Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.041
    Допаѓања:
    19.934
    Пол:
    Женски
    Бејбитолот, пробиотикот, пливит. Во принцип сите се чуваат на температура под 25 степени, затоа најсигурно ми е во фрижидер. Дома не е константна температурата, знае да е и над 25 најчесто.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    Бејбитолот се чуваат на температура од 15 до 25 степени. Тие не би ги ставала во фрижидер. Другово да, се е до 25 на собна па во соба кај што ни работи климата обично седат во кутија. Се надевам ништо не им е :)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    7.660
    Пол:
    Женски
    Ве читам вие што одете за Грција преку Гевгелија, зошто не извртете од кај дојран. Нема таква гужва. До кај 5ипол гледајте да можете на граница да сте. После тоа и таму се прави гужва но со некој си пола час чекање не е како на Гевгелија. И од таа страна е добар патот и спрема кавала, и спрема солун или долу катерини. Побавно се вози дури да се качите на автопатот но во споредба со гужвата што е на граница од кај Гевгелија мислам дека подобра опција ви е.
     
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.320
    Пол:
    Женски
    Ние одиме преку Гевгелија зашто одиме многу рано и никогаш не фаќаме гужва. И така ми одговара за децата да спијат. Ако тргнеш рано никаде нема гужва.
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.041
    Допаѓања:
    19.934
    Пол:
    Женски
    Не давај такви идеи, после за нас ќе е гужва. :lol:
     
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.007
    Допаѓања:
    40.325
    Пол:
    Женски
    Ама во 5-5:30 и на Гевгелија нема гужва. Во понеделникот за 25-30 минути ги пројдовме двете.
     
    На bella12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.965
    Колку рано е најдобро да се тргне?
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.320
    Пол:
    Женски
    Па во јули пример 2h тргаме дури последниот пат почекавме пола саат на граница, има гужва и на автопат и на граница. Сега за во септември и јас се мислам како да правиме ама сигурно до 3h најкасно. Големиот веќе не ми е толку проблематичен ама малото почнува да го фаќа сафра, мора да спијат.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    6.716
    Во недела тргаме за Полихроно, се надевам дека не одиме многу касно и дека нема д ани се расипи времето. Во принцип во Грција е топло до септмври ама од кај знаеш:| Со мало дете 2 и пол год тргнати плус јас со стомакот, да се молиме да е топла водата. Знам за плажите дека биле убави, бистра вода, ситен песок. И околу тука се Пефкохори и Ханиоти блчиску ни се со кола за 10 минути.Маркет имало во близина. Јас ќе си носам се од лекарства не мислам таму да трчам по аптеки ако се деси нешто. Не дека не се снабдени туку јас сум паничар и сакам на сигурно да одам. Пола торбица ќе наполнам. За јадење за малиот од тука исто ќе земам тоа што јаде секој ден, тоа што можам да земам. Останатото таму ќе се купи.
    Баш ќе споделам како сме поминале за тие што сте со помали деца да знаете дали има нешто интересно и за нив. Ко што гледав по слики има паркови, лулашки, количиња.Ќе видиме.
    Денеска останува уште да се пуштат машини, утре да пеглам и да се пакуваме полека.
     
    На DaisyD, MissChievous и sani99 им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.965
    Ете кого ќе прашувам. :wasntme: Ние ќе одиме во Полихроно тек на 17ти, кој знае какво ќе биде времето. :sweat:
    А мене веќе ми здосади од лето, сакам есен. (facepalm)
     
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.320
    Пол:
    Женски
    Убаво е Полихроно, има маркети, пекари, оние со камионите со овошје поминуваат исто како секаде, гиро имаше преубаво кога бев, не се сеќавам за деца што има тогаш немавме деца и не обрнав внимание. Ханиоти и Пефкохори исто се убави, идете прошетајте.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    6.716
    @MissChievous На 17ти септември ќе одите?:o Јас па мислев ние закаснети сме. Со мало сте?
    Да се надеваме на сите дека ќе ни биди таман времето:f::sun:
    И јас есен многу сакам и во есен сме родени и јас и синко.
    @Jana06 периодов само овошје јадам и претешко ми е било какво месо ама едно, две гира ќе лапнам:Dради зачините де, си сакаме пикантно со мешко.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Искуство со одмор со бебе од 8месеци во Вурвуру? Гледам има некои интересни сместувања, се мислам да уплатам
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.965
    Ќерка ми на 10ти ќе полни 2, и повеќето понуди се поклопуваа со роденденот, па затоа така доцна ќе одиме (а моравме септември, годинава така ни падна одморот).
    Сите велат цел септември дека е баш топол, така да, мислам дека ќе биде океј.
    Инаку, имам летувано во Полихроно, така е како што велите ти и @Skyler, сè има.
    Убав помин! :hug:
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.320
    Пол:
    Женски
    Јас сум била од 13ти ама појужно и беше претопло, немаше многу гужва, морето преубаво. Најубаво е за одмор септември.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    18.276
    И ние сме од тие што ќе одат во септември. На 12 тргаме. Мм стиска палци да е топло,мене ми е сеедно не мора да се бањам ќе уживам покрај море.
    Инаку ми пиша газдарицата преземање соба 14и30 напуштање 10и30. Кај сите ли е вака?
    До сега одевме кај една жена неколку години по ред,ни давала и во 12 соба и порано ако немало гости.
    Оваа ја замолив фино ради бебето ако може порано,ми стави лајк (facepalm)
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.007
    Допаѓања:
    40.325
    Пол:
    Женски
    Ние дека преку букинг најчест резервираме, скоро секогаш чек аут 11, чек ин 14 (официјалниот). Ама ако се пријавиш и порано најчесто околу 12 не пуштале внатре
     
    На Sofi.ja и Skyler им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.513
    Пол:
    Женски
    Мал апдејт на некого може ќе му е од помош ако сеуште се мисли каде да оди на одмор.
    Моментално сме во Порфи веќе 5 дена и сме пријатно изненадени од хотелот.
    Не очекувавме нешто wow, сепак ресортот е доста солиден и идеален за родители и деца.
    Собите се чисти ништо посебно но сепак културни, ресортот е ок за трчање на мали деца, имаат лулашки и такви занимации, има бар и таверна. Појадокот е како и сегде во Грција ништо посебно но сепак ок.
    Хотелот е преблиску до Никити, така да за пазарање и шетање има каде да се отиде.
    Плажата не не бендиса баш, уште коа уплативме и на слики ја видов знаев дека нема да е по наш вкус ама затоа со маж и малата секој ден идеме по др плажи иако Ковиу ни е од секогаш фаворит и најмногу сме таму.
    Водата е топла но има 100 саати одење за да стигнеш до длабоко што ја лично не сакам а има камења големи во вода.
    Но, ако некој не е по шетањето и оваа плажа од хотелот ќе му заврши работа. Лежалките не се наплаќаат за гостите а ако сакаш не ни мораш да нарачаш пијачки.
    Комарци нема, барем мене не ме искасаа.
    Се на се хотелот ептен го бендисавме доста е пријатен и убав а и вработените се љубезни.
    Топло го препорачувам пошто за деца е измислен, се е на дофат и воопшто нема потреба да се оди негде ако не ви се оди.
     
    На Mucika и DaisyD им се допаѓа ова.
  19. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    4.625
    Што те интересира? Имам пишувано на темава за Вурвуру. Лани бевме кога беше 8 месеци.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Ние бевме во јули вурвуру поминавме многу убаво. Сега за некој ден пак ќе одиме исто вурвуру. Првиот пат https://www.booking.com/hotel/gr/la...23;srpvid=40fe5c6a15fa00db;type=total;ucfs=1&
    А сега
    https://www.makisnest.com/#:~:text=Makis Nest is a family,direct access to the Beach.
    Воглавно сите смештаи се убави со големи дворови средени. Ако те интересира друго прашај. Дека ќе се одморите убаво сите тоа ти е сигурно а за шетање одевме Никити.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.