1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    3.910
    Пол:
    Женски
    Ке одиме за Неи Пори па сакаме да тргнеме навечер од Охрид одиме... Кога е најдобро да се тргне? Што предлагате утрото кога ке стигнеме да одиме на плажа ок,ама чекирање е дури во 14 во апартманот а со мало дете не можиме до тогаш да седиме на плажа...
    Ваш совет што би правеле пример во меѓувреме додека се сместиме?
    Иначе најдобра опција е да се патува навечер додека спие иначе нема шанси да седи толку во кола да се вози,2 години е.
     
  2. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    4.426
    Пол:
    Женски
    Еве свежо искуство со 2.5 годишно дете, не бевме Неа пори ама слична километража...и ние се мислевме дали да тргаме навечер или денски, дали да спие или да е буден, и прав погодок ни беше тргнувањето денски...станавме во 7, 7:20 веќе бевме во кола...ем сите наспани, ем стигнавме тамам да стигниме за чек ин (нас ни беше 15ч), ем синко мој не спие никако во седиште и ако тргневме навечер само ќе му го пореметевме сонот и уште полошо ќе направевме...ако си сигурна дека ќе ти спие во седиште тргнете навечер ако не тогаш не...иначе јас имам живец дете, вилицава ми се тресеше како ќе поминиме по пат, до Скопје одвај издржува ама супер поминавме...немаше ни гужва, се занимававме дел играчки, дел музика, дел камиони надвор (обожава мотори, камиони и воодушевен беше кога поминуваа покрај нас), дел тунели и отепавме 6 часа...
     
    На DaisyD и lovely91 им се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    12.240
    Пол:
    Женски
    Исто би ти рекла накај 2h да тргнете, плус не идете по автопат колку што знам, во раце префрлање во кола и одма тргате. Не правете паузи додека спие може и до крај ќе издржи заспиен. За чек ин секаде пишува 14h ама најчесто до 12 се спремни. Кога ќе стигнете одма пријавете се, кажете дека сте со дете сите излегуваат во пресрет. Спремај си еден ранец за на плажа со купачи, фактор, пешкири, грицки, обично секој смештај има тоалет каде да се пресоблечете или на сама плажа ќе има соблекувална, после префрлете се во дворчето под сенка или во некој кафич/ресторан. Стално вака правиме и не сме имале проблем дури некогаш собата ни е спремна, а ние уште сме на плажа. Дете е веќе, не е бебе, може да поседи под чадор на плажа.
    Ако нема гужва како што вика @doubleinfinity ок ама ние идеме од кај Гевгелија и таму е страшно, па подобро ноќе да чекаш на граница и патарини отколку во најтоплото.
     
    На Tiny Love, DaisyD, doubleinfinity и 2 други им се допаѓа ова.
  4. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    3.910
    Пол:
    Женски
    Реално ова е и најдобрата опција бидејќи и сакаме малку и од тој ден да искористиме да не е директно за во смештај..фала ти :)
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    Ќе се пријавите може ќе ви ја спремат собата порано. Нас сега во 12 ни дадоа клуч. Инаку ние се мислевме да одиме до мегааутлет или космос, ама решивме дека е попаметно да сме стигнати на местото додекс децата се посвежи па да се снаоѓаме тука.
     
    На doubleinfinity, Skyler и lovely91 им се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    4.436
    Од Охрид гледам ви е 4 саати негде, ете уште 1 саат да е по граници. Ако тргнете во 5 најкасно, таму ќе сте нивно 11. Апартманите знаат и порано некогаш да се спремни, дур паркирате, дур се сместите 1 саат ќе помине и ќе имате помалку саати за чекање. Ако е еееептен проблематично дете во кола тогаш само би патувала навечер, затоа што наредниот ден нема да функционирам ни јас ни маж ми без сон, така ќе ми биде пропаднат денот.
     
    На Tiny Love, doubleinfinity и lovely91 им се допаѓа ова.
  7. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    4.426
    Пол:
    Женски
    Ако сакате да го искористите денот и детето ви спие во седиште, тргајте порано...јас лично мразам директ на плажа да одам, сакам да си влезам во апартман, да одморам па да ми почне денот...на сместувањето му пишав сто пати дека сме со дете и дали ќе може порано да се чекираме, зошто моево од 1 му е дремка, ама чек аут беше до 11, па демек ќе видиме дента кога ќе си одат тие ред вас бла бла, луѓево не беа многу потегливи да не услужат и само ми пишуваа ако стигнеме ќе ви кажиме, ако стигнеме ќе ви кажиме и реков не Ве молам ич..мали беше свеж не му се спиеше, си бевме во Лидл си пазаривме и се чекиравме во 15..ако ви излезат во пресрет супер..јас досега никогаш во животов немам денски патувано, и како мала и како возрасна најкасно во 4 сме тргнувале на одмор, ама еве годинава супер ни испадна..плус низ грција дента кога патувавме беше малку облачно, клима сигурно имате, немате гајле :)
     
    На lovely91 и eli25 им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.864
    Допаѓања:
    122.948
    Јас пак обратно. чекам да станат околу 6 и пол , 7 ч. обично , синко го будиме , нешто каснуваат, тргнуваме 8,8 и пол, синко е голем одма заспива бебушка ја фаќа првата дремка , до граница спие, малку кенка потоа, одиме космос или икеа , едно натаму, едно наваму на враќање :D, тој ден не идам директ на плажа, нема шанси пресоблакање , си чекам смештај хотел / апартман одмараме и попладне одиме кратко:)
    Премногу рано е 2ч. да се трга , шо ќе праите цел ден :shake:
     
    На lovely91 и sani99 им се допаѓа ова.
  9. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам прашање и молам за овет од мајки со бебе и мало дете :) Како го поминувате патот со кола од неколку часа? Јас се мислам да откажувам сместување на прв крак, зошто како што е срга ситуација мислам дека патот нема да го издржиме со оглед на тоа дека бебето 5м, не може да презаспие во кола и плаче, а малиот се нервира и добива тантруми кога бебето плаче..
    Охрид или Маврово претпоставувам би биле подносливи дистанци за пат со кола. Па дали имате препорака за хотел во Охрид каде што има игротека или базен за деца?
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.864
    Допаѓања:
    122.948
    Искрено Грција би ја одбрала Пред Ох. не само ради морето туку и ради патот. Цела вечност трае.
    Ова ти е автопат… на сите ни плачат децата, тоа е ќе анимираш , ќе се праи пауза , ќе темпираш со спиење итн….
     
    На Sofi.ja, Tiny Love, MartinaMM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    И ние секогаш така сме патувале, ама сега со бебе нема шанси. Толку не поднесува топло. Во Јуни се зезнавме така не фати гужва на граница, таму пекол жешко, а бебе пишти и морав да го вадам таму во жешкото. Друго е во 6 сабајле, а друго во 9 да се помине граница и од аспект на гужва и од аспект на топло. Стигнавме околу 10, додека испивме кафе на плажа и големиот се пробања, собата веќе беше слободна па одморивме и после си теравме плажа. Друго е догодина кога ќе е пркант веќе 1,5 година и веќе ќе разбира.
     
    На DaisyD и Skyler им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.864
    Допаѓања:
    122.948
    Со клима се возите или без?
    Ние со, па можеби затоа.
     
  13. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.649
    Пол:
    Женски
    Во неделата во 4 тргнавме од дома,кога стигнавме на граница гужвата беше почната од бензиската Лукоил.
    Граница поминавме 10 и нешто накај 11 идеше,пекол жешко децава среќа заспаа на пола чекање.
     
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    Со клима, ама џабе е и клима на пеколот, особено кога стоиш во место. Плус бебе кога ќе списка морам надвор да го извадам, а таму на граница кај што нема ни малку сенка страшно е богами
     
  15. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    4.426
    Пол:
    Женски
    Ние на враќање патувавме во најжешкото, во 10 и пол по грчко тргнавме за назад, пекол беше, 33 степени ама жешко јас не осетив искрено...а немаме некоја којзнае каква кола...вие од Скопје имате проблем на граница, на Битола искрено многу гужва нема...на одење чекавме некаде 40 тина мин а на враќање за 20 мин поминавме
     
  16. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Педијатар на прв крак знае некој каде има? Да се спреми мама паника, за не дај Боже :D
     
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    19.185
    Пол:
    Женски
    Како ги транспортирате лековите? Повеќето треба да се чуваат во фрижидер.
     
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    Имам мини фрижидерче, како несесер големина и со мини патрони.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    10.080
    Во фиоката кај нозете на совозачкото седиште дува климата и разладува. Ако имате таква опција во кола можеш таму да го ставиш несесерот.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.256
    Допаѓања:
    2.781
    Пол:
    Женски
    Кои лекови ги чуваш во фрижидер? Јас само сирупот. Да не сум испуштила нешто.
     
    На no name5 му/ѝ се допаѓа ова.