Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Фала ти ептен. Некако се мислев дека нема во близина болница, не е баш некое раздвижено место, ама подобро да е тивко да одмориме, се е блиску со кола. Со комарци како е? Инаку уплатив за таму, мислам дека ќе биде убаво. Најубаво да си поминете и вие!
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    4.625
    Не му ја мисли толку за болница. И дома кога сте сигурно не гледаш да си до државна клиника. Комарците се променлива работа, некогаш ги има многу некогаш не толку, ама дека некаде ич нема комарци не очекувај, ќе се ѓачкате и вие и бебе.
    Мојата тогаш рано заспиваше и ние навечер ич не ни шетавме. Ќе си земевме во соба јадење пиење и на тераса си седевме.
     
    На Razvigorec и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  3. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Местото ептен ме бендиса. Тивко,мирно и има преубави плажи да се прошетаат. Комарци има како и секаде во Грција ќе си земете нешто за комарци секако.
    За болница никогаш не сум ни помислила одиш на одмор нели не тргнувај со таква мисла. Фала ти и вие убаво да си поминете.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    4.807
    Искуство со вила Ставрос во Неа Каликратија? И како е општо местото за со едногодишно дете?
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.965
    @firequeenn како поминавте во Полихроно?
     
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    6.716
    @MissChievous
    Многу беше убаво,Водата топла,бистра да ти е милина да се бањаш. Јас со меше малце поосетлива, ми беше таман што значи на другите уште повеќе би им годела. Е сега малце поголеми камења имаше и треба да се внимава да не се лизне или да се изгреби човек ама тоа е. Имаше и дел со исчистени камења па можете и таму да се бањате,не беше далеку. Исто имаше и морски ежови што беа прилично блиску до обала и нив треба внимавање.
    Има големо шеталиште кое е убаво да се шета навечер. Осветлено, пицерии ресотани се на едно место е. Има два големи маркети базар и керфур. Во керфур ептем фин касиерот нонстоп гратис мастики ни даваше и само таму си пазаревме со синко.:D Цените на продуктите скоро исто ко кај нас беа само млечните продукти им беа поефтини од нашите.
    На шеталиште скоро секоја вечер имаше некоја група што свири, тоа ми се допадна.
    Во местово сретнав доста Срби,мислам дека 90 посто беа Срби. Дури и персоналот вработен по локали им беше со Срби.
    Има и посебен дел за деца како игрална им е тоа, количиња возови,се има.
    Има една плажа кај што го носат помали дечиња Паљури се вика со многу убав песок е. На синко многу му се допадна.
    Генерално тоа е тоа, прашај нешто др ако те интересира.Убаво да си помините и да ви се погоди времето да е убаво.
     
    На sani99 и MissChievous им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.965
    Фала на деталниот одговор, мило ми е што супер сте си поминале. :sun:
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Ве молам предложете ми хотел во Србија со бања. Сме оделе повеќе пати сокобања ама хотелите се без мали базени за деца. Имате ли предлог било каде само Србија да е? Фала
     
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.275
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    Краљеви чардаци во Копаоник. Има цел посебен дел за деца, плус и игротека.
    Малце скапичко е годинава ама ако не ви се проблем финансии, супер избор е.
     
    На Razvigorec и sani99 им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    18.276
    Види Врњачка бања
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.780
    Допаѓања:
    17.758
    Пол:
    Женски
    Од кога може да се бањаат бебиња во базен? Се мислам да одиме на Златибор бебе е 4месеци или да почекам до пролет?
     
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.320
    Пол:
    Женски
    Ги бањаат од мали ама јас не би. За мене не ми е сеедно, ги избегнувам колку можам, а не за бебе.
     
    На Coco31, Bebence29, Sofi.ja и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    2.858
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на базен со хлорирана вода мислам да почекаш, а до кога тоа од тебе зависи.
    Ако се работи за базен со топла минерална вода односно некоја бања тогаш можеш.
     
    На Razvigorec и Carolin. им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.510
    Допаѓања:
    201.494
    Пол:
    Женски
    После година, па и повеќе. Термални води не се за бебиња, особено топли, лесно се прегреваат.
     
    На H.VAGA, Razvigorec и Carolin. им се допаѓа ова.
  15. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.645
    Пол:
    Женски
    Пред 2 год не сум ни помислила во базен да ја ставам. Бебе од 4 месеци ни под разно, нема никаква корист од базенот, можеш само проблем да направиш.
     
    На H.VAGA, joy1 и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.609
    Хотел Сунце во Сокобања си го видела? Мене ептен ме бендисува,мислам дека има и базен за деца .
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.780
    Допаѓања:
    17.758
    Пол:
    Женски

    Епа тогаш ке чекаме пролет за шетање на планина, фала ви :inlove:
     
  18. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Ние лани бевме сокобања ќерка ми беше една година не ја бањав плус термална вода е. Оваа година е две години ќе ја бањам.
     
  19. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Сум била во хотелов не е нешто поготово не во зимскиот период. Големиот базен и базенот за деца е на отворено внатре има два помали базени. Исто и во сокотерме сум била таму па нема ништо за деца ни игротека ниту базен за деца. Оваа година гледам врњачка бања има хотели поприлагодени за деца.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    4.225
    Зошто? Искрено ме интересира.
    Не сум во Мк и тука има baby swim часови во хлорирани базени, дозволени се за бебиња над 6 недели.
    Навистина е интересна активност. Ние бевме на такви часови и продолживме потоа да си одиме на базен, еднаш/два пати месечно, бебуш ужива во водата.