Не знам кај да прашам, па ајде тука? Дали е паметно да се оди на одмор со шестмесечни близнаци или да си седиме мирни? И ако има некоја искуство, да сподели пожелна локација? Докториве ни викаат да не си играме, мали биле, пренапорно ќе било и за нас и за нив, ама изгинавме дома седејќи на 40 степени, ни надвор ни внатре не бива. Барем негде до вода, не дека ќе е поладно, ама да подишат морски воздух.
Па зошто да не одите,еве пример ако не за на море можете барем до охрид како за почеток, има убави плажи со природни сенки каде ќе уживате.
Да си го смениш матичниот. Лани во септември бевме на одмор со 3++ месеци близнаци, супер поминавме, истата рутина како дома само на море и на плажа. Еве сега бевме во јуни една година се одлично поминавме (овој пат нормално позахтевни се дека разбираат , лазат си играат одат со помош). Значи незнам како може да биде напорно со сопствено дете! Во септември бевме во полихроно не сум воодушевена од местото, сега бевме во никити супер беше.
Фала ви девојки, ми помогнавте да одлучам. Инаку и јас исто мислам, како растат само пооткачени стануваат, ако сега не можеме да се справиме, не знам како кога ќе почнат со каприци. Мене единствен страв ми беше патувањето, девојкава не сака да види транспортер, секое излегување од дома ни е со вриштење, ама нема вечно дома да седиме, дали до Охрид или до Грција, мора да се научи да се вози. @Inamya во врска со смештајот, си носевте транспортни креветчиња, или на спална со вас спиеја?
Дали може некој да ми препорача смештај било кое место не е битно во Грција, каде што е блиску плажата и има креветче за бебе, фала
Од мое искуство креветче ни нуделе скоро секаде каде што сме оделе со бебе/дете. А за смештај се зависи што очекуваш и бараш - близина, цена, конмфорт....
На спална со нас спиеа, бевме во студија сместени и имавме по две спални така да имаше комоција за сите.
Дали некој бил во кампинг Кастело и како е задоволен од смештајот, дали е одма на плажа, за храната од каде купувате, поголем маркет дали има ? Мојата женска е 2 ипол години мислам вака по сликите ќе е погодено за нејзе ама ако може искуства. Фала ви
Не е исто на море 40 степени и тука… Доколку си се организирате убаво нема зошто да не одите. Некое помирно место без гужви и со природни сенки. Никити, Вурвуру (има убави плажи со природни сенки).
Да не те плашам, ама може и нема да се научи. Мојава, сега година ипол девојка, на прсти може да изброиме кога не вриштела или цимолела во кола. Сега "седи" во кола, откако ќе ја седнеме со плачки, тегнење, тажно плачење по мама како да ја праќаме на печалба сама. "Седи" до бате (изврзан кутриот-за пример да е) само ако ѝ пееме, ако подава бате грицки, ако не ја грее сонце, ако не е темно мадвор, ако не врне (затоа што се плаши од бришачите), ако не е премногу жешко, ако нема обувки на нозете, ако ѝ правам муабет ама не премногу оти одма ѝ текнува дека не е кај мама, па продолжува со плачки. Лани бевме на најблиската плажа на првиот крак на кој можевме да најдеме место и пак кога стигнавме ми бучеше глава од неа. Многу ми е чудно што не сака да патува, иако редовно секој ден од кога е родена се вози..
Одлично е се. Смештајот зависи кој имаш многу варијанти. Ние бевме во mobile homes, имаше две соби, една со спална една со креветчиња на спрат, кујна и вц, одлично дворче да го наречам. Нашите бунгалови беа од тип б што значи минута и пол од плажа, Боса да си одиш. Храна нешто носевме, нешто пазаревме од маркетот во кампот нешто од Лидс(на 10 минути е) а ресторанот и барот беа топ со храна во кампот. Само види си убаво за сместување бидејќи мислам дека се е фул
Не ме плашиш, јас веќе сум преплашена од нашава домашарка, со таа нејзина одбивност од возење. Батко штом го ставиме во транспортер се смее, претка, знае дека ќе гледа надвор, каде и да одиме си разгледува, дури кога ќе се измори заспива. А со неа, јас седам позади меѓу нив, кога тргаме од двор ја држам в раце, па маж ми трга полека со кола, па застануваме да ја наместиме, држам рачиња, бута се што има на неа и цел пат ме гледа луто и се жали, вика. На крај ќе заспие, ама додека стигне тој момент ние сме утоп испотени од нервоза, па за враќање иста процедура. Обувки на неа ни под разно, се тешам што сега не и ни треба ништо, пелена, боди или фустанче и ќе тргнеме, па се надевам ќе издржи некако.
Мајки искуство со 2,2ипол месечно бебе на море? Се размислуваме средина на септември ако е ок времето да отидеме некој ден до Грција. Највеќе заради бато,слуша како сите околу нас се спремаат за на одмор,се надева дека и он ќе оди
Моето во кола седи мирно максимум 20 минути. После почнува директ да рика. За Грција тргнавме во 3 сабајле, за да возиме додека спие. За враќање тргнавме кога му беше време за спиење. На граница го вадев од седиште за да одмори од него, па го враќав кога ќе ја поминеме. Инаку за дилемата, да си идете на одмор, не се мисли. Јас прв пат на 3 месеци го носев, на зимување. А сега два пати бевме, еднаш во Тунис, па после во Грција. Мене луда ме правеа, прво како може да идам на снег со бебе, а сега за во Тунис. А супер си поминавме на сите одмори. Ти си со две бебиња, ама и дома ќе се чувате и во Грција ќе се чувате. Едната опција е на 40+ затворени дома, другата е на морски воздух . Мојов се изнаспа. Дома ми стануваше на секој саат, а на одмориве, во Тунис два пати стануваше, а во Грција цела вечер ја преспиваше. Грција во Никити бевме, супер е за со деца.
Оди слободно, секако бебе ти е на цицање бар него нема да го мислиш за носење кашички и врагови. Како викаат не е тешко со бебе да се патува туку со тодлер и тебе убаво ќе ти дојде ќе се освежиш.
Ние бевме лани со 2 и пол месечно бебче , после 10 септември поминавме одлично.Најмногу заради бато, букиравме хотел на сама плажа , бебе беше одлично, мирно , спие, јаде и тоа Се одморивме сите убаво, бато беше пресреќен еден од поубавите одмори