Женски, предлог за на море со бебенце и дете Или Албанија или Грција. Сакаме во хотел со базен и блиска плажа или приватна. И да има во хотелот игри за деца, значи kids Friendly, за кога ќе има дремка малото, поголемиот да има занимација надвор. Знаете како одат тие работи. Значи битно ми е хотелот да има детски реквизити и блиска плажа. Па кажете од ваше искуство нс друго што да обрнам внимание. Најдобро е да биде патот до таму максимум четири часа, леле првпат ми е, возбуда ме фаќа. Бебето ќе има скоро 7 месеци, ми е дс не е многу мало. Како поминавте со бебињата? Сега ќе читам наназад искуства.
Баш пишав јас дека бевме во Хотел Blue Dolphin. Хотелот е како со бунгалови со големи соби. Прекрасен е и е ептен кидс френдли. Храната е превкусна и изборот е огромен. Хотелот е со приватна песочна плажа опкружена со борова шума,водата е чиста и топла. Секој ден има Мини диско за дечињата, апосле тоа има шоу и за возрасни. Сите се многу услужливи и излегуваат во пресрет за што и да ти треба. Со бебуш поминавме одлично (и мојот имаше 7м тогаш, а во хотелот имаше и бебенца од по 2-3 месеци), уживаше и тој и ние па затоа сакаме да одиме на уште 4-5 дена во септември.
Наши пријатели беа, баш се задоволни, има доктор до одредено време, мини маркет со многу ок цени, бар и пекара. Плажата е супер освен што знаело ветер да задува некогаш.
Хотелот е на 2км пред Метаморфози. Мислам има околу 370км пат. Е сега колку часа ќе фати зависи од гужва на граница и колку паузи би правеле. Мој совет е да тргнете баш баш рано додека децата спијат за да го поминат патот во сон. Потоа таму и да не е готова собата ќе де раскомотите и ќе одите на плажа. На самата плажа има висока платформа со таверна која е баш пред морето и цело море ти е пред очи, ќе уживате. Не се сеќирај мама, супер ќе го поминете патот.
Кој беше во Тунис со бебе? Може да сподели искуства? Каде, како, со бебе/тодлер по аеродроми во никое време на скала од 1 до 10 колку стресно е? Храна како теравте? Локална? Не ви реагираа малите мешиња? Ми се оди, ама ми прпа со вака мало дете..
Стресно само со тодлер е над 10, а со бебе верувам повеќе Не сум била Тунис ама пошо имам не јадач дома и сум носела каши и млекциња еден куп по мене.
Здраво ма сите ние сме 3 и пол месеци и имаме од Австралија за Македонија дали некој до сега патувал олку долга дестинација не се плашам ама добри ми дошло некое искуство
Како ви изгледа еден ден кога сте на одмор, каков ред фаќате со бебињата? Кое време одите на плажа, што понесувате со вас како неопходно, дали е подобро на плажа со лежалки или со чадор на пример? Каде ги ставате бебињата за дремка? Исто, што е потребно од страна на лекови и козметика? Ќе ве замолам за искуства, прв одмор ни е, бебе ќе биде неполни 6 месеци кога ќе одиме.
Девојки предлог каде на кое место да одиме на одмор во септември на првиот крак? Сакам да има убава песочна плажа и не барам журки до сабајле ама навечер да има каде да седнеме со мм на пијачка/вечера.
Nie bevme lani vo bungalov smesteni, ima sopstveno wc, kujna, klima, tremce... ne se luksuzni, ama ima se sto treba ima mn.komarci bidejki kukickite se megu drva.super pominavme, plazata e prekrasna iako ne e plitko. Edinstveno sto mi smetase e tushot vo bungalovot ili vodata bese ladna ili prezeska edvaj mu fativme caka . Ako treba uste nekoe info moze i vo poraka
Зависи во кој период. Во септември се наспивавме, доручкувавме и одевме по цел ден на плажа, бебе си спиеше таму, таму каснувавме нешто, кон 18 се прибиравме, се средувавме и излегувавме да вечераме и да прошетаме. Моментално сме на одмор и искрено мене повеќе замор ми е. Стануваме рано, доручкуваме, одиме на плажа до кај 10:30-11, се прибираме, средување, одмор и дремка, ручек, пак спремање за на плажа, плажа после 17:30 до кај 2, па назад за средување и вечера. Дури сме вечерале врви 21:30 и веќе сме отепани за спиење, ни до шетање, ни до пијачка ми е дојдено.
Зависи Од повеќе фактори. Одевме два пати. Жешкото го седевме дома. Носев крема со 50ка фактор, АД,вода,алишта,пелени неколку, количка. Воглавно идевме на лежалки под сенка . Мојата не сакаше да се бања па само си играше и спиеше во количка.
Издржи мама ќе помине и "одморов" ист истеравме во јуни. До кога ли траат ваквиве "одмори" Повеќе да се радуваш кога се враќаш, од одењето
Готово, уште 2 дена. Едвај чекам дома, само ако може некако патот да го прескокниме. По математиките на маж ми, за 7-8 години ќе имаме одмор за одмарање. Издржи.
Не сум била Шпиле, бидена сум Ксамил и Валона..јас мислам кога одлучуваш за одмор со поголемо и помало бебе секогаш гледај условите да му одговараат на поголемото...иако зависи од дете до дете...барем моето размислување е такво пошто такво ми беше детето..првата година на 7 месеци бевме Ксамил..и да бевме на Малдиви и да бевме на Бали него исто ќе му беше...не сакаше капење, сите денови дури бевме таму ние со држење го брцкавме по малку во вода, не сакаше песок, не беше уште пролазено и цел одмор го преседа во количка..криво ми е зошто пукнавме од досада јас и маж во место што се шета во пола саат, а можевме да одиме било каде...е следниот одмор кога беше веќе поголем имавме други приоритети: апартман до плажа, песочна плажа и сл...за бебе од 7 месеци е важно само смештајот да е чист и да има каде да спие и толку..и да е блиску ако не е по седењето во кола
Мајки,вие што сте биле албанија со мало бебе...дали треба пасош или може на нашите пасоши да се стави нешто пошо гледам ми кажуваат и таква опција?