Полихроно сум била, пред неколку години.Има шеталиште, уредена плажа, не е многу широка. Годината кога бевме имаше многу семејства со деца.
Каква случајност, и ние планираме таму да одиме Пред неколку години бевме и супер беше, имаше двор за деца не којзнае колку голем ама пак... и појадок вечера супер беа ништо посебно сега се мислам дали и таму да уплатиме а за место за шетање ми рекоа дека не е досадно, дека имало сепак поминаа мн години нека споделат и другите
Дали е попаметно да се оди на одмор со 9м бебе во Бодрум (all inclusive) или Грција (апартман)? Дали некој бил во Бодрум втората половина на јуни? Единствено ми е страв за температурите. Ве молам за совет толку се плашам дали ќе се снајдам со бебето што може на крај и да не отидам
Зошто не отидеш во Грција со ал инклузив до плажа негде баш поназад зборевме за метаморфози и блиску е и се имаш.
Втора половина на јуни може да е ладна водата во Бодрум за бебе. Нема што да се плашиш да одиш на одмор, ќе се снајдеш а и ќе си уживате. За со авион јас не би се мислела, со кола не би со толку мало бебе. Ние сега ќе одиме во јуни со 3 месеци бебе(Грција), едвај чекам
Ние во Тунис ќе идеме. Јасно ти е како ме гледаат кога ќе кажам кај планирам да носам 7 ипол месечно бебе Пред некоја година бевме во Египет, во хотел имаше и со 2 месечни бебиња.
Мајка ми е сега во Грција на 2 крак и водата била грч ладна а и времето далеку ид лето. Јас се вратив па уште реагираат кога ке кажам кај сум била со бебе, а имаше куп бебиња тсму и помали од моето. Ич да не ти е гајле, јас следно здравје сакам да одам таму, пиши како ке поминете.
Ние одиме втора половина на јуни, може да се погоди за бањање. А и да не се погоди, не ми е толку битно, бебе е мало, за мене полесно само да шеткаме и да дишеме морски воздух. Големата и да е ладна од мерак ќе се брцне во вода, колку издржи толку
Мислење меѓу Никити и Фурка за со едногодишни бебиња? Не сум била ни таму ни таму, какви се плажите дали е ситен песок, водата, и самото место какви се?
Во Фурка бев пред неколку години нема буквално ништо за правење. Отворено море знае некогаш бранови да има..бар јас кога веб имаше. Никити ми е поубаво искрено, има симпатично шеталиште, кафичи, плажата е поубава и морето.
Што мислите за Црна Гора или Грција со година ипол дете? Мислам дека водата во Грција е потопла за деца, на два ума сум
Ние сме моментално во Платамона, на некои 10км од Лептокарија. За со деца е одлично. Сместени сме во хотелче со сопствена плажа. Плажите се песочни, се е блиску и мирно поприлично. Препорачувам
зависи што ти е приоритет и како си имп замислено одмор.. Има голема широка песочна плажа,и на цела плажа се кафичи и таверни.Тоа е уствари целото селце .Се останато де куќи смештај.Не е големо место за шетање.е сеа ако ти е приоритет плажа,мирноќа-thats the place to be! Јас имам прашање...Да пипе некоја ако е моментално на втор крак(полихроно,певкохори,калитеа ...тојд дел),каква е температурата нс водата?
Црна Гора не. Ладна вода плус сега е хаос во Црна Гора не е како порано и ако има заврнато пред 2 недели водата ќе е стопли за месец дена. Во Грција топла е водата секако само јас би избрала песочна плажа ние бевме во Ханиоти и тоа пред годинка супер пројдовме ептен ми е свиѓаше градчето. Наредната година во Метаморфози искрено плажата не ми се свиѓаше ама на 2-3 километри од таму убава плажа имаше и вода кристално чиста и топла и во септември.