Почеток на август, до 14ти да сме вратени. Ѕирни го ова https://grckainfo.com/hotels/Antony-s-Apartments И апартман за 4ца возрасни (ми личи дека не е кујната заедно со спалната) е поевтин од 90€.
Еј ова предобро фала ти. Малку е подалечко од плажа ама битно во Никити е. Утре да го види мм и резервирам
https://grckainfo.com/hotels/Amaryllis-Complex Овде имам јас резервирано за јуни. Кујната е посебно. Цената е 90€, но нас ни намали на 75€ поради тоа што резервиравме не 2 апартмани.
Ми збрчи во глава за одмор во Кипар. Бил некој со дете? На кое место? Сме биле еднаш во Ларнака, кога би одела би сакала на друго место да е. Во околината на Агиа Напа се најубавите плажи, ама дали има организиран превоз до нив, со оглед на тоа дека ќе одиме со авион. Нашиве агенции слабо имаат понуди за таму, па ако имате и предлог за сместување, добредојдено е.
Ние често одевме без дете до пред корона ради наши таму. Сега се мислевме за крај септември, тогаш ми е најубаво, се дише, а водата е бара. Ама го укинаа директниот од Скопје и на два ума сум. Јули и август да ми платат не одам на одмор таму, во јуни не се дише не па цело лето. Сега има некои директ чартери мислам дека им се баш со смештај агиа напа, ама во најжешкото. Кога одевме преку Солун кола остававме на аеродром Солун, а таму земавме рент а кар, аутоматик, обратната вожња се навикнува, башка грото им е автопат, ќе си возите пополека. Јавен транспорт не е добар, а организиран туристички не сум барала. Агиа напа не ми е омилена, премногу гужва, на Ниси пешкир нема кај да фрлиш. Ми се случило да стигнам, после пола саат едвај паркинг да најдам и да се изнервирам да си отидам. Околу Лимассол не се такви тиркизни и бели плажите заради темниот песок, ама природата е невидена, е знае многу да дува по плажите, дури непријатно. Убав е Кипар, поразличен, има убава природа, прежежок е во лето, за шетање е супер, за одмор со легачење и плажа секој ден цел ден не баш. Јас не го бирам за приоритетен одмор со мало дете, пре би надоле накај Атина на островите. Можда вие баш такви барања имате за одмор, да не те предомислувам. Ако те интересира нешто поконкретно слободно прашај. Едит: А и "никогаш" не врне во таа пустелија, за тоа не се секирам
Вие што бевте во Никити како е навечер , има ли нешто интересно за деца ? И дали е блиску све секаде, од продавници до плажа ? без кола ќе бидеме се мислиме меѓу Турција и Грција
Фала мама на деталното објаснување. Сепак не, најпрво зошто е прежешко. Бремена сум и не знам ни јас дали би ги издржала жештините, а директен лет до Ларнака има до крај на август. Летање до Солун и возење од таму ми е премногу. Можеби некоја следна година. Ама ќе го имам на ум Лимасол. Да, покрај сама плажа има огромно шеталиште, има колички и такви ствари за деца. Локални продавнички и пекари има насекаде, а голем маркет (масутис, мислам така се вика) од плажа до него има 15тина мин пешки по угорница. Сѐ зависи каде ќе сте сместени. Има и Лидл ама надвор од градчето, за таму ти треба кола.
Значи само ние пред секој одмор се караме или и вашите мажи се такви. Значи не седнал 5 минути да разгледа ниту понуди, ниту услови за со бебе и места, и пак не му се докажува. Не ми ги бендиса тие што ги пративте, а не знам што е неубаво во нив. Он ќе најдел поубав и поефтин, да сум почекала, нема зашто да брзаме вика, аха важи Дигнав раце јас, ќе си останам без море и ова лето изгледа. Или ќе одиме во 5 до 12 било каде како тупнати
Зошто невозможна? Не си пробала, затоа. Пробај еднаш и ќе видиш дека не е ништо посебно. Ние од 7 месеци ја влечкаме на различни плажи. Обично од сабајле сме на локална плажа, дремка сите куп во апартман, поручек кај 3-4 зависи колку е далеку плажата , во кола и таму до вечер. Се враќаме , шеткаме, вечера и назад во апартман. Одиме обично јуни и септември.
Не е да не сум пробала, така бевме (лошо) организирани, по 16 пати до соба се враќавме, се нешто ни зафалуваше. Да ми беше овој памет лани, друго ќе беше. Многу, многу се преоптеретував со јадењето, а немаше потреба. Затоа годинава си кроиме поинакви планови, вака ме охрабрувате, па нема да има многу избор она
Јас лани бев во Никити во јуни, фамилијарно место е, има нешто флипери такви работи, шеталиштето е една улица долж плажата. Никити е одлично место ако одите со кола да ви послужи како база, ќе можете да одите на плажите од источна и западна страна на кракот. Е сега плажата во Никити мене нешто не ми беше по ќејф, јас сакам скроз песочен влез во морето или ситни камчиња, а овде некако ме болеа стапалата. Во близина на пристаништето се најситни камчињата, а понатаму се поголеми. Плажата е во главно песочна. Добро е што има супермаркети, Лидл, Масутис и уште еден не знам како се викаше, и во стариот дел е интересно да се прошета, иако е угорно. Има една гелатерија каде што прават највкусен домашен сладолед, јас бев сместена веднаш спроти, што ќе му дојде всушност втор ред. Ова лето се мислам да одиме Флогита или Неа Каликратија, и да се сместиме негде на плажа и да не мрдаме.
Нз дал е за тука али ако има некоја ве молам да сподели што се лекови за не дај боже носевте на сефте одмор со бебенце. Хаха цела аптека или да си почнам полека да се опремувам
Па јас велам “кој носи, не проси” Иако сегде има аптеки добро е да се биде снабден Ова ми текнува во моментот Антипиретик- Ефералган пример Пробиотик Електролити Антихистамин- Рупафин, Лоратадин Маст/пена против убод/каснато На првиот одмор мстичната ми даде антибиотик алмацин нерастворен да носам за секој случај. Можеш да консултираш матичен лекар и ќе ти каже што да носиш според возраста на бебето.
Слично на ова што ти одговорила @MartinaMM, носев антипиретик (Далерон), антихистаминик (Лордес), пробиотик, електролити, топломер, мало количество 70% алкохол, маст против каснато. Антибиотик не планирав да носам, ама по совет на матичниот педијатар зедов Амоксиклав (нерастворен, ако има потреба лесно се раствора со обична флаширана вода). Пробиотик се препорачува да се почне неколку дена пред тргнување на одмор.
Дали некој има да ми даде контакт од апартмани во Флогита или Неа Каликратија. Се ми беше организирано за јуни во Скотинас, што да видам, температурата навечер за тој период од 11-12 Ц. Мора да барам нешто поцентрално и потопло со оглед на времето.
Фала ви за брзава рачна аптека да секако ќе се консултираме и со доктор а ова за каснато комарци што мачкавте?