Ние се вративме во четвртокот..времето беше преубаво, ни многу топло ни ладно, ама водата беше ладничка за бебето.Пробавме да го бањаме ама целиот се тресеше и ги креваше нозете дека ладно му беше.Во базент му стававме ќе се стоплеше и седеше по цел ден. Ама сега ќе се стопли времето, па и водата ќе биде пожешка така да мислам дека ќе успеете да се прошлапкате.Убав одмор..
Ако ви е Никити ладно, од другата страна кај Вурвуру за нијанса беше потопло, јас таму ја брчкав, на Талго и Каламитси. Близу ви е ако сте со кола и немаше многу гужва.
Само што се вративме , од минатиот четврток бевме таму, штом јас што сум најзиморлива на свет влегов неколку пати во вода. немај гајле. Синко не излезе. Дури влезеш е ладничка , ама мене ми е така и у сред јули и август
Фала ви на сите за директното инфо Гледам и температурите се веќе добри таму па мислам ќе го избањаме. Ако не, носам базентче па во него ќе се пласка Да ве прашам уште дали спакував се од медицина. Пробиотик ваја, крем за искасано од комарци, алка против комарци, чеп парацетамол, сируп блокмакс. Уште електролити да земам утре, какви да барам? Тоа е се нели? Сто пати се проверувам да не заборавам нешто, и сигурно пак нешто ќе фали
@Anturium https://www.instagram.com/reel/CtpWA1zLYoS/?igshid=MWQ1ZGUxMzBkMA== Електролити, капки за носе, нешто за чистење носе, топломер, сируп за алергија. Не ми текнува друго, сврти некоја страна наназад, баш пишуваа за лекови.
Аа да и тоа ставив, само сируп за алергија заборавив. Тенкјуу Да се редактирам додека можам. Се превозбудив од видеото, едвај чекам утре да дојде. Како мало дете се радувам на првиот одмор со бебо мој
Хрватска со дете од 2 години кое место би го препорачале? Не сум била, имам слушнато плажите биле со камења. Можеби некој знае да има некаде песок или место да одговара за деца? Не ми е проблем патот.
Од сите места што сум била Макарска најмногу ми фати око за со мали деца, мало и мирно место, чисто, организирано и цените на пола од поголемите градови. Може да ви биде и база ако сакате да прошетате во блиските градови или на островите. Сите градови на море во Хрватска се преубави, средени ама многу се големи и плажите се на различни места, за секаде ви треба кола освен ако сте сместени блиску до градска плажа ама прескапо е така. Рестораните се скапи (пример, за двајца по една порција и по една пијачка е минимум 50 евра), кафичите се скапи дури и на плажа. Плажите се секаде ситни камења, се наоѓа по некоја песочна ама пак треба кола, Дубровник е цел карпи.
Многу е добар. Веднаш го помина од него. Иначе да, гледавме и Египет но сепак одлучивме за Лаго хотел Сиде, сега е отворен во Мај и многу го препорачаа од агенција.
Преку 10 пати сум била Хрватска и сега јас сама се прашувам и не знам каде да одам со година ипол дете, заради маж ми изгледа ќе си останам во Грција. Нејсе. Има камчиња, ама има и песочни плажи. Пример Дуче кај Омиш ми е останато дека е песочна и може да се најде смештај близу плажа, а Омиш е што да кажам . На Муртер исто има прекрасни песочни плажи ама нема на плажа смештај, треба или пешки или со кола. Крк и Паг имаат исто песочни плажи и убави острови се. Бачвице во Сплит е песок, ама во Сплит е ужасно гужва и јас не би таму да се бањам, стално сме оделе накај Трогир. Сплит е добар пошто е поврзан со сите острови во околина ама ако не планирате да шетате тогаш тоа не ви игра голема улога инаку е одличен за еднодневни екскурзии, па често го бирам за сместување заради шетање. Јас би барала соодветен смештај што е на сама плажа, пристојна плажа и да имам на 30мин некој поголем град или место за шетање, да има кај да испазариш или да седнеш да јадеш, а такви има низ Хрватска. Островите ви се полн погодок, а и нешто околу Сплит, Шибеник, Задар, Трогир, затоа што се преубави места за шетање. Дубровник не го спомнувам, во Дубровник во октомври-ноември се оди, тогаш најубав е, не во лето.
Реално не е земја да ја шеташ со мало дете, скоро невозможно е, а штета е да се сместиш на едно место и да не мрднеш. Јас би ја шетала пак кога ќе ми пораснат децата, Дубровник би го скокнала во било кој месец. Е нагоре не сум била, а баш сакам од Ријека па натаму, таму какво е ако знаеш?
Што знам мене ми личи изводливо, годинава некако се опуштив, нормално не со исто темпо ко пред дете и зависи од детето секако. Само големово дете се заледи во јуни во Грција и сега не помислува за Хрватска а нема везе топ си е во август. Во Пула еден одмор бев и премрзнав, толку памтам, а во Ријека не сум шетала. На Крк и Вир ни биле плажите блиску смештај и солидна плажа, не беа сегде песок, има камчиња, ама јас па баш од Хрватска навикната на камчиња и не ми сметаат. А од таму блиску се Задар и Шибеник и по ден-два преку ден или навечер се шетаат градовите. Последниве години пред корона, околу Сплит се врткаме и таму сме имале смештај прв ред по 40-50 еур. Е плажите тука баш не ми се по кејф иако се сосем пристојни, па шетаме преку 1 ден. Брач, Хвар, Трогир, Мали Дрвеник се стига за 1-2 саати од Сплит. Така и сега планирав, додуша на некој од островите, па преку 1 ден да ги шетаме дневно плажите, а навечер локалните селца/градови и толку, ќе го прошеташ островот. Здравје догодина. Дубровник мене ми е исто ко другиве градови не дека го издвојувам, сите ми се убави и сите различни, доста е 1 ден да се види, е карши Дубровник е остров Локрум тој може поише вреди.
Мене Задар многу ми се свиѓаше ама најблиската плажа крш, Сплит ми беше ок со добар ноќен живот ама некоја страшна смрдеа имаше во центарот. Грција ми е незаменлива за летен одмор баш она класика одмор, Хрватска ми е повеќе за шетање има премногу што да се види и затоа мислам мало дете нема да го издржи тоа темпо, плус Јадранско ми е преладно. Само во Сплит и Зрче се избањав по еднаш со тешки маки ама тоа е индивидуално.