Како поминавте? Дали одевте на градскс плажа или околни? И ние резервиравме таму едвај смештај најдовме… И некој типс ако имаш? Тенкс
Преубаво, водата беше претопла. Поголемиот не искачаше од вода, бебето се бањаше без проблем ама од страв од сонцето повеќе во базенче во сенка го ставав, во море само сабајле и навечер. Ние бевме пред Никити не баш во градот, смештајот ни беше на сама плажа, имавме лежалки и не шетавме на други плажи. Типс само да си земете нешто против комарци, јас и за во соба земав од Раид оние во штекер што се ставаат ама пак влегле и решето на нозете не направиле ноќта, малото и по лицето беше лом зашто само таму не го прскам со средство. Инаку, пријатно беше за спиење. За јадење буквално ништо не земав, најдов и телешко свежо во Лидл, има и месара. Само не оди од сабајле во маркет страшна гужва е, како апокалипса беше, кутии бутнати на земја, испразнет цел маркет.
Читам пишувате за комарци. Имав алки од зегин една на креветче, една на количка и една на мојата рака стално. И немавме воопшто проблем со комарци во Никити.
Не знам ама мислам и кај помали бебиња нема штета ако се ставени на количка или на креветче. Секако блиску кај нозете подалеку од главата да се
неа флогита е помала од неа каликратија,нема шеталиште и не етака живо ко каликратија. Минус за двете места е што попладне морето е разбранувано(не се тоа високи бранови),но не е за да дете се брчка во вода Башка се мати водата и не е ни за око убава.
Лани бевме во Торони, хотел Blue Sea одма е на плажа а хотелот е онака ок ништо посебно но е културен. Торони како место на маж ми не смеам да му го спомнам веќе бидејќи за нас беше премртво место. Една улица и пар таверни за шетање нема многу а ние уште не сме тој пензионерски тип на пар што ќе седи во смештај и ќе лабави. Вас ако не ви смета такво мирно место ќе ви се свиѓа бидејќи плажата е супер. Оваа година исто на втор крак упативме, Порфи бич хотел среде никаде му доаѓа но е пред Никити и е мн блиску до Никити. Хотелот има своја плажа (најмногу ради тоа го уплативме) но осеќам ќе дремеме на Лагомандра и Ковиу. Исто Лагомандра ресортот е преубав но е доста поскап. Ковиу исто мислам најмногу ни се свиѓаше, хотелот има супер плажа и башка дел со базен иако мене тоа не ми значи пошто при море базен не ми треба. Исто во Порто Куфо хотелот е врв лани бевме си има своја плажа башка е доста добро среден.
@Skyler @SuperGirl24 3 пат идам во порфи за ништо не го мењам. Плажата е супер, ама во вода има камчиња, тоа не е баш најидеално, во левиот дел е подобро. Ние некако се договараме и ако се измољакаме добиваме соба на приземје, уживанција ни е, малата си трча во двор јас од тераса ја гледам. Храната им е топ, имаат и таверна ако не ти се искача од хотел. Има и лулашки за помали, некој биљард такви работи за поголеми. Собите се убави, многу чисти и секој ден ги поминуваат, освен оние не реновирани, ама не верувам таква да ви дадат. Никити е стварно многу блиску, ама мене толку ми е здосадено од Никити башка што не можеш да се разминеш на шеталиште, па идевме до Мармарас поинаков шмек има. Е нас ни здосади па одевме по други плажи, ама се е на пола саат, башка не се замараш за доручек и вечера чим за мојов нејадач имаше храна, сабајле јадеш одиш на плажа и се враќаш за вечера.
3 и пол месеци беше бебе прв пат кога бевме на одмор и топ си поминавме. Бевме во септември, не беше ич жешко времето па скоро по цел ден бевме на плажа. Бебе си цицаше, така да храна/вода си имаше достапна во секое време, си го легнувавме на лежалка и во количка. Единствено како услов би било сместување на сама плажа, за да можеш во секое време да појдеш в соба.
Nie bevme smesteni vo neos marmaras i bevme eden den i na lagomandra,ubava e i ima prirodni senki no e odma dlaboko za deca,kalogria e isto mnogu ubavo a ne e taka dlaboko odma,za so deca e podobro na kalogria da odis
Бевме веќе. Многу сум задоволна од хотелот и плажата иако е подлабоко, битно водата беше многу чиста.
Мајки предлог за убаво сместување на сама плажа во Грција, со две бебиња сме, исто да не е многу далеку од Мк?
Не знам колкави се бебињата ама ова ти е сама плажа со бесплатни лежалки, огромен двор, нема гужви низ селцето или град што и да е, Каламици е многу близу, а и има преубаво зајдисонце до 21h седевме на плажа. https://www.booking.com/Share-qPV9k4