Не се многу мали бебиња, ама близначиња се и се точно во период кога сакат да прават работи, а не можат. Сами ќе одиме и стварно ми треба нешто блиску, зошто и во кола се лутат, едно вршти, другото да не е покусо почнува и оно, со еден збор хаос . Осум месеци се, доста живи и пргави, нели фала му на бога што е така, ама доста напорно...
Оф душо, за вас ќе нема одмор Ете фрли ги таму во тревата нека се тркалаат додека вие пиете кафе Моето е 9 месеци и сега бевме на 4 дена, по цел ден во тревата си лазеше, напорно беше ама не како што ме исплашија сите
Мами какви средства користите за после убод- од комарци кај бебиња? Ние сме 8+ месеци. На интернет ги најдов овие гелчиња, дали ги користите овие или некои други?
Од тие од ДМ, првите што си го ставила, спрејот го користам, ок е, не се чешаат моиве. Од бебе кај малото сум го користела, помагаше.
За мачкање за против комарци што користите? Не ми се влегува во Зегин оти како некоја секта се и само производите од фрезидерм ги рекламираат за најдобри ...чини тоа крилен или mousticare?
А, тие, едни од најлошите. Ги користел некој оние од дм што се лепат на блуза? Или алки од аптека? Ефикасни се?
И јас од овие ќе земам...фала..а за алки не знам, има повеќе видови, искрено не знам дали делуваат. Ако сподели некој што има користено супер.
Јас имам алки mousticare од зегин супер се. Шом мене не ме касаат значи делуват, јас сум мета за комарци
Значи и натака има комарци, а сакав да тркнеме до Платамона одамна не сум била ама немаше никаде ништо слободно.
Алки од зегин сум користела и се покажаа ефикасни, само имаат јак мирис. А лани зедов од лепенките така-така ми се.
Сакам да прашам дали е нормална цена за студио во Неи Пори 50 евра за период од 28 август? Или се наоѓа поевтино?
Какво осигурување вадите за патување во Грција и од каде? Кое е најповолно, горе-доле сите претпоставувам исто покриваат
Ние последно од триглав онлајн извадивме фамилијарно. За регионот си бираш колку дена ти треба. Мислам околу 800 денари го плативме за 4ца
Ќе оди некој овој период во Грција? Ние заминуваме во сабота во Неа Потидеа ама страв ме фаќа од топлотниот бран. Со две мали деца ќе треба премногу пазење. Гледам од сабајле е веќе 30 степени, ќе окапиме во апартманот
Ај баш пиши како ќе биде, ние другата недела ќе одиме. И мене ме фаќа страв. Единствено да се станува многу рано, сигурно и во 7 ќе биде топло.
Зошто толку паники?Јас сум една недела веќе во Калитеа со 3 деца.Се изнауживаа децата во вода.Топла,чиста.Не се осеќа покрај вода жешкото ко на асфалт во град.