Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Лани носев Синопен. Баш некни ја прашував една пријателка што е фармацевт дали има уште нешто што може да се употребува на помала возраст, ми препорача или Синопен или Камагел, ама вика подобро земи си Камагел оти покрај за убоди од инсекти наменет и за смирување на кожата при изгореници и изгореници од медузи.
     
    На VirgoStar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Тоа според возраста, ете камагел одговара значи од најмала возраст, мојата е веке 4 год и не памтам точно што сме носеле. Од лани последно имав на фризидерм и пена за мачкање, а и маст за после убод. Мене личнп сите години уназад многу ми се најдоа едни клипчиња од Еурофарм, се ставаат на блуза/зад вратчето на пример и имаат мирис што ги брка комарците. Имаат трајност од месец дена отприлика, додуша ние и цело лето со едно теравме, си мириса поќе од месец.
     
    На MeowMeow и VirgoStar им се допаѓа ова.
  3. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    2.574
    Пол:
    Женски
    Дали за алергија носете нешто и смее за бебе под годинка?
     
  4. VirgoStar

    VirgoStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2021
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја од лани да сподели дали носела готови каши на плажа и колку и издржувале? :sweat:Со топлово некако и во фрижидерче да се пак ми е шубе |(мислев чим отварам да фрлам нз не сум паметна или да земам помали па да комбинирам
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Јас носев каши и лани и пред таа година и шмукалчиња. Имав фрижидер со амонијаци топ издржуваа. Ако не ја изеде и остане малце ја фрлав ако не ја ставав пак во амонијаците :)
     
    На Srcka28 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Мислиш на оние од продавница, Хипп и сл?
    Јас носев, немав фрижидерче. Ќе јадешемколку сакашеми остатокот најчесто ќе го дојадев јас :rofl: или ќе го фрлев. Ама на нас хотелот ни беше одма до плажа и плус неколку пати одевме и се враќавме, не знам вие како планирате.
     
    На VirgoStar и Tiny Love им се допаѓа ова.
  7. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    1.646
    Пол:
    Женски
    Имаш во јумбо мали таблички со амонијак. Ставаш тегличките најблизу до табличките во платнените фрижидерчиња, ладно пиво и ладна вода, фрижидерчето под сенка и топ си за цел ден, што сигурно нема да седите цел ден на плажа. Сум носела и теглички и шмукалчиња. Зборувам за купечки теглички.
     
    На VirgoStar и Tiny Love им се допаѓа ова.
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    4.625
    Јас обавезно носам, имав зиртек, сега не го наоѓам. Прашај си го педијатарот што да земеш и во случај на алергија колку да дозираш. Смее ако е индицирано, не на своја рака.
     
    На VirgoStar и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  9. VirgoStar

    VirgoStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2021
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Фала ви се опремив со патрони таман :)
    И јас барав и тоа во неколку аптеки ми рекоа дека нема но да има. Еќе дека е укинат кај нас:wasntme: нз зашто а може па во грција го има
     
  10. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    737
    Некоја мајка што била на одмор со 6 месечно бебе да ми каже што се треба да се носи од лекови до реквизити и се останато, прв пат идеме околу 4,5 дена, би била мн благодарна :f:
     
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.208
    Допаѓања:
    169.607
    Пол:
    Женски
    Сируп за алергија , за Т, некој антибиотик , крем за после убод , крма со заштитен фактор , нешто за дијареа.
    Горе долу мислам тоа е неопходно.
    Од реквизити нема што да носиш за бебе. Ние имавме само една гума ,од тие шатчињата,долу со отвор за ножињата .Капичка на глава обавезно нели и тоа е тоа .
    Тропки,глодалки и тоа носевме
     
    На strelec231992 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  12. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    1.646
    Пол:
    Женски
    ЛЕКОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

    *0-12 МЕСЕЦИ:
    -Топломер;
    -Супозитории (чепчиња) за температура(Eferalgan 80mg);
    -Anti-pirea лепенки;
    -Пробиотик;
    -Darmflora plus прашоче 1х1/2 (во случај на дијареа);
    -Капки против повраќање - Наусолвит
    -Гел Synopen или Fenistil (или слично)
    -Средство против комарци
    -Електролити(Алвоген ОРС шумливи; HIP ORS -4+месеци);
    -Солен раствор/спреј за тоалета на носе;
    -Крема со заштитен фактор 50+

    * ЗА НАД 12 МЕСЕЦИ ПОКРАЈ ГОРЕ-НАВЕДЕНОТО ПОТРЕБНО Е ДА ИМАТЕ ПЛУС:
    -Сирупче за алергија (Loratadin/Aerius/Letizen);
    -Сирупче за температура
    -Спреј за носе- Линазе
    -Завој, фластер ;
    -Хирдоген 3%, Бетадине 10%.

    Ова ми е мене од матичниот педијатар.
     
    На Leanne, IRBBB, VirgoStar и 3 други им се допаѓа ова.
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    4.887
    Пол:
    Женски
    Јас сега се вратив од Хургада и си поминавме супер.Повеќе проблем ми беше поголемото синче од 5 год , цел ден беше турбо од 6 сабајле до 10 навечер, одколку бебето.Бебето беше милина тамо, му се допадна, весело беше, се му беше интересно, водата беше топла дури и во море го избањав.Од лекови носев цела една голема кутија за чевли, сирупи за тт парацетамол и блокмакс, чепчиња, пробиотици, електролити, антибиотик цефалексин ми даде нерастворен, сируп лоратадин, капки за очи тобрекс, за уво дексаметазон неомицин, спреј за рани, синомарин ампули, кортиер,инхалатор (бебето ми е склоно на ларингит па затоа)за нас лекови, активен јаглен,ентерофурил капсули и сируп за децата,топломер итн.Поголемото имаше пролив 2 дена се среди со пробиотик и јагленчиња. Е за комарци само заборавив да понесам нешто а имаше многу мене баш ме изедоа.Во глобала сум презадоволна, преубаво време, топло море, убав хотел со 300 чуда за деца, пријатни луѓе таму.Сите ми се чудеа со кој памет сум носела бебе во Египет ама изгледа само кај нас владее таков менталитет, во хотелот вриеше од деца и имаше еден куп бебиња дури и помали од моето.
     
    На Anomis11, Bubce38, Doktor F и 20 други им се допаѓа ова.
  14. VirgoStar

    VirgoStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2021
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Назздравје одмор супер инфо баш ќе го имаме во предвид. Преку која агенција бевте и дали бебето се водеше на иста авио карта кај тебе во скут. Да генерално во такви хотели раат да си само да ти се погоди
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    4.887
    Пол:
    Женски
    Преку ЈК травел бевме, од нив не сум ич задоволна, за бебето не плативме ништо ама за синчето ни наплатија полна сума како за возрасен, требаше летот да биде преку ноќ да стигнеме рано сабајле, наместо тоа тргнавме на пладне и стигнавме таму во 6.30 попладне и цел еден ден изгубивме.Тешки преваранти, прво ми дадоа една понуда после ми ја зголемија за 200 еур демек системска грешка била, мн несериозни и непрофесионални, дрски и безобразни. Со нив веќе никогаш и никаде. А таму супер беше, барем убаво си поминавме.
     
    На Doktor F, MilaSs12 и VirgoStar им се допаѓа ова.
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.589
    Пол:
    Женски
    А мајки зошто носите антибиотик на одмор? Како правите проценка дали бебе/дете е за антибиотик или е вирусна инфекција ако не дај Боже ете пројави некакви симптоми?
     
    На Doktor F, Luna91, tanjaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Марфи си работи, не спие :D
    Шала на страна, јас никогаш не носам за секој случај ама секогаш буквално секогаш детето ми фаќа нешто баш пред идење на одмор/викенд и докторката ми дава рецепт за ако се влоши. А проценка, па после неколку разболувања веќе знаеш да препознаеш грло што си бара антибиотик.
    Фала богу, досега секогаш сум го враќала сирупот дома, обично на море поминува одма. Еве последниот пат месецов кога бевме се вративме одма дома зашто одма крена 40, а јас немав ништо со мене :|
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Дали некоја феминка била во Лагомандра-Грција да сподели искуства?
     
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    4.887
    Пол:
    Женски
    Јас носам ама не сум дала никогаш, повеќе за моја психа да сум мирна дека имам за не дај боже, паничар сум.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. VirgoStar

    VirgoStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2021
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Неколку години пред корона многу убаво природни сенки има ептен сега нз како е со цени што гледав годинава доста поскапо беше