Не е до толку страшно. Бар јас не се сеќавам дека нешто проблем ни беше, а бевме кога големиот беше годинка. Само долго е патувањето.
Плажата е чиста, со убав песок, моренце плитко. Лани бев, само собите не ми се свиѓаа, некако внатре мрачни, стари… Храната е убава, ама просечна, ништо посебно.
Дали во Неи Пори има добро снабден маркет налик Лидл или Матсутис? Да не се товариме од тука да си испазарам директ од таму.
Кој пробиотик го носите за дете 5 години и бебе 1 година? Јас на женската и давав ваја ,на син ми пролајф, матичната ми рече не давај толку пари земи им дуобиотик , давај го на двајцата, има ли некој друг што можам и за двајцата да го користам или добар е и овој?
Дојдов да ги пофалам Karali studios во Никити и Hotel Blue Dolphin во Метаморфози. Презадоволни е мал збор за тоа како поминавме особено што ни беше првпат да одиме со бебе на одмор. Karali studios - прекрасни нови и чисти апартмани опремени со сè особено во кујната. Секоја соба има голема убава тераса. Апартманите имаат огрооомен двор со тревник, играчки за деца, лулашки за деца и возрасни, скара, масички и гарнитури за да си пиете кафенце. На сама плажа се и наглавна улица. Газдарицата едуша од жена кока е тука за сè што ќе ви затреба. Hotel Blue Dolphin е ресорт со прекрасна градина, зеленило, лулашки за деца, два ресторани, една таверна, pool bar, терени за одбојка и кошарка, базени, спа центар и теретана. Храната за доручек и вечера е шведска маса и ја има во изобилие и најважно од сè, превкусна е. Персоналот е прељубезен и ќе ви помогне што и да ви треба, особено ако сте со бебе/дете. Плажата е многу убава со борова шума одоколу и чиста претопла вода. Лежалките се вклучени во цената. Секоја вечер има мини диско за дечињата, а потоа некое шоу за возрасни (принципот е како во ресортоте во Турција). Собите се пространи, нови, чисти со прекрасни тераси. Ако некој уште се мисли, се надевам дека му помогнав со ривјуата полесно да се одлучи Прекрасни места, ние сигурно ќе се вратиме повторно
Се извинувам што сум оф топик, не одам на одмор со бебенце Ама ќе одам во Никити за брзо, ако сакаш можеш ли да споделиш инфо за Никити, во врска со плажите, лежалки колку чинат, дали има доволно простор за сопствена опрема?
Сите во вид на капки можеш и за малата и за големиот. Јас искрено Диастоп користев и за двајцата, ама големиот почна да ми протестира и за него земам пролајф пастили мислам дека најефтина варијанта се.
Има места кај што нема лежалки и слободно можеш да си поставиш твоја опрема. За лежалките инаку е 10еур по човек т.е треба да потрошиш 10 евра за јадење /пиење по човек. Претходно, не беше така, требаше само пијачка да нарачаш и лежалката е твоја, на сред одмор го сменија принципот.
Нашето искуство за Торони ќе го споделам, водата убава, плажата добра но лично јас не сакам стрмни плажи сепак ајде да речам ок, местово нема ништо посебно и незнам зошто е толку “прочуено” за со мали деца, малата ми е 23 месеци, комарци ја испокасаа првата вечер ( не ни знаев дека има толку многу) да ти е страв да испаднеш - мутанти! Од еден убод и се прави по 5 цм круг реакција, па мачкања за после убод, пудри и што ли уште не, ја касна и над аркадата и и отече окото, среќа за еден ден се повлече, местово не би го одбрала втор пат, особено не со дете…мислам дека нема ни аптека, ако знае некој подобро нека ме поправи. П.С кога се шеташ навечер мириса само на средства за прскање против комарци.
Ако сакаш во порака да споделиш цена и линк од смештајот во Никити Нема аптека, моите беа таму во јуни,за аптека беа во Неос Мармарас
Сите го фалат Торони за со мали деца И јас букирав таму, утре треба да уплатам Никити бевме јуни, многу ми се допадна, особено Ковиу плажата , бојата е нестварна. Јас не би се сместила во градот, плажата градска е катастрофа, претесна. На 2 крак тешко се наоѓа смештај а и цените се машала. Ние во Торони 110 евра ќе плаќаме, прифатив дека на сама плажа е . И хотелите им се прескапи, а ништо посебно. Еден Македнос во Никити за кои во јуни 400 евра плативме со доручек и вечера сега ми бара 700 и кусур . Исто и Ковиу Вилиџ
И јас мислев дека хотелите не им се ништо посебно ама сега се уверив дека не е така, веројатно баш сме го погодиле хотелот. Е сега поскапо плативме ама стварно вредеше.
Диастоп даваш и пред одмор? Или само кога имаат дијареа? Им земав по старо ваја и пролајф, викам ај пред одмор да не им мењам
И претходно го давав ради стомачните дека големиот одеше уште во градинка. Сега сме Охрид, после одмор, така да ќе давам до крајов на летово па после пауза.
Здраво, Веќе ни е резервирано и капарисано за во камп Thalatta, на втор крак близу Каламици. Цуци има две години (не е веќе бебенце) ама ако некоја била периодов нека сподели, некако измешани reviews има на google, соодветни слики на site немаат и немам баш некое добро чувство за кампов.
Искрено повеќе ми се свиѓа Арменистис кампот зошто има и бунгалови со свои купатила, клими итн. Баш сега ги гледав и сликите каде што ќе одите некако не ми изгледа лошо ама не е ни нешто фасцинантно,а плажата на Каламици ја фалат дека е убава.