Убаво да си поминете. Догодина здравје Сиде, сега Кемер избравме, лани Аланија. Ја обожавам Турција Пиши потоа ако сакаш впечатоци од хотелот. Пријатели планираат за Сиде ова лето.
@Aschenputtel I nıe lanı bevme Kemer preklanı Alanıja. Vo Sıde bev 2016 ı najmnogu nı se dopadna, ı moreto ı plazıte a ıma ı za setanje Sekako, kje spodelam ıskustvo
Јас резервирав претходно преку Букинг во Вила Софија. Презадоволна сум од смештајот. Локацијата е супер, на 5 мин од плажа и некој си 10 мин од главното шеталиште. Чисто е и жената е многу фина и услужлива. 290 евра плативме за 3 вечери. Ми изгледа дека се полни сите соби, ама ако си заинтересирана да прашам
Во новиот дел на Сарти ти е плитко поубаво е за мали деца, ама во принцип во Сарти стално дува ветар многу. Околно имаш Оринџ, тиганиа, Арменистис,Торони сите се убави.
Каламици е убаво, има и лежалки и голем простор за ваш чадор ако сакате. Одма над лежалките има и таверни за ручек. Торони исто има и лежалки и отворен простор, таверни нема некој избор повеќето се ресторани од хотели, песокот е покрупен т.е. многу ситни каменчиња и болат стапалата Оринџ не сум била ама ја фалат.
Мајки дали некоја била Геракини Грција, какви се плажите, дали се плитки и со песок за со мало дете од две години?
Да треба да донесете одлука, би тргнале ли со 6месечно бебе (точно 6месеци) на пат за Србија-дестинација викендичка на 1300м надморска височина? Местото не е населено, не е ни село, прописна планинска куќа. Се вози по макадам. До првото населено место (аптеки и болници) има 1ч возење.
Некој би отишол некој не. Искрено требада се спремиш барем за не дај боже убоди од пчели, оси итн. Друга работа ако не е населено на топло време веројатноста змии да има е голема, па до лекар додека стигнеш... подобра опција ти е тука негде да одиш на повисоко искрено.
Не би отишла во такви авантури во ненаселено место без дете,а не пак со 6 месечно бебе. Плус прашај педијатар дали на 6 месеци смее оваа надморска висина .
Ни јас не би, од што ми е шубе дека не е урбанизирано, 1ч ми личи цела вечност ако треба да брзам. Околу надморската висина не ми изгледа многу, Крушево е толку. Ако ти сакаш да одиш и ти е ок, оди, само спреми се, плус бебе па и не е многу захтевно на 6 месеци, нема да бега и да брка што стигне.