@Brpbrp @Cosmi @Mucika фала ви ептен. Ова ми требаше за да соберам повеќе контра аргументи за маж ми. Јас не сум за, префуфка ми е, ама он запнал дека ќе му годи промена. Секако дека е ризик, не се осудувам. Педијатар вика идете, ама ако е многу вознемирен вратете се. Кажете каков совет, а?
Се осеќаше дека бараш контра аргумент . Види можда не ни се оправдани стравовиве ама има и други планини, со луѓе .
Првото не го носев нигде од тој страв. Второто од два месеци и на море и на планина. И тоа село на планина без луѓе. Се изнаужива и изнаспа дете. Нормално лекарства со нас. Па и во Скопје да му се деси нешто 40 минути ми треба до државна
Оди ќе се изнаспие бебе. Што ти треба тебе од аптека за 6 месечно бебе? Парацетамол и пробиотици, прашај и педијатар нешто за во случај на алергија, ништо друго не можеш да дадеш без консултација и преглед со педијатар. Сите немаат лекар на 10 мин од дома. Првиот пат е да се наканиш, после гајле нема да имаш. Ако педијатар вели може терајте.
Мами, од кои креми за сончање сте задоволни? Што би ми препорачале за 9 месечно бебе? По аптеките ми ги нудат овие?
Луѓе што е ова, цела Грчка сте ја резервирале Цени па ич не правам муабет… Неос мармарас дали бил некој со бебе или препорака каде, мада секаде е фул.. Неос мармарас или полихроно? Или дајте препорака со се смештај со се ми треба за 4 дена, толку имаме слободно а да не е 500 евра ако може де…
Неос Мармарас дефинитивно, па и со бебе, особено ако најдеш сместување на сама плажа. Ние вчера се вративме од Парадисос, на влезот на Неос Мармарас, ама имавме уплатено уште во февруари. Допрва дали би нашла слободно не знам, многу, ама многу Срби има, Македонци баш и не. Paradisos Holiday Apartments барај на Никана или може директно да им пишеш дали има нешто слободно за периодот кој ви одговара. Газдата е изненадувачки фин, ко за Грк, а вообичаено сите се погодиле мрчатори досега. Морето не е баш плитко, ниту е песочна плажата, крупен песок и камења се, ама ич не е лошо.
Од двете опции јас би Неос Мармарас. Ама строго близу плажа сместување, бидејќи е многу угорно удолно цел град. Инаку има направено убава долга патека за со количка шетање во близина на море. Морето баш е одма длабоко на 3 чекори до над половина ама со бебе не мења многу Полихроно е типично грчко место. Тесни плажи со гужви и шеталиште со гиро, сувенири и игрици за деца. Моментално сме во Неа флогита и ептен ме бендисува широка песочна плажа (во некои делови само на почеток од водата има камења) ама Неа плагија е мојот фаворит за следен одмор. Убава плажа широка со ситен песок и проѕирна вода, плус блиску од граница. Има и дел со лежалки и празни делови. На Никана.гр има многу смештаи по попристапни цени за разлика од букинг. Барањево смештај за одмор цела докторска дисертација
Лани бевме во Неос Мармарас, ама со бебе во стомак. Иако бев во првите недели мене ми се видоа мачни тие улиците угоре удоле кога требаше да шетаме навечер. На плажа само еднаш отиовме таму и не ми се бендиса, другите денови цело време одевме во околните места.
Фала ви мама’с за споделените искуствата… Сакав да одиме некаде на втор крак, не сме биле таму а некако во Неос Мармарас имаше доста слободни апартмани па затоа таму и мислев ама еве се предомислувам. Јас сум некако тип што сака широки шеталишта, таверни, продавнички за сувенири… Прв крак сме биле на сите местенца, ако имате предлог за втор бујрум… Иако ќе треба да резервирам до вечер, ако најдам де нешто слободно
Неос Мармарас само на парадизос плажата пред Неос. Самиот Неос е цел низбрдо,узбрдо мене не ми се допаѓа.
Торони е убав на втор крак. Таму бевме еден ден на плажа, ептен широка е и песочна. Местото не знам какво е за шетање, ама знам многу фамилијарни луѓе што одат таму, па ваљда е ок. Сарти е исто многу фалено, ама прочитав негде дека било ветровито. И јас барам место на прв или втор крак, ама ич не знам каде.
Патот до таму не би бил проблем. Исто и надморската висина е во граници, не се препорачува над 1500 м. Тоа што не е населено место е малку крипи за со бебе. Јас не би. На прошетка без преспивање може, инаку не. Најбитно од се е ако ти не се чувствуваш ок со тоа, тогаш ни на бебе нема да му е ок. Така да на твое место јас не би одела.
На прв крак мене ми се допаѓаат пефкохори и ханиоти… За со бебе не знам како би било ама плажите се убави, песочни, таверни, ресторани, шеталишта, продавнички…
Сме биле и во двете ама поодамна. Последниве години пред бебе одморите ни беа поавантуристички по островите. Никити некако ме привлекува сега за сега најмногу. Во Септември ќе одиме така да ќе се најде ваљда нешто. До душа маж ми после ланското искуство е алергичен на втор крак. Ги заборавив пасошите во фиока во хотелот и се сетив пред граница. Се утепа возејќи назад кутриот. Среќа бебево уште неродено ме спаси од карање.
Vila Nama Skala Potamia dve godini po red odime na 50 metri ti e od plaza a na 100 metri od Golden beach e sega zavisi deteto kakvo vie jas so edno godisnondete nemozev da setav niz plazi,a minatata godina eden den izlegovme i na Giola Lagoon i pishman bev Zdravje dogodinabpak bi go birala Tasos i mali ke ima 1 godina