Мислам дека се песочни. Натака после Олимпик бич има кампови и плажата исто им е песочна и убава голема. Аспровалта е песочна со малку камчиња но внатре за газење е се песок како на тепих да газиш. Али од сите Ханиоти некако ми остави убав впечаток мало градче имаше и за деца флипери да се возат на колички. Никити е исто за со мали деца. Да би ми пораснале децава малку повеќе дефинитивно Лефкада не би ја менувала за ниедно место во срце ми остана.
Пефкохори какви се плажите?И општо впечаток за се? Полихроно сум била и не ми се допаѓа,а сега на брзински закажавме за пефкохори без да размислам за ништо. Едното дете 14м другото 4год
Какво осигурување за децата вадите за патување? До сега со мм сме ваделе најобично, најефтино, за тој период кога патуваме и немам поима што опфаќало. Се сега за со ќерче ми е прашањево какво да вадам, што опфаќа? конкретно за грција прашувам.
Ние лани кога бевме за Грција му извадив обично како и нашето .. и сега веројатно истото ќе го направам
И ние кога станува збор за двајцата со мажотми вадевме најобично, лани оти бевме авионски Турција и си извадив фамилијарно, ми понудија ако добро се секавам некое од 1500 +/- и следното најскапото од 1800. Не ме факај за збор со цениве. Реков ке го извадам тоа што покрива максимум отколку да не дсј боже имам потреба па да си речам зошто не сум го извадила тоа поскапото. Јас извадив од Македонијаосигурување лани, а баш гледав на Сава онлине има да си извадиш сам и информативна пресметка да си направиш. https://portal.sava.mk/TravelInsurance/Create
Ние од триглав од увек вадиме, за среќа не ни затребало. Сега вадиме за точен период и денови колку што седиме пошто помалку патуваме, а можеш и за 30-60 дена да извадиш со неколку влезови/излези, повеќе земји итн и ова е баш исплатливо ако планирате пак да патувате летово. Мислам околу 1000ка за 3цата за 7 дена не фати, за Грција. Онлајн се вади, не мора нигде да одиш. Сите се горе доле исти во тоа што покриваат, цената се формира во зависност на место, времетраење и сл. Еве што осигурува. Спојлер
Дали некој има моментално на одмор вп Грција,втор крак,да сподели каква е водата и времето.Утре заминуваме па чисто ме интересира,дрка патувамр со бебе.Благодарам
Лани брат ми имаше фамилијарно на триглав околу 450 ден мислам за 10 дена беше и фатија ковид на одмор па го носеа малиот на педијатар, ништо не платија прегледот беше бесплатен се беше покриено од осигурувањето.
Може е глупо, ама дали голи или на памперс или купаѓи или незнам што се капаат бебињата во море? Да знам што да спремам 11 месеци ќе сме.
Гол го оставав, само ако го ставав во чамецот за во вода да не го жуља му ставав од гаќи за бањање на бејбилов.
Препорака за место во Грција, да е поблиску, на Егејско море, со топла и плитка вода и по можност песочна плажа. Фала
Ве молам доколку некој бил во Бодрум со бебенце да ми предложи хотел? И исто доколку некој бил сега брзо во Турција ако може да сподели дали морето е сеуште ладно за бањање?