Дали некој одел во камповите во Грција? Слушам пофалби а не знам од кај да почнам со потрага. Ако имате некој предлог пишете
Camping Castello јас и мм бевме пред да се земеме, сеа се мислам и за со бебо да закажам. Многу ми се допадна.
Ние бевме во Камарес, природна сенка со големо дрво прв пат таква сенка во Грција начекуваме.Имаше и лежалки од самото студио ( и годинава здравје ако се е ок планираме и со бебе плус тука ) Исто и бич бар имаше ама немаше нешто посебно во него ( ние само сокчиња за малото земавме од таму ) Ние не шетаме навечер ама мислам малце пусто е, една улица е само со стандард пицерија, маркет, гиро. Никити е на окулу 15мин со кола за шетање. Маркетот беше ок. Не преголем ама имаше доволно работи
Апсолутно нема ништо за шетање во Вурвуру. Ни тротоар нема саглам на некои места, нема шеталиште, маркети 2-3, таверни исто толку, на прсти се бројат, не дека нема каде да се јаде има убави локалчиња, ама местото е само за лежење, не е за шетање навечер. Ова ти кажувам за да не се разочараш, пошто мислам сакате да шетате навечер. Мојата и првата и втората година до 8 во кревет беше па не ми беше битно шетањето. Вредат смештаите во прв ред пошто сите се со природна сенка, со приватни плажи, реквизити за деца, дворови огромни и сл. Камарес е супер иако не сум била, стално било фул букирано кога сум барала. Во прв ред мислам дека нема кој нечини, за нагоре да се сместиш мислам дека не вреди. Навечер може во двор поголеми деца да се истрчаат, а и полно е со други деца така да друштво сигурно ќе си најде, а Никити може да се шетка преку 1-2 вечери ако имате потреба од такви шеталишта. Ако бирате мир, природа и легачење тогаш Вурвуру, ако сакате подинамично тогаш одете на друго место.
Ние во Блу Дрим во Сани супер беше задоволни само ние бевме од 1 август и беше преголема гужва, за годинава го меркаме Уозони камп пред Неа потидеа ѕирни го на YouTube имаш убави видеа.
Сто пати се мислам и премислувам. Сакаме оваа година да одиме на Ситонија. Досега еднаш сме биле, во Никити бевме сместени и топ ни беше погодено и сместувањето и самото место. Ни се правеше кеиф за Арменистис или Кастељо, ама цената за сместување иди скоро дупло поскапо од апартман прв ред во Никити. Со оглед на тоа дека сме со кола, не ни смета ако возиме, ама мислам дека е полесно денски да возиме за плажи, отколку навечер за шетање. Па заспале деца по пат, па се разбудиле, плачки, неспиење....фобија имам од power nap в кола А да, важно ми е да има кај да прошетаме, да каснеме, да пивнеме, да не е ептен мртво местото. Како е на Камарес? Доволно е пространа плажата, има лежалки за изнајмување?
Ние бевме сместени тука. На грчка инфо и никана најбаран смештај е овој. Во јули баравме за септември, немаше ништо слободно, па ако ти фати око, резервирај порано.
Плажата е доволна за тие што се сместени таму, сепак е мала куќа на 2 ката и на поткровје има еден апартман како што знам. Спомнав дека има лежалки од самото сместување што не се наплаќаат, што се под дрвото и окулу дрвото, а до нив има и бич бар со неколку реда лежалки. Морето е плитко, доволно да го пуштиш само детето на почетокот, да си игра да си полни кофа и слично. Ние бевме 2 недели и ниту еден ден немаше бранови. Прошетавме и до Кариди ама таму ни беше само нервози бидејќи самата плажа е со карпи и без лажалки и трчавме како улави по малото, и првиот момент си заминавме. Инаку да, ние не шетаме навечер и не сме луѓе кои шетаат по плажи, па затоа и ни се погоди овој одмор. Нас перфектен одмор без деца ни беше во Врахос Пензионерски одмори правиме
Хм, што да ти кажам, мртво е, по мртво не може да биде . Псакодија е пожива од Вурвуру. Види, има луѓе, не дека е село на духови навечер, ама нема шеталиште, нема флипери, нема колички за деца со жетони, нема продавници џиџимиџарници. Места за јадење и пиуцкање има дури и преполни се. Што толку сте се запнале да акате па вие . А и ако си во камповиве, пак навечер нема кај да шеташ, ќе треба кола да палиш. За плажи шетање од секаде можеш да одиш ама ако сте биле во Никити не сте ги прошетале веќе плаживе на Ситонија? Сарти и надоле не сум била, од другата страна исто до Мармарас само, надоле не. Порто карас да видиш евентуално дали то фаќа око, мои луѓе ми го испофалија и многу се позадоволни него од Лагомандра, ако ви доаѓа предвид ресорт место апартман. И ова види го ама глејте место за мене да оставите, ги користат сите објекти од кампот. Спојлер Villa Mersinis над Кастело е, наши ја работат. Исто така, маж ми почна да го хејта, ама јас многу си го сакам Порфи и од таму се шета Ситонија. Во принцип јас бирам да имам убава плажа пред мене, па ако ми здосади да одам на други, а не по секоја цена да морам да шетам преку ден. Лани го јадев стапот со шетање на плажи, мене ми е по проблематично преку ден ако не отспие како што треба. Додуша на Тасос бевме и плажите не се баш на пола саат и мини хорор беше ако не отспие во кола доволно или не успее да заспие на плажа. Затоа си сакам плажа во двор, за дремка да можам да си ја качам во соба ако не ми се шета. Ама затоа па навечер немав гајле и да заспие во кола после шетање и да се разбуди си легнува без проблем. Лежалки во Вурвуру јас не сум платила до сега никогаш, сегде имало, последно 2022 бевме.
Гледам прашувате за Никити па да споделам со вас нашиот смештај од јуни минатата година. Многу пристапни цени и жената беше ептен фина и гостопримлива. Е сега нам ни се погоди многу убава соба на 2 спрата, до нас приметив мислам спратовите беа посебно, односно две соби беа, во тој случај ќе се сигурно многу тесни собите. Може и да си тражете креветче за бебе, ние добивме транспортно. Локацијата беше супер, и до центар и до плажа пешки одевме. https://www.booking.com/Share-joZazz
Непосредно пред вилата е како поделена плажата-пред и лево од вилата е јавна, десно паралелно со шеталиштето е приватна. Точно пред вилата не е нешто најдобра, јавната 50тина метра полево е одлична. Не можам да седам на една плажа, сакам да шетам. Секако не по 2ч во правец да возам, освен ако не е нешто да падниш во несвест. А навечер сакаме да шеткаме и да има за сите по нешто. Лани бевме Сивири, лудило ме фати. Мислам, плажата песочна, водата чиста, има место за четкање, флипери, ресторани, таверни, ама не е тоа тоа. Додуша и јас трудна бев, крај на јули бевме, можда и тоа си придонесе, ама мене ми беше мачилиште тој одмор. Во Никити бевме преклани, од плажите ги посетивме само Лагомандра, Лагониси, Калогриа, Ковиу, Елиа, Агиос Јоанис и Трани амуда. Сите преубави, ама Трани амуда се издвојува од сите и верувам дека плажите од источната страна или како и да доаѓа страната шо гледа кон Атос се далеку поубави од тие на другата страна. Предлог сместувањето не ми фати око. Којзнае како ќе биди и кај нас, две деца, различна возраст, со дремки или без, со спиење на плажа или не...ќе биди весело Тасос беше желба на маж ми за лани, ама многу далеку е некако, не ми фаќа умот за таму, иако стои во план за некогаш. Убаво изгледа, може да се земе во предвид.
Не е така далеку колку што изгледа. Незнам во км во моментов ама временски е исто како до Никити. Патот е супер и нема да зажалите воопшто. За Тасос супер сместувања имаш на никана
Нема такво место живо на источна Ситонија. Ама тотално вредат сите тие плажи ако не сте ги поминале. Родниниве што ми живеат Азија викаат исто ко на Пукет . Ако не сте биле одете ама намали си очекувања да не ти биде како во Сивири . Море далечку е, не знам дали се годините или ме измачи малата по пат ама напорно ми беше. Инаку е преубав за шетање, мал, компактен, нас не ни се погоди времето, дефинитивно пак би одела.
Мајки кажете некои tips & tricks за зимување со бебе. Планираме на почеток на фебруари тогаш бебето ќе биде 5+++. Сакаме баш на скијачко место како Боровец, Копаоник. Од денес ќе почнам со вкусови па може и ќе јаде оброк до тогаш, дали да земам некои готови кашички или да правам таму? Некој искуства да каже со бебе на такви локации
Да, знам дека на никана седиштето им е на Тасос и имаат убави сместувања. Кое место е најдобро за сместување? Да е живо Гугл мапс вика 2ч разлика Битола-Тасос и Битола-Никити плус траект.. Спојлер Немој да е ко Сивири
Можеби, затоа реков незнам во км како е разликата, ама мене ми се чини дека побрзо се стига него до никити или неос мармарас. Момеби затоа што е автопат а за на крациве се исккучуваш, па нас тамо обично гужва не фаќала и подолго сме возеле. Лименариа, Потос и Тасос се поголеми за шетање. Ние целно отидовме на мало место Скала Марион зошто сакавме да шетаме, ама тогаш бевме со поголемо дете 4 или 5 год и по цел ден дремевме на плажа. Пахис плажата ни беше врв на нас