Ние момемтално сме на одмор во Никити. Сите дечиња се лом од комарци, моево нема никаде каснато. Користам алка една 90 демари од зегин како сајла/стегач е, друга на количка 250 денари на мусти кер и мислам дека најмногу помага МАПЕЗ спреј, го земав од Србија, околу 300-400 денари, го има и кај нас пребарував знам на гугл.
Зедов едно за прскање од Еурофарм, и имам мустикер отворено, мапез никаде не ми понудија, и јас никаде не видов низ аптекиве, уште алка да купам. Фала...а жешкото се издржува?
Ние вчера стигнавме, скоро цел ден бевме на плажа, под сенка,се прибравме накај 5. Искрено на плажа дувка ветерче после 12, пријатно е во сенка, во смештај треба под клима да седиме. Пс. И сега сме на плажа, има ветерче и е ок.
garnier sprej и sundance 50 ka мачкам.Немаат изгорено никогаш.Течности и лесна храна,капче обавезно до 5.После 5 не им ставам. Малото кај мене гума не сака.Али обожава да е во вода.Ја земам со мене и одиме едно 30 м од брегот.Ја брцкам во вода до врат. На плажа знаеме и до 2 да останеме па правиме 3 часа пауза(туш,дремка,јадење).Па после од 5-7 пак плажа. Знам дека препораките се др ама лично не сум имала проблем никаков досега.Кој сака може и во 11 во соба . Сите се бели а добија мн убав тен .
Леле блазеси ви...моите се двете мали...една година и три години..двете нејкат капчиња ама сакаат гуми. Имам и јас за мачкање..ме утеши малку...убав помин
Некој искуство да не бил во Голден Бич хотел во метаморфози, почеток на септември со 14 месеци дете ?
Ние бевме убаво поминавме ептен само плажата не ми се свиѓаше доле пред хотелот па идевме на некои 6 или 7 километри после метаморфози убава плажа имаше таму и чиста вода. Во апартманите си има фрижидер лади солидно можеш да внесуваш од надвор храна и пијалоци.
@Skyler стигнавме ние на одмор...не се осека многу жештината, попладнево е баш на плажа, во вода и под сенка мислам дека ќе се издржи, денес имаше бранови па сега се смири...слободно до кај 8.30 можи да се седи на плажа, водата е претопла. Гужви не фатија само кај Солун, можи саат време возевме 20тина километри. Убав помин ако се решите. Комарци немало многу, така не информираа претходната смена.
Заради гужвите ние ептен рано тргаме, сме немале проблем. За топлото само за бебето се плашам премногу е бел, нежна кожа ќе треба да не мрднеме на сонце ама штом е топла водата немаме гајле Пиши апдејт и за комарците Убав помин да имате