не одиш два пати на плажа. Се наспиваш, стануваш, доручкуваш и в кола. До душа, рака на срце да не се правам нешто, сите плажи лани шо ги посетивме ни беа блиску. Најдалечната беше некои 30-45 мин возење. Седиме цел ден на плажа, се пакуваме за назад. Туш и надвор за вечера и шетање.
Само за во кола да се спакувам 1 саат не ми бега и на 5 мин да е плажата ќе ја одбегнам. А ручек? Ај може ќе се осудам годинава да шетам по плажи, ма да лани не се осудив ни навечер да шетам, бар тоа задоволство да си го направам сега ако ништо друго.
Ех, тракатанците ги пакуваш еднаш и си седат в кола, купачи, крпи исто ко да одиш на плажата кај шо си сместена. Плус фрижидерче со храна- нешто од дома спремено, ладни сендвичиња, овошје, грицки, вода. За него готови кашички носев. Ако е плажата поурбана, може таму да се руча, во спротивно со храната шо ја носевме.
Ние не плативме баш малку. Хотелот беше прва линија на плажа. Ама ние не сме задоволни. Поскапо ни излезе од Грција. Синко не ни влезе во море. За разлика од Албанија каде не излезе од вода. Во врска со соби, тоа е секаде така, мора да исчистат за наредни гости. Ние бевме спремни да платиме колку треба ама се беше резервирано. Инаку холот беше огромен, ни галама ни ништо, се наспа синко, не ни правеше проблеми при летот. Кој оди за храна и базени Турска е топ. За море Грција или Албанија.
Оваа година за Турција има директен лет со авио компанија Sunexpres. Касно дознав, веќе уплативме за Грција ради малово дека поблиску. Иначе Турција не ја менувам за ништо. И Турција не е само Анталија. Има преубави места и други како Бодрум, Фетхије, Чешме.. Иначе лани бевме на мини одмор во Грција и тоа последен момент ни текна па едвај најдовме место во Неа Флогита. Местото за со мали деца е сон, бар за мене. 2-3 реда куќи, преубава плажа песочна и долга, море бистро плитко. Кафичи барови уз цела плажа, шеталиште долго колку цела плажа. За деца имаше исто занимација за навечер. И што мене најмногу ми прави кејф е тоа што е многу блиску до Скопје, за со бебе прав погодок
@Anturium ѕирни го овој смештај. https://grckainfo.com/hotels/Alexia-s-House?checkin=05/08/2023&checkout=12/08/2023&adults=2&child=1 Ако најдам уште нешто, ќе ти пуштам.
Го гледав и јас ама барам со посебна кујна, тука е само една соба. Бебе ми заспива 9-9ипол нема да можам ништо да зготвам. Фала ти многу што и ти се ангажира за мене, дома сите блиски ни бараат смештај Најдов еден и во флогита 90 евра од вечер, ако не најдам друг таму ќе е веројатно. А толку не сакав каликратија и флогита, здосадени ми се ептен