На крајот на плажата на самото заливче има бејби плажа за мали дечиња. Јас не сум била досега, а баш сакам. Ама тешко изводливо. Се пешачи километар по плажата, а јас таму сум сама со количка и триста реквизити и додека стигнам ќе ме стемни. А после 11 веќе е пекол за децава.
[QUOTE="azelea, post: 3328496, member: 602разглез ми е животна желба да го посетам,се надевам еден ден ќе отидеме,само со авион би одела Турција,ама ај да не кажам два пати .Инаку од кај нас ни една агенција го нема,гледам српската Контики имат хотели ама од тие поскапите.[/QUOTE] Еве да ти го раскажам нашето искуство. Со мм тогаш дечко без никаква организација и уплата однапред си седнавме во кола, без клима, јули мислам беше, и тргнавме со првична идеја за Фетие. Патот долг у бестрага мм не сака да вози ноќе и останавме 1 ноќ во Чанаккале. Топлото по пат да не ти го опишувам мислам ослабев неколку кила. Конечно стигнавме во Фетие и на прв впечаток разочарување претопло и некако пусто бидејки сите најверојатно одат на локални плажи дење. Ај пак назад во кола искачивме уште 1 планина и стигнавме во Олудениз. Одма и двајцата рековме остануваме тука местото е рај. И не зборувам за лагуната, преценета ништо посебно башка се плаќа влез, зборувам за самото место и таа плажата кај хотелите. Бели округли камчиња и светло плава до бела вода. Преморени бевме се облековме во купаќи и правец во вода. Откако си дојдовме на себе прошетавме околу и ни стана јасно дека е местото скапичко а не бевме тргнати со мн пари башка многу потрошивме за бензин. Ќе почнев да плачам од мака и среќа сретнавме едни македонци и не однесоа до нивното хотелче, мал ама многу убав среден хотел и ни дадоа мн евтина понуда со доручек. И од тогаш се беше супер. Местото е преубаво нема нешто многу забава ама нас тоа ни одговараше. Зборувам за пред 15-16 години Бевме млади и без деца. Во меѓувреме имам разгледувано опции ама ретко кој ги работи хотелите таму и ако најдеш претежно ги има поскапите хотели а за сама да организираш пак не знам како е со летови. Малку предолг пост и малку надвор од тема ама ете сакав да споделам искуство
Годинава планот ни е во Заовине, Србија, свекорот таму е роден и има куќа, сега преуредена во викендица. Местото е рај. За малата ќе наполниме базен и нека ужива, а во септември некој ден ќе поминеме во Грција.
Супер екскурзија сте си направиле @M&M ,па кога си млад и сам кога инаку,ај сега нека ти текне така да тргнеш.Е стварно е рај,јас сакам такви места каде има спој на планина и море,зеленило,не сакам голи ридови или само плажи,можеби и затоа најмногу ми се допаѓа од сите места во Турција како и Бодрум,Мармарис,еве Аланија,Анталија не се по мој вкус,само плажи и сонце,исто и краците посебно првиот на Халкидики не ми е убаво,затоа и цело време порано одевме во Хрватска,убава клима,не многу пекол,али секој по свој вкус.Е сега со мали деца треба према нив да се ориентираме како ќе биде најдобро,нашите желби кога ќе остариме. Е убав е тој дел на Србија,сме биле во Златибор и тоа мислам ми беше одмор во права смисла на зборот,и за дух и за тело
Во Турција и Кемер има убави плажи со зеленило, има ридови и борова шума. Инаку, вториот крак во Грција ти е баш таков, претежно апартманите се со големи зелени дворови и плажа.
Е гледаш за Кемер не знаев ,а за втор крак да,таму и летуваме последниве две три години откако останав бремена
Затоа ние сме поретко на море, штета само што не ни дозволува време да одиме почесто освен во лето и чат пат зима .
Мајки, кој месец е најубав за летување со мало бебче? Ние годинава ќе одиме во Грција, кое место не знаеме точно, сигурно ќе е некаде на краците. Досега со мм обично летуваме крај на август почеток на септември, најубаво ни е тогаш, ем не е толку жешко, поефтино е и нема толку гужви... меѓутоа мене тогаш ми завршува породилното, беба ќе треба во градинка на адаптација па отпаѓа тој термин. Е сега се мислам, јули и почеток на август би било многу жешко, евентуално крај на јуни, ама пак се плашам да не е пак ладно и да не можеме да се бањаме? Искуства?
Ние одиме секогаш крај на јули почеток на август.Нека е топло ,можеш да го брцнеш во морето без да се плашиш
Оваа година Грција дефинитивно и малку до Банско на планина таков ни е првичниот план. Гледам се зборува за Турција најубавите одмори ми биле таму ама некако страв ме фаќа со ситуацијата што мислите безбедно е ?
Јас лани бев крај на јуни почеток на јули, топ беше. Водата нормално е поладничка, ама супер е јас се бањав нонстоп бев 8 месец трудна. Јас по 10 јули не би одела со бебе во Грција ем е гужва ем е мн топло. Оваа година со бебето планирам да одиме крај на мај и септември, е сега дали ќе се бањаме во мај незнам јас сум оптимист
Мн зависи каде одите Ние лани бевме Торони на вториот крак.Место на плажа имаше да бираш колку ти душа сака.Тивко,мирно,топло Инаку бевме почеток на август На првиот крак секогаш има повеќе гужва
@MissDior ич не ми текнува името на комплексот во моментот Еве една слика Плативме 1050 евра за 8 вечери.Но само смештај.Комплексот е одалечен од плажа околу 6-7 мин пешки.Плажата е преубава.Имаш со и без лежалки.Ние најчесто одевме без лежалки бидејки имаше мн мн место на располагање.Седнуваш каде сакаш,отворено небо ,и огромно море пред тебе.Мислиш птица не пролетува таму Некој ноќен живот баш и немаше.Има дукани ама ние со кола идевме до таму,малце подалеку од нас беа.Кафичи по некој рибен ресторант,гиро бар,тезги... Најмногу бевме ради водата.Мн чиста и бистра во тој дел е
Epa mami da vi se pofalam podnesovme dokumenti za pasos da vadime za bebe Ke bide gotov za dve nedeli,taka da ke mozam da planiram.za prvi.aj nekade da se setne Ve citam celo vreme i vi gi pamtam kritikite i falbite za mestava.Bidejki prv pat bi idele na odmor,hrabrost imam samo do grcija da trknam i toa na kracite samo... Pozdrav do site
@joy1 , @angrypepper фала ви мамички. Ние сме заинтересирани за Олимпијада, читам дека ептен било убаво местенцето за со мало бебе. Некој ако има одено да сподели искуство?
Мало местенце е , со убава плажа. Таму некаде во близина беше и ,,Белата плажа,, , со навистина бел песок. Не сум била многу време, ама за со бебе е супер. Мирно мало селце.Мислам дека имаше околу и некоја борова шума.
Pobarajte ja Anastazija Paruseva Rizou na messenger ako sakate da uzivate vo Olimpijada na Halkidiki.Nie bevme i si pominavme prekrasno