Кефалука. Предобар хотел. Минатата година ние бевме 10 јуни и водата беше ладна. Буквално само јас и Русите се бањавме .
Здраво мајки ние сме во план да одиме на одмор здравје боже малата е 1 и 4 месеци сакаме да одиме Неа Пори дали имате искуства за таму сместувања и какви купачи да земеме одделно или усцело кои пиле подобри за без памперс нормално и кои креми ги земате за против сончање позз
Активен јаглен од кога е дозволено? Ентерофурилот не е атб? Тој само кај дијареа од бактериска инфекција мислам дека се дава. Инаку да, смекта над 2г може.
Јас не би ти препорачала. Плажата е широка, со ептен ситен песок, ама често е со бранови, од 7 дена само 1 немаше бранови. Никаква занимација за деца нема, ниту пак паркче или слично за деца. За шетање е само една уличка и 2 или 3 маркета беа. Неколку барови имаше, ама пицерии, за бели печива, слаткарница нема. Доктор најблиску во болница во Превеза. Ова искуство ми е од пред 5-6 години, ама не верувам дека е нешто поразлично сега.
Дали некој бил на остров со бебе? Во мисла ми е да не треба итно да се враќаме, па чекање на траект, подалеку е и сл. Ќе одиме со 8 месечно бебе и не знам дали ми е безбедна опција остров или само сум паничар. И дали имате предлози за места за сместување на Тасос (кај што би биле поблиску поубавите плажи). Не ми е важно водата да е плитка.
За Тасос не треба ни да размислуваш како за остров. Има често траекти и се во траење од 20-30 мин. На Golden beach сместете се некаде. Инаку може повеќе плажи да прошетате, не е голем островот така да нема да ви биде проблем. Совет не одете само на Giola, ќе измалтретирате и бебе и себе за ништо посебно, барем според мене.
Јас сум била во околината на Валона, водата не е многу чиста и не би препорачала за бебиња. Лани луѓе што ги знам појдоа и децата закачија стомачен вирус. Тие го препишаа на водата. За шетање ако одите во околните селца нема ништо, а во Валона е убаво за шетање навечер. На популарните плажи имаше многу гужва. Химаре сум била, плажите се многу убави, водата чиста ама е поладна, јас во август сум одела. Исто подлабоко е, ама ако е бебе според мене не менува тоа. Знае и слабо ветарче да има, па сонцето не се осеќа дека пече. Патот до таму не е убав, многу угорници и кривини и затоа се патува долго. Има еден дел кај што ептен бавно се вози. За шетање така-така, има плоштад и има кафичи и ресторани за седнување. Исто и Ксамил сум била, ама пред 8 години мислам. На плажите во Ксамил водата беше малку матна и нечиста ама најверојатно ради гужвата. Страшно многу гужва имаше. Место на лежалка тешко да се најде. Плажите што се малку подалеку, измеѓу Ксамил и Саранда се преубави, чиста вода, за длабочина не се сеќавам. Во Ксамил тогаш немаше ништо за шетање, улични светла немаше, мене ми беше језиво навечер. Саранда е друг муабет, многу беше раздвижено со кафичи и ресторани, плоштад за шеткање.
Гледав на google maps дека е релативно блиску. Ќе го имам во опција, ич не ми се оди по краците. Претпоставувам Giola e некоја популарна плажа. Така и на Лефкада се разочарав од Porto katsiki. Уште едно прашање, да не знаеш педијатар дали има?