И јас ги имам истите дилеми и трилеми Ај да почнам од количката. До сега цело време со "главната" шетаме, не гледам зошто да купам летна искрено. Одлична во секој поглед, не мислам дека на беба ќе и биде поудобно во нешто друго. Ние и пред детето доста шетавме со маж ми, количката кога ја биравме гледавме да биде саглам за душата да и ја вадиме. Планирам и по авиони да ја маткам и сегде каде што треба. За сместување, имаме каде да ја сместиме. Околу факторот исто ми е дилема. Мислам дека би земала некој природен со физички филтри како тој на Гамарде што го спомна, па таму ќе одлучам кога, колку, дали ќе мачкам. Ќе бираме плажи со убави лежалки и сенка, за во вода планирам гума со стреа, купачи и лесна памучна облека за на плажа. И секако во најжешото нема да сме на сонце, ќе тераме ручек некаде или нешто така. Само да се дочуваме некој да не настине пред или за време на одмор, мислам дека првото лето најлезетски ќе е. Само на доење е, ни каши ни храна да мислам, не оди, не прави бељи, нема да се молиме да излезе од вода Ептен идилична ми е замислата, за некоја недела ќе кажам каква била реалноста
Ние бевме почеток на Јуни, точно 5 месеци беше. Времето уште не беше претопло, тоа беа првите топли денови што се вика. Не мачкав, ама и не седевме цел ден на плажа.Да беше сега со овој ув индекс ќе мачкав сигурно. Носев летна количка, со неа одевме на плажа, првата дремка ја тераше во неа на плажа. Ама јас таа секако ја користам и за тука, зимската ја спакувавме. Инаку да имав простор во кола зимската би ја носела сепак е поудобна за возење, така да за количка одлуката е твоја, никаде не вика мора летна . Ако имате простор терајте со неа. Јас и да сакам во маздулено со две седишта и потребни работи за две деца нема шанси да ја спакувам. Капче јас имам од мадркер од првото останато, а инаку имам гледано во ваикики ако останало нешто во дуќаните, во џамбо исто видов последно, а и банз имаат https://kidscarewears.com/product/banz-kapa-za-plazha-50upf-100-uv-zashtita-turtle-bubzee/
Планираме да идеме до Грција на 7дена, но прв пат ќе идеме натака на одмор, па да ми препорачате за со година ипол дете каде е најубаво да отидеме?
Ние бевме на преглед во Ремедика кога имаше пет месеци, тогаш ја прашував Марина како да ја заштитам од сонце ми рече слободно да ја мачкам со фактор. Мислам не би требало да е индивидуално, веќе големки се. Имајте убав одмор .
Ако бебе ти сака да седи во количка земи ја, раат ќе видиш. Ние бевме кога бебе беше 6 месеци. Во вода само кратко беше последниот ден, ама во базентче беше повеќе од пола ден. Во количка спиеше и јадеше, а и кога не беше во базент си седеше во количка, уживаше дека галама народ. За во вода не ти треба реално ништо, носевме гума со покрив еднаш на 5 мин ја искористивме. Базентче обавезно, ќе си го пуниш со морска вода бебе ќе ужива. Убав одмор
Најчесто овошје, солени крекери, било какви грицки. Има во Лидл едни интересни пченкарни стапчиња како смоки, жирафа мислам имаа на слика.
Еве јас како постапив Фактор не користев. Претежно беше под сенка се бањаше со оние гумите со сенка што се најчесто и понекогаш кај нас во раце ама тоа секако е неколку минути време во кое секако нема да "изгори" и нема да биде во вода во 12саат нели. Во вода беше со обични гакички колку да не е гола,кога ќе излезеше ја облекував пелена и нагоре прерамки/рамки/боди зависи од време. Капче никако не поднесува така да и тоа не користевме. Количка имавме летна веќе земено ама ако ти немаш тогаш не гледам проблем зошто да не си ја носиш зимната ако имате простор таман може и ќе си спие во неа на плажа. Убаво да си поминете.
Мене искрено Полихроно не ме бендисуваат баш плажите,премногу тесни и не се песочни.Ова го кажувам за пред 5години од тогаш не сум била.Инаку вака општ впечаток не е лошо.
Добро што е со цениве на втор крак за септември... Дајте ми некоја препорака за смештај со убав двор. Фала
Исто се мислам и јас, средина на септември 2 месеца ке има бебе барем 2 дена ако не повеќе ради бато, ептен ми е жал за него.... Цело време слуша како одат сите на одмор и тој си зборе сакам море... И бато ни е мал тодлер, и бебе мало, но за бебе ми е страв дека едвај 2 мес ке има и се мислам и туфкам...
Ако може да споделиш на кое место бевте и инфо од хотел, ако веќе одам ми треба нешто ептен на сама плажа
@Sofi.ja @no name5 На одмор со толку мало бебе не сме биле ама бевме на викенди зимата и најтешко ми беше спремањето ад кога сме излезени На одмор можам да замислам дека е уште полесно зашто моите се 3г и 10м и стварно не ми е напорно, а захтевни се. Јас би идела.
И ние највеќе ради баткото сакаме да одиме. Исто и он само слуша како сите околу нас одат и сака и он. Педијатарот ни дозволи, планираме да одиме од 11.09, тогаш ќе има 2м и 7 дена @Skyler ние сме на доење,нема шишиња и термоси
Мене ми е супер. Песочна долга, на некои места потесна, на некои поширока. Одат доста со деца. Има и лежалки од кафичи, а има и место за сопствен чадор. Некогаш знае да се разбранува и да има и по некоја алга ама не се брановите огромни како оние во Сарти. Градчето е ептен симпатично, има долго шеталиште и покрај море има ресторанчињa, кафулиња. И многу убаво зајдисонце Ако сте за шетање по плажи, во близина има преубави плажи. Да беа попристапни цените за хотелите би одела таму и годинава.
Давајте ум како бебо да издржи во кола 4 саати, а да не му пуштам мобилен и да не го зимам во раце. Ни 15 мин не седи во седиште, одма со плачки почнуваме. Кога ќе одиме на одмор ќе биде 5++.
Истот ќе ти го предложев и јас како скајлер. Ние сега тргнавме околу 3:30. Додуша ми се подразбуди, ама брзо успеав да го презаспиам. До граница беше мирен, на граница се разбуди и издржа до прва бензинска, таму правевме пауза и тргнавме. Прокенка по пат па застанувавме пак да го заспиеме и издржа до крај. Во секој случај подобра опција зошто на полад не фати патот. Нареден пат мислам дека би тргала бар уште саат порано. Во секој случај и со застанување попријатен беше патот.