До сега синко неколку пати пиел антибиотик. Од да речеме 5 пати откако е роден, 4 пати биле пред одмор. Лани и пред Турција и пред Албанија беше на антибиотик, таму ги допиваше. Плус склон е на кревање температура. Пред две недели во Охрид се пожали на грло, не знаев дали е од дерење или од настинка. Имав трицеф и му го дадов. Подобро да го испие отколку да се маткам по болници и да ни пропаднат неколку дена кои едвај ги вклопивме да е убаво време и да можеме од работа да се ослободиме со маж. Ксј синко е битен моментот што прв антибиотик испи на 2 и пол години. Значи поголемо детенце. Плус трицеф ми е испробан, и тој го земам за резерва. Од панцеф на пример доби утрикарија.
Јасно Мила, ако веќе почнал претходно да пие атб, секако дека ќе го допие небитно дали на одмор или дома. Никогаш не сум носела антибиотик нерастворен, превентивно ни за нас ни за бебе од причина шо и да се случи нешто би пошле на лекар кој би направил проценка дали е за антибиотик и ако е, за кој антибиотик е. Оти не се дава исто за грло и уринарна инфекција на пример.
Во право си, може и јас не се доискажав. Носам само ако веќе е болен и може да се искомплицира. Матичната ми дава насоки што и како. А ако е здрав не носам, ниту па матичната ќе ми даде рецепт.
Трицеф всушност се дава. И за грло и за уво и за уринарна инфекција. Има широк спектар и затоа баш тој антибиотик го земам. Секако во совет со педијатар ова. Јас се водам по тоа дека подобро да испие доза антибиотик ако ми се јави нешто сомнително на одмор. Реално од доза испиен антибиотик нема ништо страшно да се случи. Секако ова ако детето не гори од температура, туку да речеме, поткашлува. Кај нас доктори куп даваат антибиотици кога треба и не треба, од око, ни крвна слика ни брис, па јас на моја одговорност дадов (пред две недели на речиси 4 години) затоа што се пожали на грлото. До сега имал и вирусчиња кои минувале за 3 дена со виранто, кога сме дома е многу поинаку. Пак ке кажам, лани имаше 3 години и генерално е здраво дете. Не преувеличив кога кажав дека се на се пиел 5-6 пати антибиотик откако е роден.
Не е важно на колку години го пиел првиот антибиотик. Здраво дете не знам колку има, сите поминуваат низ настинките порано или покасно. Важно е да не се пие антибиотик кога не треба, правилно да се пие и колку што е потребно. За поткашлување ич не требало да му дадеш посебно без температура ама биднало.
Знам, ама за да не го мислам 4 дена бо друг град, каде сме дојдени за уживање, премерив и решив да дадам. Најверојатно немало потреба, ама бидна. Дома ни на крај памет ни би дала, како што до сега не сум дала без потреба. Сите поминуваат, да, ама последно беше болен за Нова година, па сега. Другарите негови беа уште 3-4 пати болни во меѓувреме. По тоа би рекла дека генерално не е постојано болен.
Ни на крај памет не ми е да носам антибиотик на одмор за секој случај. Секако ако дете е болно или ќе носам на тамошен доктор па тој ќе процени што треба и дали треба антибиотик за дете или ќе се спакувам и ќе се вратам назад. Стварно не го разбирам ова давање антибиотик без контрола и насоки од доктор.
Јас носам се освен антибиотик. Ќе ми се смеете да почнам да пишувам што се имам во домашна аптека за на одмор. Некако го сметам антибиотикот дека не е итен за во ист момент да го дадам, како пример сируп за алергија, па ако треба ќе го купам каде и да сум, секаде каде што одиме на пола саат-саат има аптеки.
Јас си носам и неколку стапчиња за грло во случај да има гнојна или да е жар црвено за да видам. Обично кај моево ако е гнојна или ако е воспалено грло тогаш крева одма 40 и после 2 саати од сируп пак крева знам за што е. Ако е вирусна нема толку многу да ми крене и обично вирусот е 24 часа ако ептен е нешто па ќе дадеш антибиотик. Ако нема температура, а дете затнато едвај дише подобро земи дај му летизен, аериус или лоратадин па ќе видиш ефект. Искрено ние стално земавме осигурање за на одмор совет ни беше даден од пријател што работи со тоа. За 1500-2000 денари има патничко фамилијарно и ако нешто се случи кај сакаш можеш да отидеш да се лечиш и компанијата покрива. Ова е за македонија осигурување, другите не знам како функционираат.
За секаде е така, баш околу 1000-2000ден е осигурувањето за цело семејство за една недела одмор во Грција. И јас носам работи шо фала Богу никогаш не сум ги искористила како алкохол, хидроген, борна киселина, гази, завои (како цел фудбалски тим да носам на одмор ). Па за нас со мм,мислам дека не постои лек шо го немам во таа огромната кеса од ваикики, иако редовно само пробиотикот е искористен заради патувачка дијареа.
Имате ли предлог за хотел на база доручек и вечера, блиску до плажа, на прв или втор крак во Грција? Планираме да одиме во јули кога бејби ќе има 4 мес.
На таа возраст за бебе во јули не е баш најсоодветно. Многу подобра опција ти се август на крај или почеток на септември. Ем е мало, ем јули знае да е прежешко, за возрасни не е ок, а не пак за бебиња.
Годинава друга опција нема. Јули и август кај и да си е жешко, на море ќе дише бар чист воздух- во Скопје нема да дише зошто во лето нема воздух Секако не мислам во 2 попладне боја на плажа да фаќа.
Те разбирам, не ни помислив дека во 2 ке го печеш бебе на сонце. Ама во јули веќе во 11 е пекол, додека во септември или август е многу попријатно сонцето.
Ние бевме лани во Метаморфози во хотел Голден бич. Наши се газди лание е реновиран. На база доручек и вечера имате базен со лежалки и одма е тука плажата. Внатре беше чисто, голема тераса внатре фрижидерче и смееш да внесуваш од надвор храна и пијалоци. Кафе не носат во соба мора да се симнете. Ние од плажата не бевме фасцинирани нешто ама пак не беше ни лоша ептен. Имаше во околина и други многу поубави хотели можеш да си разгледаш. Целото место е обиколено со борова шума
Јуни и септември и мене ми се омилени за одмор, без разлика со бебе или без. Ем времето посвежо, нормални цени, нема гужва. Баш пред некој ден го гледав, се почудив зошто веб страната им е на македонски јазик. Понормална цена има за разлика од другите таму. Супер штом има некој со искуство, ќе букирам Плажа не ми ни треба нешто посебо добра, бејби секако нема да се брчка. Во Метаморфози не сум била, има ли нешто како градче за прошетување навечер? Тавернички нешто така?
Има таверни се ти е на една улица имате и за бели пецива. Имаат и една слаткара на самиот почеток преубави работи имаат и газдарицата е златна. Спроти хотелот имате паркче со клупи па можете да прошетате Искрено ние последен воз фатиме и рековме какво е такво е преку Пикник травел бевме се испадна супер
во врасна има аптеки? каква е плажата? Баш во врасна, не во неа врасна. Бидејќи сме со мало дете најдов вила подалеку е од плажа, на 200 метри е, но е со голем двор и играчки, секако нема да сме на плажа по цели денови, па се одлучив на оваа варијатна отколку да сме во вила на плажа и на кат и да дреме дете на тераса цело време.
Некој да бил во хотел Џени во Сивири? Општо, како е во Сивири за со деца и за трудници? Има природни сенки, места за шетање навечер? А Полихроно, Пефкохори, Ханиоти?