На 3 минути пешачење од стазата бевме сместени. Предност за со количка беше што немаше нов снег, беше само доста замрзнато затоа бебе строго во количка ако паѓаме .
Размислуваме на еден ден на санкање да го однесеме поголемото,препека за снег ама кога одиме фамилијарно ќе го носиме и малото. Има ресторанче,кафич близу стазата? Никогаш не сум била на Пониква.
Па и ние заради поголемото дете највеќе а и за нас малце . Бевме сместени во Изгрев блиску е како што ти кажав. Има и ресторан во склоп на мотелот и за гости од страна е само јави се за резервација многу беше гужва викендов а следниов потопло дури ќе биде башка и продолжен. Не е нешто најидеално за со бебе ама таму се ослободи соба. За малку на снег и ручек мислам ќе истераш со бебе. Не се оние редици коли како на Шапка.
Вурвуру! Предност е што е многу мирно, нема шеталишта и разно разни звуци како другите места, плажа има совршена за мали деца и бебиња...а негативна страна е што нема шеталиште и секаде се оди со кола
На Пониква многу е добар хотелот Магнолија. Скап е за спиење за наш стандард, но доколку не се сместите таму можете да ручате во ресторанот. Широк е за со количка, масите се доста одалечени има преубав поглед и храната е супер и евтина.
Имаш на самата стаза (на помалата, зошто малку погоре е прострмната) ресторанче. Јас сум била само во Магнолија ресорт ама само во ресторанот. Мислам дека лани е отворен хотелот, убав е нов има и игротека што може да се користи и кога се посетува само ресторанот.
Хотелот Магнолија е стварно добар и како што ти кажаа имаш место за со количка со бебе баш да се опуштиш ама е подалеку од стазата за скијање/санкање
Јас за тој Магнолија само лоши работи слушнав вака од блиски што беа. Сакавме и ние да идеме ама 150евра ноќ, за доручек да има само јајца, ручек да чекаш саат ипол и да не го добиеш, нељубезен персонал, се откажавме. Може се оправиле малку, ова последно што слушнав беше летото.
Го гледав лани за зимување,ептен се прецениле мислиш на Алпите се наоѓаат. Тогаш не ми одговара,ќе ми одговара нешто во близина на стаза,за да може да се менуваме со мм еден со големото дете надвор,па друг со бебето внатре. А како што има најава за снег во сабота, ќе си најдеме некое ридче и во Скопје
Ако ти е за преспивање апартмани Костески се најпогодени ептен се до стазата. На самата стаза имаш едно мало ресторанче/бачило за кафе, сок, чај и пица колку да се прибереш внатре. Инаку и јас лани бев прв пат и нема нешто да се шета баш, неколку кафани што се раштркани лево десно и толку. Нема продавничка ништо. Нас мн ни се допадна ресторан Преслап ама за таму треба кола да запалиш тој е малце подоле
Бевме ние пред нова година на 1 ден. Супер пројдовме. Има и санки за изнајмување 200мкд цел ден, не мора да носите. Има ресторани за ручање. Ама земете кеш, ресторанот на стаза не прима картички
Фала. Уште цените пореални, таму ке одев. Не најдов ништо под 80 евра. Ако е 70, тогаш намештај од 60ти години ке е.
Нема евтин смештај таму. Во јуни плаќавме 100е, во јули 150е. Општо е скап вториот крак, дури и камповите се скапи.
Да, и Вурвуру е такво место со тие цени. Не сме шетале на втор крак. Ама од причина што сакаме повеќе време да сме на море, барем 3-4 недели, смештај од 100 евра ноќ ни е прескап. Плус ние во смештај само спиеме, излегуваме во 9, се враќаме во 7. За бањање и спиење не ми се плаќа таа сума. Во смештајот ни доручек ни вечера, ни пак ручек правам. Пред 1 крак има една плажа која ни ги задоволува критериумите, и годинава таму уплативме.